Предлог сируп против температура со не многу јак овошен вкус, не ги поднесуваме Парацетамол синиот и Блокмакс. Од ноќеска качува температура и само со чепче ни проаѓа , но измеѓу со што да комбинирам има 14кг и 3.5 годинки
Има ли некој вирус што ги прави поспани /омалаксани децата? Нема температура, ама ништо чудно да качи, како на почеток на разболување да е.
Пола од килажата негова, значи 20мл. Он е скоро 40кг, 39 и нешто и ми рекоа и слободно цело апче парацетамол да пие.
Што направи? Ако кашла уште однеси го да го слушнат. Сипаница може да напраи и компликација со бронхит.
Ти благодарам. Ќе звонам утре да видам да видам дали има термин. @Snowflake92 има приватно ама 4 панели се. Еден е над 2500 денари. Од мака ќе ги направам ама не за џабе сме осигурани. Ќе пробам прво на државно. Фала иначе
Давам Мукоплант од тегавец, и чај од ловоров лист, па малку подобар е денеска со кашлицата. Кашла само кога му тече носето, му се слева секретот и го дразне да кашла. Нема веќе темп, еве втор ден. Повремено ќе му потече носето, па се раскашлува. Не ми се носи кај матичната, врие од грип и разни други вируси, мн болни дечиња има. Брунките од сипаницата веќе се сушат.
Кажете некој лек за афти освен прополис за малава ќерка , вчера ја приметив има една на јазикот и две на устата , ниту јаде ниту пие нешто цел ден така го помина, оддеднаш стана ќенкава и ми викаше устата ме боли и што да видам, а антибиотик пие , купив два вида на прополис нема шанси не дава да и ставсм , милум не сакаше, силум и ставив и се исповрати што пиеше малку вода во текот на денот.
Има едно гелче на freezyderm баш за тоа...ама на името не се сеќавам...помага за афти..се мачка на местото ..локален анестетик има .
@PoisonGirl ефералган. После колку време од повратен сируп да дадам нов? Се случува и одма да го поврати а и после пола саат… Прееска веднаш поврати и дадов нов а тој го поврати после пола саат
На лазичката првин прополис 5 капки врз тоа шеќер,да не го види прополисот.Ќе се растопат тие заедно во устата поарно него чист.
Дали може да дадам 1/4 магнезиум со 1/4 Б6 за смирување малку на своја рака на дете 2г.11м. пошто е станат пренапорен и ништо не го смирува и ништо не слуша.