1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. bebco90

    bebco90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Мајки вчера бевме на лекар и малата има бронхит (малку спуштено од десна страна), а многу малку кашла. Докторката не ни даде никаков антибиотик и ни рече да се потрудиме самата да го исфрли шлајмот. Температура имаше вчера, денеска нема. Да напоменам претходната недела многу кашлаше, а сега кашлицата е смирена. Не ми е јасно како при бронхит не кашла. Некој да сподели искуство како да го исфрли шлајмот сама, за 2 ипол години дете се работи.
     
  2. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.137
    Допаѓања:
    17.537
    Моето ни кашлаше, ни нос течеше, ниту темперарура. Од нигде никаде направи опструкција. И ја се чудев.
    Нас ни дадоа инхалации за 3 дена се среди.
    Можеш да ставаш зелка толчена со мед на градите. Исто лојот од гуска го фалат мн, ама немам искуство.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.766
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Пробајте со лој од гуска, во млекото и ќе мачкаш на градите, ќе го завиткаш. Можите и со инхалации ако ви седи. Тапкај го малку по градите, сепак мислам од антибиотикот ќе се исчисти.
     
  4. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.590
    Допаѓања:
    48.963
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми има као мозолчиња или слично како кокошја кожа на лактите и раменцата.
    Сега гледам појавува и на нозете.
    Некој да не има идеа што може да биде, што да се испитува?
     
  5. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    17.351
    Пол:
    Женски
    Што можам да дадам за сува кашлица?
    Дадов мед, бел слез, прополис прснав, друго што да дадам, буквално не престанува да кашла
     
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.692
    Допаѓања:
    144.987
    Лоратадин или било кој антихистаминик.
     
  7. Lizi

    Lizi Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    1.393
    Пол:
    Женски
    Да не е атопичен дерматит?
     
  8. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.590
    Допаѓања:
    48.963
    Пол:
    Женски
    Не воопшто не ппцрвенува и не се влошува состојбата.
    Ситни мали брумчиња ае по задниот дел на рацетс до лактите, а сега на нозете почнаа.
     
    На Lizi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.113
    Допаѓања:
    8.227
    Пол:
    Женски
    Истото го имаше и син ми, се влошува при промена на сезоната ама цело време ги имаше, како расте малку му се подобри...
    На истите делови од телото му се и исто како што ги опиша.
    Во најлошите случаи му се појавуваа и на образите до ушите и на ушните школки..
    На дерматолог ни рекоа дека има сува кожа, атопична. Бидејќи му се влошуваа од некои средства за капење ни рекоа да купиме маслен раствор за капење, т.е. гел за туширање за атопична кожа со омега масни киселини. Со него треба да се мие секојдневно или на два дена за да има ефект. И од истата марка, после туширање да се мачка со лосион/млеко за тело. Ги купував од Еурофарм, ама сега им го имаат сменето името на колекцијата, не се сеќавам како се викаа. Во моментов користи Rilastil xerolact. Сме користеле и поефтини и тие се ефикасни, како од Ziaja на пример, само што тие не ги сакаше син ми. Му оставаше млекото за тело по нанесувањето некој непријатен мирис на кожата и облеката.

    Омега обавезно да пие секој ден.
    На син ми му помага и кога избегнува нездрава храна како чипсови, Еурокрем, ама најмногу ако не јаде чајна или друго сувомеснато.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.590
    Допаѓања:
    48.963
    Пол:
    Женски
    На нозете од напред се сега. Тврди се внатре, ако ги стиска искача нешто без везе, што би рекла ќерка ми црвчиња :rofl:, ама далеку од класична мозолка.
    Ја болат ако ги стиска.
    Такви ли се и вашите?

    Фала ти, ќе инсистирам за преглед на кожен доктор, матичната ме откачува со ,,ништо страшно".
    Да се надополнам, мојава живее на чипс, кулен....
     
    На Neda997 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.113
    Допаѓања:
    8.227
    Пол:
    Женски
    Да, како брунчиња ама ситни и немаат загноена глава.
    Нека не ги стиска, не се класични мозолчиња, и деловите на кои се појавуваат се многу меки. Ќе ги влоши само. Може од сувоста на кожата да чешаат понекогаш, особено на лицето го чешаа и се вцрвуваше.
    На надлактицата одзади и на надколениците од предната страна. Се обично

    Фрлај куленот и чипсовите!
    Верувај, престанав да ги купувам скроз. Еден месец без нив и веќе се подобруваа.
    Сега е поголем, 14 има и се контролира и самиот. На почетокот бараше ама не му давав да купува.
    Порано немаше мерка колку јаде од чајната.
    Токсините од храната излегуваат низ кожата.
     
