Ставив оперил малце е затнат и поврати, дали е можно од капките да ги голтна, поврати се шо јадеше. Или вирусот е таков
Да ве прашам на дете 9 год. дали давате сируп парацетамол затемпература или апчиња, по пола апче смее да се даде? Качи 39.5,ја избањав и дадов сируп, ама се тресе и студи нозете камен и се, покриена е со ќебе ама страв ми е уште да не качува, што да правам, одамна немала висока темп.
Скоро пиша една членка за 40кг дете и рекле дека може цело апче парацетамол. Да не си дала помала доза, па затоа не симнува? Ако се уште се тресе покриј ја со уште едно ќебе да се стопли и ќе почне да се поти и да намалува. Ако сака и една топла супа да изеде или топло чајче. Откако ќе се стопли и ќе почне да намалува пак нека се истушира. Со лесно
Не се тресе веќе сега се разголе топло и е, ама темп. тешко паѓа, за 25 кила и дадов 2 шприца,ме плаши очите и се црвени белките од темп ли е, леле одамна немала висока т
Епа готово значи нема да качува сега, издржете до следна доза, можеш на 4 саати со толку висока температура. Ќе помине, зезнати се вирусите периодов.
Мене за 20 кг дете од 6 години доктор ми кажа да давам 3/4 од апчето, кај твојата може цело апче слободно, да знаеш за другпат. Јас од 4-5 години и кај двајцата давам таблета. Ако качуваат над 39 давам сируп бруфен, ама не секогаш, зависи.
Многу да не и е цело апче за таа килажа? Ќерка ми има 29кг, половина апче парацетамол / далерон и давам по препорака на матичната, бруфен и давам едно апче од 200мг.
Мене исто матичен доктор ми кажа, баш четвртокот кога го носев малиот, ме праша колку кг има. Ако за дете максимална доза парацетамол е 15мг на кг, тогаш 300 мг е доза за 20 кг, максимална. Цело апче е 500мг, половина е 250. Мала е дозата од 250мг за дете од 29кг. Иначе дозата е од 10-15мг по килограм, кога има температура давам максимална доза, кога е за болка, може и помалку. Моево имаше температура, се спушташе сама, јас за главоболката повеќе му давав парацетамол, ама моево има историја со главоболки од мигренозен тип, па парацетамол не му помага баш многу.
Од парацетамол ретко има нагло спуштање, барем кај моиве, повеќе е тоа до бруфен или аналгин како појаки антипиретици. Со помала доза големи се шансите воопшто да не намали температурата.
Искуство со антибиотик што не помага воопшто на дете? Го пие од 13ти декември ама не помага уште е со шлаем, мрсули, а сега и пак температура крена 37,7 утре ќе ја носиме на лекар, најверојатно посилен да и даде..
здраво мајки, керка ми беше со темп до 38.5 макс скоро 4 дена,црп беше 29макс, па спуштено на 27 во рок од 2 дена и не качи повеке темп, океј беше 2 дена без темп и таман мислевме помина качи синока пак. Носена на лекар и по крвна слика и дадоа анитбиотик, ми рекоа вирус кој преминал во бакт инфекција. Има ли некој со слично искуство вака со паузи од темп по 2 дена? уринокултурс стерилна проверена, не кашла, мрсули скоро и да нема..
Зависи за што конкретно го пие? 37.7 и не е некоја јака темп ако толку макс качува, шлаем мрсули тоа може да си трае и 2 -3нед. Сепак 5 дена го пие.
Ја носевме тогаш на лекар зошто истп кашлаше, зелени мрсули , трмпература 38 ,4 имаше и ја слушаше рече има наод на б.дробови и даде Claripen. Ама сега засега нема резултати. Исто завчера се жалеше на увото дека ја боли. А уште малку има од сирупов... ќе и се јавам на докторкава утре да видам што ќе рече.
Јас кога пиев несоодветен антибиотик, цела доза испив и не помогна. Антибиограм покажа дека е резистентен на бактеријата. И кај мене на уво префрли. Претпоставувам дека и кај ќерка ти е случај.
Здраво мајки помагајте ! Син ми 4г. има продуктивна кашлица со многу шлајм,правевме вчера брис од нос и грло и чекаме резултат. Во меѓувреме премногу кашла неможе да спие, кажете некој природен лек да му помогнам да се смири малку да спие барем некој саат.
Поткрени му ја перницата, малку подисправен да биде ( нема да се слеват во грло шлајмовите и помалку ќе кашла ) . Ако имаш зиртек, цетиризин, летизен сирупи дај нешто да се подсмири. Млак чај со мед исто малку олеснува. И јас само што дадов Зиртек. Суво кашла, ларингит во најава. Аман веќе, кога еднаш веќе ќе ојачи имунитет и да не штрепам на секое подкашлување. Од септември до сега 2 пати антибиотк пие, инхалации , сирупи де за искашлување на секрет, де за сува кашлица... се така во круг!
Изгоре бебе цел ден од температура. Дури и тешко се симнува. Ем треска, се тресе од ладно, ем температура 39. Не знам дали да го расоблечам или да го затоплам??? И колку давате парацетамол/блокмакс за 11м и 11кг?