На малава и правев брис од нос. И покажа бактерија Streptococcus pneumoniae. Нема никакви симптоми ама баш никакви. Ја имаше зимоска исто без симптоми, случајно и тогаш ја откривме.Тогаш ни кажаа да не ја третирам, ама гледам уште не е тргната. Ме фаќа страв бидејќи е долго време. Уште не сум отишла до кај докторката, знам дека ќе ми рече ништо не е, дека е клицоносец. Дајте некој совет некој спреј или слично, бидејќи претходниот период се потрувме со антибиотик, па не би давала пак освен ако е неопходно нешто. Во грло нема ништо.
Многу мајки што сум ги читала овде прскаат спреј од диво оригано, ама дали на своја рака да дадеш не сум сигурна. Консултирај се со друг доктор дали смееш, штом вашата не ви дава ништо.
Имавме и ние, ја решив со Ацидосалус и обични солени капки, прскав 3 пати на ден прво солени капки (физиолошки во шишенце со пумпица) па после Ацидосалус и во нос и во грло, за една недела ништо немаше веќе. Една мајка на некоја фб група па рече ја решила со јаболков оцет на стапче за уши премачкувала носето внатре, ама јас сум скептик за ставање храна во нос и не ставам. И да, откако користам Ацидосалус не сме имале ни зелени мрсули ни бактерија, секое сабајле пред градинка обавезно прскам и навечер за спиење.
Мислам нема веќе чепчиња, а имаше порано. Носи ја на лекар да ја видат, ама не форсирај храна и нека е лесна. Не ја чувај дома. Раствори електролит во водичка и по голтка давај, не наеднаш.
Кај нас последниот пат помогнаа лижавчиња за патување. Ги има во аптека, наменети се и за трудници а нас ефективно ни го сопреа повраќањето. На база на ѓумбир се. Обавезно електролити лажичка по лажичка на неколку минути се додека не сопре повраќањето. Некои мајки даваат и кока кола неколку голтки. Јас не сум пробала.
За повраќање имаше чепчиња многу ефикасни, од едно имаше ефект кај синко. Вомекс мислам се викат, имав само едно од Мк донесено и овде потоа не можев да ги најдам бидејќи се германско производство. Си ги нарачав од нет, во германија се ептен ефтини (10 чепчиња 4€) ама патни трошоци има над 10€ Ако имате некој да ви ги донесе од таму баш се ефикасни. Може да потврдат и мајките што се во Германија.
Сте имале искуство со потрес на мозок кај дете? Падна ми е страв повеати еднаш и спие сега чекам да видам кога ќе стане реалции ако не одам на лекар на матичен или клиника???
Одма заспа? Сум читала дека во таков случај не треба да го оставиш да заспие барем два саати. Ако ти се чини дека лошо падна носи ја одма барем до матичен па ќе ти каже дали и на клиника
Не паничи полека треба да го следиш 24часа како ќе се понаша дали е како изгубено, дали не сврзано зборува , дали е поспано ... моето кога падна ми рекоја 2-3 часа најмалце да не го заспивам и да видам дали ќе повраќа ... иначе и моето еднаш поврати но тоа можи да е од плачењето ... види како ќе се однесува детето ако нешто ти е сомнително оди на болница
Буди и види дали ќе реагира, ако реагира и се буди лесно, најверојатно не е ништо. Можеби од плачење е повраќањето. Ако се сомневаш дека нешто не е во ред, носи дете на ургентно.
Јас би ја однела на лекар, чисто да се осигурам дека нема ништо. Повраќање и поспаност се првите симптоми за потрес.