    На Neda997 и Eli23 им се допаѓа ова.
  12. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.590
    Допаѓања:
    48.963
    Пол:
    Женски
    Леле исто, дури и желудникот го расипа од таа храна, ама не, не се опаметува.
    Единствен начин е да фрлам се, да забранам и на другите да купуваат. 7 години е мојава, до сега не разбираше, ама веќе се свестува за надворешен изглед, симпатии итн.
    Се надевам ќе ме сфати дека не е добро пред се за здравјето, па потоа од др причини.
    Ако можеш пушти ми слики во лп од козметиките.
    Дали се на природна база истоте или ми треба консулатации со дерматолог за употреба? Ако се водат како медицинска козметика, не би сама да поставувам дијагноза.
    Ако се на природна база, не губам ништо ако пробам, секако.
     
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.113
    Допаѓања:
    8.227
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2022-11-27-01-48-52-323_com.android.chrome.jpg
    Не ми даваше во лп да ја поставам сликава. Ама еве ја тука, може и на други ќе им се најде.

    Од аптека се, ги има во разни аптеки.
    Мислам дека нема штета да пробаш, зошто се многу нежни, не пени многу. Само да знаеш дека се скапи. Зависно од марката се движат од 8-900 денари па нагоре. Рачунај околу 2000 денари ќе ти требаат за гел и млеко заедно.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    12.099
    Пол:
    Женски
    Интолеранција на глутен.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lizi

    Lizi Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    1.393
    Пол:
    Женски
    Вака како опишуваш, местата кај што има црвенило, на тоа ми личи, знае во сите форми атопичниот да се пројави.

    Јас би дала антихистаминик, и би мачкала со по мрсна крема, се крстам на Еуцерин - смирувачки крем , им проаѓа за ден и пол :), од утре по лекари.

    Со лесно! ♡
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.350
    Допаѓања:
    38.099
    Пол:
    Женски
    @Lizi зошто антихистаминик за кокошја кожа (keratosis pilaris)? Многу честа кожна појава е, најчесто е наследна, кај нас има синчето, мажот ми и свекрва ми, некогаш може да е од нетолеранција на глутен. Не е алергија.
     
    На Eli23, Skyler и Annath им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.294
    Допаѓања:
    200.467
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од антихистаминик, и јас сум од мала со таква кожа, а на другите делови ми е екстремно сува, но не ми се прават лишаи како кај атопичари.
    И не секогаш влијае исхраната, јас како дете јадев исклучиво домашна храна, не јадев чипсови и сувомеснато. Додуша не ни имаше тогаш да се купи како денес. Кожата е едноставно таква, може да биде знак на интолеранција на глутен, но не мора да значи. Според мене е знак на сува кожа, ништо друго. Бар моето искуство е такво.
     
    На Cosmic Girl, Eli23 и Skyler им се допаѓа ова.
  18. Lizi

    Lizi Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    1.393
    Пол:
    Женски
    Ако е кокошја кожа, не знаеме што е,

    Нејсе, пишав јас што би правела во оваа ситуација врз моето искуство со атопична кожа кај двете дечиња (ако е атопичен) .

    Антихистаминик да се исклучи алергија, во недела, да се издржи до утре.
     
    Последна измена: 27 ноември 2022
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.294
    Допаѓања:
    200.467
    Пол:
    Женски
    Ако е алергија, на раце и нозе би се појавила како уртикарија во тие делови, а не како ситни бели точки. Оти алергиска реакција во вид на осип ќе се појави по цело тело, ама може и по одредени делови, најчесто лице, гради и стомак. На раце и нозе самостојно не баш.

    И јас имам дете со атопична кожа, промените не се такви, а кај големиот син има исти такви ситни точки на горниот дел на рацете до лактите и на бутовите до колената. Не правам ништо посебно за третман, само бањање секогаш со поладна вода, мачкам бебешко масло на влажна кожа и толку.
     
    На Cosmic Girl и Eli23 им се допаѓа ова.
  20. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.590
    Допаѓања:
    48.963
    Пол:
    Женски
    Не, не, не се исфрли наеднаш за да сомневам дека е алергија.
    Подолг временски период ги има, него само итнава група ја најдов да прашам.
     
    На Lizi му/ѝ се допаѓа ова.