Како да приметам/слушнам дали му е спуштено на плуќа? До сега не се случило, па не знам дали би приметила.
Кога спие јас го приметувам, некако поинаку диши , длабоко. Инаку нема да ми крене и температура и да кашла, и без секрет. Само на спиење го сеќавам. Можеби е различно кај другите деца, ќе пише и друга мајка да сподели искуство.
Мајка барајте го изворот на проблемот, таму е решението. Детето е револтирано од нешто. Ние до пред да се породам имавме агресивни напади. По лице сум белези цела, татко му за малку без уво ќе останеше. И пробавме малку да смениме ритам. Градинка, со мене, па со татко му и некако се смири. Ги предупредуваме во градинка да не нападне некое дете, па мислев на психолог да го носам. И само мала промена позитивно му влијаеше.
Ако е прв или втор степен не се слуша. Може да спушти ама освен со стетоскоп нема да слушенеш со уво. Се слуша кога е трет степен и погоре.
Два пати имаше почетен бронхит и не приметив. Случајно го однесов зашто се накашлуваше и се враќавме со инхалации со кортико.
Не ми спуштиле за да ти кажам пд искуство но докторката ми викаше за мали дишат ко од меше и обично кога ќе спуштат кашлица неможеле да смират. Иако мојов кога го носев еднаш веќе не ни кашлање ај само контрола па ми рекоа остро диши кортаир му дадоа
Мене до сега ми нема дадено инхалација, само антибиотик. Вас за бронхит ви даваат инхалација, а антибиотик? И ако може некој да ми ја објасни разликата?
Ве фати овој грип? После колку дена им спадна темп? Овој веќе 4ти ден, гори. До 39 качува, исто и јас со него, па и повеќе. Саат и пол до два после далерон/блокмакс/чепче му треба додека да спушти. После 2 саати пак качува. Ставам чорапчиња со вински оцет, дури ми делува како тој највеќе да ја вади температурата.
Ништо не делува, и кај мене детево 4ри ден е со температура, од 3 до 5 дена ми рекоа трае, се надевам уште денес и готово се исцеди детево,го отрув со сирупи, ни јаде ни пие, под 37 не ни спушта температура, до 39.5 му оди
Не бронхитис немале ама ако кашлаат со секрет и неможат да искашлаат ако трае подолго кашлица или ако се со малку над инхалации ми давале. Антибиотик пиеле за ептен црвено грло и за бактерии ако не ум поминува подолго време
Колку време треба да стојат чорапите со оцет? Дали го практикувате ова за спуштање на температура? Нема некој ризик така?
Зависи какви се стапалата, мене ми има кренато повисока така. Нека дадат совет поискусните ама мислам не се става ако се стапалата ладни.
Јас ги оставам подолго додека да симнат температура, само што ќе се исушат ги менувам, на ладни стапала не ставам, тогаш уште ја качува температурата. уште не ви помина? моево е 5ти ден, температурата за сега до 37.3 оди и сама паѓа денес цел ден, се надевам конечно на мирна ноќ
Само ги мокриш со вински домашен оцет. И ги облекуваш. Менуваш кога ке се исушат. Најди лабави чорапи да не стегаат воопшто. Се ставаат на топли стапала. Ако се ладни рацете и нозете не, тоа значи дека ке крева и во тој случај само сируп или чепче.
Ви благодарам за одговорите. Не го знаев тоа за ладни стапала. Денес е добар. Преска до 38.3 качи и од тогаш нема качено.