Fala ti majka. Samo sto se vrakjame od kozle. Nikako ne se smiruvase probav i so letizen i so inh. Pulmikort i gorensheker i topla voda so limon ceden i med se sto znam i dzabe toj se davese vo kashlica. Na dezurna ni dadoa inh. Ventolin i edna inekcija urbazon i odma e podobar( srekja sto resiv da go nosam na dezurna ) Ne znam sto imunitet imaat ovie deca a i vo kakvo vreme na zagaduvanja,bolesti rastat....
Ова ме буни малку, или пак има разлика меѓу сируп и чепче. Јас ставам чепче од 250мг на скоро 13 кг, и на кутијата стои дека е таа доза, 3 пати на ден. Сируп поефикасно е?
Кај мојот чепчињата се поефикасни и парацетамолот се дозира 15мг/кг, знам дека си во странство и не знам какви користиш, како си пишува така.
Еднаш на ден. На бебево од 9кг - 7 капки На детево од 23 кила - 10 капки. Немам упатство мислам дека до година се 7 капки, над година 10 капки.
Кога се тресе значи почнува да крева температура. Тогаш ќе го покриеш да го стоплиш. Кога ќе престане да се тресе го расоблекуваш, бришеш од пот, преслекуваш, мериш температура ако е 38 тогаш ладиш, тушираш. Ако крева уште даваш парацетамол 5,5мл или 4,5 блокмакс (едно од тие две) и плус ладиш со медицински алкохол и вода во сооднос од 1:1 ( во легенче една вода една алкхол и го масираш и триеш убаво. Обавезно течности т.е.електролити лажиче по лажиче полека со размак од 10- 15мин ако ти повраќа а ако не, давај му со шише.
Изгледа не смее да се надмине количината во 24ч. Сега баш видов на сирупот стои макс 20мл на ден, а единечна доза 5мл за таа килажа, што значи 800мг во 24ч. Додека 3 чепчиња се 750мг исто за 24ч Значи единечната доза на чепчињата е доста повисока, можеби затоа повеќе делуваат
Мајки како да се одзатни носето, ставам оперил, прскам марисимо и од диво оригано спреј, внатре е затнат ништо не излегува.
Има ли вирус со висока тт, 3 дена изгоре 39.5, има и повремени болки во стомак, денес и мене и малата не фати
Има нас не држеше 5дена со висока тт синко два пати го боцка а јас завршив на инфузи и еве сега и бронхит фати се искинавме од кашлајне од шлајм да не споменувам дека 3дена главата ми пукаше а 4ти месец сум бремена ужасно
Таков е вирусот. Поголемиот 5-6 дена беше со висока температура, грозница и пролив. Еве сега помалото 3-4 дена е со 39-40 температура. И кашлици со шлајм.
А крвната слика како ви беше, кај големава има ниски гранулоцити високи лимфоцити, а кај мене е обратно ниски лимфоцити високи гранулоцити
Мајки за овие вируси што зборите, децата ви одат во градинка или не? Еве јас 3 дена сум со болки во грло и зарипнат глас. Ѕверчето за сега е ок.
Мајки детето 1 год и 2 месеца со темп 38.8 и дадов парацетамол арно ама 5 мин не пројдоа се исповрати. Не мн но сепак поврати. Дали да и дадам пак и колку? Мн е рано да звонам на педојатарката
Ако го повратила целиот сируп одма тогаш дај. Ако мислиш дека не е целата доза повратена, не давај. Земи чепчиња.