1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Цела ноќ така нагоре надолу. Уште спие сега, не сум ја мерила сабајлево, ја оставив да поспие, па ќе видиме после. Чудно ми е што толку варира, на саат време. Знаела да има температура над 38, да и спадне само од себе ама на 3-4 часа, па пак после да крене, ама ова ептен секој саат различно, има, нема.
     
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.095
    Допаѓања:
    75.909
    Пол:
    Женски
    Вака ни беше од саботата до вчера попладне... горе доле без сируп. Од вчера вечер е со 39+ и со сируп веќе 3 пати од вчера до сега... две другарки имам дечињата со ваква температура, ништо друго. Вирус некој...
     
    На Cherry79 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.349
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Женски
    Вирус страшен и тоа е.... Од четвртокот кај нас. Големиов два дена се жалеше на главоболки, па кашлица страшна па тт. Најлошо е што дете свежо, ладно камен, без никакви индикации за тт, мерам 39.5! Малово бетар, константна тт која не спаѓаше и после даден сируп. Вчера цел ден беше топол до 38, ама не дадов сируп. Сега само кашла и има шлајм. Се надевам пребродивме.
    Нема кој не е болен периодов. Страшно.
     
    На mariz и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.095
    Допаѓања:
    75.909
    Пол:
    Женски
    Еве ја уште дига до 39... веќе 4ти ден. Пола градинка биле со висока температура, па дури и родителите фаќале. Рекоа најверојатно грипот е...
     
    На LaDyDoLl и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    15.526
    Можно е да е грип,има доста грип периодов.Ние од грип сме имале и до 5 дена тт.
     
    На mal.ecka и mariz им се допаѓа ова.
  6. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Ајде и тука да си прашам.
    Откога ќе се нафрли дете со сипаници, после колку време е заразно?
     
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.929
    Допаѓања:
    40.177
    Пол:
    Женски
    Обично викаат 2 дена пред осип и додека исфрла нови. Штом почнатнда се сушат веќе не е заразно. Осипот трае 3-5 ден најчесто, ама секој случај е различен.
     
    На azelea и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.349
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Женски
    Додека се израдував дека помина, вчера малото цел ден беше добар, ноќеска пак 38. Кашла и има шлајм.
    Денес повторно ќе го носам да го види матичната. Се побудалев од оваа тт веќе :(
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Малечка Маша

    Малечка Маша Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2015
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Од среда вечер ми качи температура, четврток цел ден 37.5, 38 и сл, петок немаше ништо, од сабота вечер пак. И цело време варира, 37, па ќе почне да качува до 38.5, 39. Синоќа сама ја симна, си реков ајде толку ќе е , сабајле пак 37.7. Имаше конјуктивит, со тобрекс капки и помина, носот и е затнат, па ќе се пушти со оперил, па пак ќе се затне. Не знам веќе ми се смачи, крвната слика е океј, благо покачени леукоцити и црп, ништо друго. Матичната рече аденовироза најверојатно, ама многу време е вака.

    И баш сакав да ве прашам што мислите за тие пумпите за извлекување на секрет од носето? Јас имам фрида а имма и носко, тој што се монтира на правосмукалка. Некои педијатри велат дека не е добро да се аспирира цело време, ама не знам како да го извадам секретот. Синоќа и крв видов дека има во секретот кога вадев.
     
  10. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Јас извлекувам три пати дневно само, бидејќи повеќе не е препорачливо, така имам препорака од педијатар. Инаку фрида имам, тоа Носко за правосмукалка страшно ми изгледа.
     
    На Малечка Маша му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    2.840
    Пол:
    Женски
    Грип е изгледа. Малиот беше фатен па јас, па сопругот, сега еве пак јас со малиот пак не фати, си го пренесуваме низ дома.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.095
    Допаѓања:
    75.909
    Пол:
    Женски
    Леле ние сме арни сите дома сега за сега, а она од саботата е со температура. Од денеска и подкашлува. Не качи од сабајле навака висока... си држи 37.3 и се надевам толку е :worried:
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    2.840
    Пол:
    Женски
    Со помин да е. Ние сите заедно сите настинки ги поминуваме. Одма се пренесува.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.350
    Допаѓања:
    200.685
    Пол:
    Женски
    Со Ноското нема шанси крв да извадиш од нос, со Фридата може, оти не ја контролираш силата. Со Носко е дозирана, ако се влече со правосмукалка, башка само едно извлекување чисти цел нос.
    Внимавај со фридата.
     
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.095
    Допаѓања:
    75.909
    Пол:
    Женски
    5ти ден температура, кој го поминал ова чудо од грип/вирус, колку трае? Вчера демек цел ден 37.3, денеска пак 39.1 сега мерев :@
     
  16. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    2.840
    Пол:
    Женски
    Напрајвте кс? Матичната кај нас дава антибиотик на толку дена ако е со виспка темп. Вака држеше кога фативме ковид.
     
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.095
    Допаѓања:
    75.909
    Пол:
    Женски
    Неделата на втор ден температура и беше супер, од вена и тоа за железо да проверевме и други работи за имунитет дека од септември навака многу пати беше болна, ама се беше океј. Денес ќе ја носиме за нова крвна пак, од прсте со црп...
     
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.347
    Допаѓања:
    22.231
    Пол:
    Женски
    Синко е со варичела, 3 ден. Вчера качуваше темп до 38.5, денеска до 39.6.
    Сега прочитав на нет дека не се дава Ибупрофен при сипаници, ама не ми се баш сигурни изворите.
    При вака висока темп досега не му помагал Далерон/Парацетамол сируп, затоа секогаш имам Блокмакс дома.
    Дали е точно ова за ибупрофенот, дека не се користи при сипаници?
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.350
    Допаѓања:
    200.685
    Пол:
    Женски
    Сите лекови од таа група не се даваат кај варичела поради компликации при ова заболување. Дај парацетамол, и лади стапала со чорапи со оцет, кратко туширање без главата кога ќе престане да качува.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.347
    Допаѓања:
    22.231
    Пол:
    Женски
    А матичната ми рече никако туширање, 2 недели да ме го мокрам, особено не сега додека се полни со вода блистерите, да не пукнат.