Исто малава, како да пеела на концерт 3 саати зборува.. Јас ноќеска од глава до пети утоп! Мокар креветот беше, два пати станав да се пресоблечам, а сум тип што никогаш не се поти... И еве ме 36.6, ваљда толку беше кај мене А грлото ме гребе од вчера, па може затоа малово така зборува, удира и на грло ова.. Инаку исто, тахикардија имав, забрзано дишење плитко, зимав пуштав воздух во секунда... борба на цел организам. Иста беше и малава, страшно брзо дишеше.. Уште нешто, нека земе сопругот аналгин + парацетамол + вит ц одеднаш. Доктор ми рече вака и вчера вечерта пред да легнам тоа испив, па можно е тоа да го истера ѓаволот од мене
Да да обавезно однеси го ќе го прегледаат. Може и му е интересно па затоа да кажува така или да слушнал некаде. Еве мојот татко му го болеше главата и после неколку дена тој се држи за глава и вели ме боли главата и се смее. Па ме боли ногата намачкај ме .... И слични ситуации.
Како давате прополис? Зедов капки за деца од фитофарм (5%екстракт на прополис во безалкохолен раствор) па ме интересира како се дава?
Ааааа да тоа и он го прави и се кога нешто не му се прави тогаш нешто го боли или му се кака и слично
Синко е со сува, надразнителна кашлица од вчера, и повремено качува темп до 38. Почнав со сируп Хербион од исландски лишај од вчера, ама не се смирува. Дали за сува кашлица се даваат инхалации? Досега го имам инхалирано кога бил пред бронхит за да му се развлажни кашлицата, ама со сува немам искуство. Да напоменам дека од минатиот понеделник е со сипаница, два дена изгоре од темп додека исфрлање, но потоа се смири и 3 дена немаше ништо се до вчера. Носот чешма проѕирни мрсоли и суво кашлање, од дома седење.
Денес е добра. Минимално и давав храна. А она и така слабо јаде, вчера убаво си ручкаше ама се исповрати. Анима ли шанси грлото дани е црвено па од тоа да повраќа? Пошто вечерта кога поврати она плачеше липаше, како да и се затна носето.
Ако и е црвено грло и ја боли нема да сака да јаде, плачи и мојот кога повраќа и му се затнува носе. Денес како е?
Денес е ок. Не повраќаше. Еден период во денот кенкаше за спиење и како да доби нагон, ама не поврати. А за мене лек кажувајте... само навечер ме болат крајниците. При зборење и поголтнување е ужас. Пред една недела пиев антибиотик за црвено грло. Сега пак ова ме закачи
Мајки малата (2год и 2 месеци) кашла скоро цел месец, од синусите секрет ѝ се слева и го искашлува (влажна кашлица). Особено после трчање или наутро, инаку убаво спие, убаво диши на нос, не кашла ноќе. Носена 2 пати на матичен, бели дробови чисти, грло супер. Брисеви направени од нос и грло нема ништо. Вториот пат матичниот ми даде инхалации pulmicort (да не го прашав дали треба да инхалира веројатно ќе ме испратеше така без ништо) ама мора ли кортико да се? Можам да ѝ правам некои инхалации на природна база нешто, да ѝ се разреди секретот, а да не се кортико? Не видов дека ми напишал кортико и ми беше глупаво да препрашувам и да се правам паметна. Почнавме со физиолошки да инхалираме ама не ми гледа како да има некој ефект. Што им давате во ваков случај?
Мое лично мислење, иако не сум доктор. Чим сте испитале се, а сеуште кашла, ви дал докторот кортико за да ја смири кашлицата. Кортикото не е лек, туку во овој случај ќе ја смири дразбата. Чим долго време кашла, се мачи, а и доктор ти дал, инхалирај.
Кортико се дава во случаи кога кашлицата трае долго, за да го сопре тоа што го предизвикува, да контролира и да не дозволи повеќе да предизвикува кашлица. Само ми е чудно што ти дале pulmicort, тие ги даваат за спуштено на плуќа. Вака за нос и грло даваат дексазон обично. Кога син ми кашлаше месец и пол без да спушти на пуќа, прашав за pulmicort, ги нема кај нас ама имаше кој да ги земе од Врање, така ми кажа матичен.
Ако инхалираш само со физиолошки, исто како ништо да не правиш. Мора да ја смири кашлицата со кортико. Мене во вакви случаи кога кашлал синко (дека него го фаќале така кашлици по месец да трае), ми давале и Летизен дури да пие најмалку 10 дена. Кај него смируваше Летизенот, што значи било алергиски. Така да може да е и кај неа алергиски. Да не си сменила нешто пред месец дена? (Прашок, милениче ново, некој освежувач и сл), ако не, може е од воздухот, види го какво е...
Искуство со уртикарија? Вчера се опипа и го чекаше на итна го боцкаат урбазон ми рекоа дома со лоратадин да продолжам. Денес а се затопли или се изнервира го фати жештина одма се исфрла вика не го чеша ама страшно изгледа. Го однесов пак ми викаат не е за инекција да продолжам лоратадин не е за дополнителни испитување... сте имале ли искуство дали да правам алергија тест или крвна слика не но знам од што му е 2 год е се јаде.... полудев колку страшно изгледа
Мене ми кажа матичната rupafin, бил многу поефикасен и дејствувал поинаку од другиве како цетиризин лентрика итн. Кај син ми беше од антибиотик.
Мајки дали давате нешто за влажна кашлица? Детево 4 дена изгоре оф темперстура 40, спорет кс испадна бактериска инфекција, направивме и брис од нос и грло се покажа стрептокока пиогенес, пиеме панцеф плус инхалации три дена со физиолошки и дехаметазон, сега продолжив само со физиолошки ама детево затнато во носе и кашла страшно многу и фатено му е гласчето.
Сама ли продолжи само со физиолошки? Терај како што ти рекле, да не спушти на плуќа. Време треба, ќе помине... Спрејче во нос ставате?