Колкави се децата? Колега ми кажуваше за тој лек од млади ореви и мед дека многу му помогнало на детето негово во периодот кога имал кашлица
Бруфен може максимално трипати во 24 часа. Комбинирај со парацетамол ако дига на пократок период од 8 часа.
Ако не крева, не давам. Ако дента имал температура, и ако е кенкав и плачлив, знам да дадам пола доза пред спиење.
Мајки може совет? Детево поткашлуваше влажно цела недела,поинтензивно беше ноќта во четврток спрема петок,се појави и тт од 37. Нос со секрет, не многу растечен, погуст. Вчера на лекар го однесов, земав бројче за кај замената,чекав да почне со работа таа влегла во другата ординација, јас преку ординацијата кај што требаше да биде(таму ми рече сестрата да чекам) ја повикав од другата да дојде. Па дојде нервозна кој не пуштил таму,требало кварцна лабма да се пушти ама ај ќе ве прегледам. На преглед не искоментира ништо за гради, прочитав во картон дека е уредно, рече почеток на гнојна ангина(напишала наслаги на лева страна, јас дома не видов ништо) и одма без крвна слика,без обид за инхалации со лекарства (што секогаш прави матичната) му препиша Оспен. Кога прашав за инхалации,рече па да може со физиолошки. Малку сум во недоверба како го шлапна антибиотиков, па ако сте имале слично искуство споделете.
Има ли некој појма Драгана како ќе е неделава на работа? Упорна кашлицава па да сум спремна. И дали го има некој пробано тоа до ловоров лист,мед и лимон? Ништо не и е,ама упорно кашла, еве сабајле се откорна сега смири.
Не знам како се со смени,на 30.12 се до 18ч на работа. Исто и помеѓу празниците имаше скратено работно време од 9 до 17ч.
Мајки кога правите инхалации со физиолошки само колку мл ставате?Ставам во носето оспен,2 дена беше со температура и болка во ушето,синоќа два пати се препоти мислам вода течеше од неа и сеа е добра
Јас купувам монодози и ставам цело 5мл е. Колку направи направи. Обично гледам по неколку пати по минута две.
Многу е 5мл, 2ипол е доволно. Не за друго кое дете ќе издржи 10мин на инхалатор. Можеш да ја двоиш слободно амбуланта (тоа монодозата де).
Секако не го прави цело. Ние инхалираме се по ред по дома, она па мини, па мене, па татко и .. Ама добра е не се жалам. Битно прави. Само кашлицава сеа ме нервира.
Jas vakvo redovno za kaslica.pijam.baba mi prai ama ko sirup e i mislam deka i neso alkohol ima u nego
Покрај ваја за стомаче шо давате друго, само тоа ме советуваа да земам, можело и парацетамол ако не го поврати а чајче не пие. Имаше активен јаглен од која возраст се дава и во кој случај? Дијареа нема, само болки во стомак еднаш поврати и толку.
Болка во меше кај мали деца може да се појави и од воспалени жлезди заради инфект (вироза/бактерија). Се воспалуваат жлезди во мешето кои прават грчевит притисок и болка на црева и желудник. Малиот дури и ми има повратено во таков случај (бактерија имапе тогаш). Незнам како сте со симптоми други, мислам те читав дека имаше тт пред некој ден.
Беше настинат со темпетарура, нос растечен, во два дена некако помина, тоа беше минатиот викенд, само не испитавме кс. После се разви кашлица малце преку ден некогаш преку ноќ. Сношти и денес болки во стомак ама силни помодре дури сега е тро подобар, се најаде и се. Еднаш поврати само. Сега мислам дека некој стомачен го фати, го носев во игротека. Температура нема. И здивот му мириса некако ко на ацетон.