Исто е и моето, бимунал јас му дадав никаков апсолутно ефект, докторот ми рече да му давам бронхо ваксум тред ден ни е ова па ќе видиме. Само самав да ти пишам дека не си сама и дека не е само твоето дете со градинкиве постојано болно, јас немам пиено толку антиб колку што има испиено детето од септември како е почнато
Извини, но може треба да побараш и друго мислење, можеби за секое разболување не треба антибиотици. Не прави грешка како мене. Јас мојата не ја носам кај лекарот каде што ја носев.
Моето е 17м па се надевам дека ќе тргне наскоро пошто ќе нема кој да ја чува. Уште од сега имам страв во коски.
Мајки имам пишувано на темата керка ми долг период се жали на стомак Во Мк бевме секаде и приватни и државни и крв и ехо се испитано ми рекоа нема за што да се грижам нема ништо Пред 4г е оперирана од кила и од тогаш е на Сонтром има генетски мутации Сега сме во Германија и овде бевме на лекар реков дека често се жали на стомак ја проверила само така без его рекоа нема ништо се е бо ред Оваа недела нема ден а да не се пожали,денес ме побараа и од училиште дека ја боли стомак детето се вие цело плаче незнам што да барам овде кај да ја носам Болката и на средина околу желудник ја боли без прекин и со појаки и послаби болки Ве молам ако некоја имала вакво искуство
Јас имав страшни болки кај желудникот од камења во жолчката.Е сеа она е мн мала не знам дали може да е од тоа.Дај Боже да е се како што треба
Два пати завршивме во викенд во доцните саати на педијатрија, таму стапна нема шанси да не ти препишат антиб со направена обичка крвна слика, во паника сум дала- не сум доктор може стварно требало а можеби и не требало, ама кај што мора мора, последно со висока темп, покачени леукоцити и црп 64 ни даде матичниот антиб
Испитајте за хеликобактер пилори ако е мала може да има. Исто може да има и гастритис консултирај се за антацид да дадеш пантопразол знам дека може за деца ама не знам која доза. Се надевам помогнав нешто . Зборувам зошто на едни пријатели детето иста мака имаше уште од бебе и пиеше пантопразол
Малата вчера сабајле почн ада повраќа. Бевме на детска клиника,рекоа вирус. Ни даде електролити,пробиотик и капки за смирување на повракањето. Но се што ке дадам она пак повраќа. Пак бев кај матична денес. Вика ок е,не е дехидрирана. Но она пак си повраќа. Што давате ,како да и смирам повраќање?
Два саати не давај апсолутно ништо ако не е дехидрирана. Да се смири стомакот од дразби. Ова е совет добиен од лекар за дете што повраќаше на 5 минути. Потоа можеш да даваш со лажице мало по малку електролит и вода на секои 5 минути. Ако продолжи да повраќа после тие два саати пауза (или продолжи да повраќа во текот на тие два саати) одете пак на лекар. @Neda997 нешто на база на џумбир. Во Македонија има Наусолвит капки и Локомотив сируп и лижавчиња за патување на база на ѓумбир. Во Германија не знам ама можеби има нешто слично. Или нема ништо таму лечењето е преживување на најјакиот. Дома можеш да и ставиш термофорче (или шише со топла вода) кај мешето. На мојот тоа често му помага, некогаш го боли од гасови а тоа помага секогаш (нели и на мали бебиња помага за грчеви). @mal.ecka нашиот педијатар за вирус не дава антибиотик дури и ако има промена во дишење. Во таков случај добиваме инхалаци со Пулмикорт или Кортаир (и по потреба и Вентолин ако има опструкција). Анибиотик само ако има бактерија. Секој различно. Се надевам брзо ќе бидете подобри.
@JoyJoy аууу ќути, до сега се нервирав, педијатарот е пак на одмор, не работи. Ја болеше под папокот и слепото црево таа страна, ама многу лошо ја дига цела маса во дневната,мислам дека е од тоа. И дадов за болка, и се смири.
Ако се смирило тогаш можеби е само последица на вирусот. Ако продолжи да ја боли откако ќе помине дејството на лекот за болка обавезно лекар (болка од таа страна може да е опасна ради слепото црево).
Здраво мајки приметив кај малата едното цице и е поголемо од другото, до една година и беа двете поголемки ми рекоа дека е од хормоните мои затоа што ја доев, после годината си беа све нормални но еве сега пак едната града и е поголема од другата а не ја дојам повеке има 2 ипол години ве молам за совет
Кога има болја така во стомакот обично не се препорачува лек за болка за да не се замаскира недајбоже посериозна состојба
Нас докторката не советуваше кога ќе има такви напади на кашлица навечер да му дадеме авил сируп или зиртек. И вели нека спие тој покриј го и отвори прозорецот да влезе ладен воздух. И немојте да ги греете спалните соби. Пред спиење отворете убаво да се излади и легнете ги. Кај нас тоа помогна