За топло знаев дека не треба, исто дома влажност на воздух зголемив. Не ми рече ништо за инхалации ама читав на нет дека се препорачливи па ќе му правам два пати на ден само со физиолошки, тоа имам дома. Фала ти
За жал кај Ларингит обично ноќно време се активираат напади на кашлица. Обавезно во поладна просторија нека спие и веќе ти кажале, ладни течности, а ако има напад пред фрижидер да дише. Кај нас обавезно даваат инхалации, ама тоа без доктор да каже колку и со што не би правела, зошто зависи и од што е ларингитот.
Не сум во Мк па нема ни да се испита тука од што е ларингитот, ми даде докторот и ректоделт чепче (кортико) ептен ако има напад ноќеска да му ставам да се смири. Реално од вчера попладне му почна така сува кашлица, и ноќта лаење и зарипнатост. Па ќе видиме како ќе биде. А има разлика, од што може да биде всушност предизвикан ларингитот? Фала ви мајки
Ве молам да ми препорачете добар доктор за уво, веќе 2 месеци примаше терапија препишана од Д-р Мери, денеска пак полна со секрет, а пред 3 дена го заврши антибиотикот Трицеф. Ве молам препорачајте ми кај да ја однесам. Се работи за 2 годишно дете. Ви благодарам мајки
Ова ректоделт претпоставувам е наместо урбазонот што го боцкаат кај нас. Бар од тој поглед сте покриени, ако има напад. Инаку ларингит може од се и бактериски и вирусен и алергиски. Кај моето детенце се сомневаат на алергиски зошто 3 пати сега кога имаше напади, сите три пати кс му беше без никакви отстапки, па сега треба да испитуваме алергии. Пробај да најдеш термин кај Мирка Шалиќ.
majkı na sın mı 5 god mu ızlegla nekoja ranıcka vo ustata ne mı ızgleda na afta, kako mozam da mu pomognam bas place go bolı..
Да, на вести мислам кажале, мене мајка ми ми кажа. Едно време ги фураа како најдобри. Не знам што е фората. Можеби сепак имаат нешто штетно во нив. Јас мислам дека не остана нешто што не е штетно веќе.
Можеш неколку дена да даваш и антихистамин, може да е алергиска реакција. Размисли нешто ново дали јадел тој ден кога се јави кашлицата, да не бевте на некое специфично место. На мојава и се јави летово кога варосувавме дома па по претпоставка беше од поликолорот.
Мајки дали може да боли кај слепоочниците од вода т.е керка ми денес кога се врати од пливање се пожали на болка кај слепоочниците Утрово се пожали и дека кога голта ја заболува грло може и некој вирус сега да ја фати но ова прв пат ми се случува да се пожали на болка таму Дали има некој начин да и помогнам И реков малку да си легне но не сака вели дека ја боли
Поголемиот, 2г и 2м, го има грипот (Инфлуенца А и Б). Веќе 5 ден е со температура, од кои два дена 40°, а последниве 39.3°. Крвна слика и црп мирно. Кашла многу и влажно, му правиме инхалации со кортиар. Денес бевме пак да го слушнат, нема ништо, ама матичната инсистира на антибиотик, вика многу време дека е вака, а навистина ситуацијата не се подобрува. Не знам што е паметно, на чиста кс и плуќа никако не ми иде да дадам антибиотик. Ми треба искуство нечие, знам дека многу дечиња се сега болни, има ли некој слична ситуација?
7 дена трае. И ја не би дала антибиотик ама не сум доктор... Може нешто друго видел/чул па препишал. Не знам.
Majki dali ima nekoja od vas so iskustvo so salmonela uspesno iscistena.Nie godinava po 2 pat .Prv pat bese letovo bebe bese 6 meseci I bese samo na adaptirano I pocnavme so vkusovi togas znaci samo ovosje I zelencuk se pojavi posle prelezyvanje na korona.Sega 11.5 meseci pak isto fativme bronhit ne hospitaliziraa so 40 tt na analiza na izmet pokaza salmonela koja posle 1 neda ja snema.Prv pat samo probiotic koristevme se zaradi bronhit I antibiotik.Neznam sto e rabotava detevo a fati nekoja nastinka pad na imunitet ete ja salmonella
Ништо не слушна. Рече "за секој случај да не има жариште некаде". Дека многу денови е со висока тт и лоша кашлица. Во принцип сакав и вакво искуство да слушнам, колку дена трае и дали се поминува и без антибиотик.