Малава 5г од септември до сега 100 пати болна беше. Претходната недела во неделата дигна температура и имаше 2 дена, во пон правевме кс 18 леукоцити и покачено црп (не кашлаше, не течеше нос). Матичната рече 5 дена амоксиклав да пие ради леукоцитите и пиеше. Денес вечерва накај 7,8 некако ја гледам игра легнува игра легнува и доаѓа да ја гушнам, топла. Пак ми дигна 38.3 38.7 и чудна работа заспа и сама спушти без сируп на 36.8 Сега има 37.5... Што вируси се ова, што чуда се.. Патем ми се жали пак повремено на болки во нозе (над глужд околу на целото ноџе)..
Мојава не ни одеше во градинка минатата (на боледување бев за неа) и до вчера беше на антибиотик (а пред 7 дена имаше температура два дена)... еве ја уште има, не спушти цела ноќ...
Девојки итно ми треба совет За ниска темпертаура 35.9-36.1 да носам одма на дежурен ил иво Козле? Што да превземам дома додека сум, малата заспа сега ама тт е сеуште ниска
Од што е ниска? Сте користеле скоро антипиретик? Ако мериш со бесконтактен можно е да е испотено па да покажува пониска.
Ок е таа температура, да не падне под 35 гледај. На испотено ако мериш, пониска покажува. Загреј со ќебенце и топли течности, ќе биде добро.
Мајки добро вечер.Помалата ќерка има 1 година и 2 месеци и е настината,кашла.Бевме на доктор ни дадоа антибиотик.Поголемата е 3 години не кашла,но на 20/24 часа ми крева температура до 38 со 2.Ама денес забележав дека одкако и се покачи тт едното око и е позатворено.Зошто би можело да и се затвори?До сега и се нема случено.За неа докторката рече дека нема потреба од антибиотик.Во петокот бевме на преглед...
Majki,nesto moze li da se sluci deteto mi e 20meseci proba od samponot....odma go izmiv pominaa 2h super reagira se. Sega kaci temperatura ama od nastinka e ,so rastecen nos e nekolku dena ... Za samponot sto probal dali moze da e nesto opasno?
Со каков топломер мереше? Најдобро со живин под пазуви.. овие што се без контакт не се веродостојни и ако и било ладничко, може да покаже ниско... Сум имала искуство со ниска со синчето ама по 3,4 денови висока температура без прекин и давање сируп на 4ч... и по тие 3,4 дена па нагло му падна 35 со нешто и пак беше омалаксан како за висока што беше. 1г беше и го стоплив кај мене на тело, покриени со кебенце..
Мајки може мислење секако ке се консултираме утре со матичен. Сега приметив на малата здивот и мирисаше ми беше чудно па видовме дека грлото и е како бело,до гној...освен растечено носе нема други симптоми ниту температура. Значи ли ова дека ке мора со антибиотик да се лечи? Претходно кога беше така имаше тт сега ми е чудно нормално е све освен носето 20 месеци е.
Добро само јас налетувам на ваков тип доктори или и кај други е вака? Трета недела поголемиот како тераше со кашлица и континуирано инхалации со пулмикорт. Бидејќи се работи за секрет од горни дишни патишта да сме виделе со орл, во меѓувреме да продолжиме со инхалациите. Почнав да му намалувам јас сама периодов ама секако не бива. Еве месец се направи он не престанува да кашла. Последниве денови се случува да му измерам 37.1/2 или еве сега пред да заспие мерам 37.8, стана да мочка се врати 37.3/4 за 10мин 36.8 . Претходно сто пати прашав за брис од нос, немало потреба тоа и точка (брис од грло чист). На орл сме биле повеќе пати заради ушите, пред некој месец за крајници кога прашав ми рекоа да се среди па да се направи преглед на здраво. Сега да закажувам ли таму термин, да терам сама со брисеви чуда или пак да се вратам кај докторкава (ама ќе ме кара за на орл што не сум била) Читам сите пијат антибиотик за бактерии во нос, нашава само одмавнува со глава. Го носев и на хомеопат (сега почнавме уствари ама и од таму нема никаков ефект) ма пишав дека и по грешка пиеше мед со зелено оревче ама и од тоа ништо детево си кашла и крај А штом пробам да прекинам инхалации он влошува, во последно време почна да спушта и од страв никако не сум . Туку и за алерго тест да ве прашам, треба да е здрав за кожен или нема врска?
Да не е кандида? Не е опасна ако е таа, може од нарушена пх вредност во устата да се направи... Ако е вака океј не се плаши, а утре нека го ѕирне матичен. Мојава гори, 40 температура од 20ч дига и не ни спушта под 38. За 2ч од сируп пак висока. Сега 3 поминаа она е со 39... Две другарки имам со ваква температура децата, вирус некој изгледа..
Искрено се преплашив кога видов како изгледа,а чудно ми е што нема температура за да е гнојна ангина... Дај боже да не е страшно,фала ти.
Незнам дали е ова нормално. Во 21:00 38 температура. Ај реков не и давам ништо заспана беше. Во 22:00 36.6, во 23:00 38.1. Страв ми е да ја мерам сега, инаку спие цело време, незнам дал е нормално олку да варира. Претпоставувам вирус е, ама ептен флуктуации ова. Скоро 2 години има. Некој со слично искуство?
Сама си се бори со температурата зошто се секираш? Последното разболување на син ми беше вака, 3 дена температура и само еднаш дадов сируп над 39 кога беше. Еве година дена се нема разболено, со растечено носе поминува вирози. Сега како е?