Мајки син ми имаше затнат нос подолго време одвај се чистеше, сега уште е носот така но почна многу да кашла посебно навечер по 5,6 пати во ноќта, ќе го носам утре, но дали е во ред толку да кашла, дали е ларингит или од носот му слева надолу, нема шлајм и шо можи на природна база да се дава да се смири има 2 год, инхалации не можиме да правиме се одерува од плачење
Јас знам дечиња што пројдоа 7 дена без антибиотик. Знам и секундарно бактериски ако си носеле некоја, се активира таа ама тогаш има покачени леукоцити и ЦРП. Па тогаш антибиотик. Не сум доктор, не те советувам да не ја слушаш докторката, сепак е докторка, само споделувам зашто те сфаќам и сум била на твое место.
7 дена температура 39-40, крвна слика супер, направена два пати во тој период, брисеви чисти , без антибиотик. Електролити, многу вода, Виранто и пробиотици тоа и беше терапија. Да не се сомнева на нешто плус?
Како симнувате побрзо температура кај деца 4г? Нозете не се топли за да ги ладам, оцет со сода ли се мачка по телото?
Не, ништо друго не спомна. Утре и ние ќе повториме кс. Добро ме потсети за пробиотикот изумив да го дадам.
Мајки пишав денес но еве ме пак Керка ми почна многу да се жали на грло, плаче вели дека неможе да голта неможе ништо да прави Не е мала голема е и кажува дека има јака болка Пред околу два месеци исто ама не беше толку многу Бевме попладнево но ништо док рече малку црвено повеќе течности и да шетаме на чист воздух, незнам овде навистина ништо не дават Прашав за крвна слика рекоа дека нема потреба Јас си имам од Мк три антибиотици не растворени но некако ми е страв да дадам на своја рака, а од друга страна гледам дека навистина многу ја боли Имав лижавчиња од Мк и спреј еден од овде за грло но ми вели дека се повеќе ја боли
Јас секогаш имам во фрижидер Виранто. 30 дена од отварање се чува. Според составот тоа е бустер на имунитетот. Истата доза е и за најмала возраст.
Нема зошто да даваш антибиотици. Убаво ти кажале. И овде не даваат антибиотици така лесно некои доктори, пример мојов педијатар. Почни со ладно нешто, сладолед, смрзнато овошје. Јас правам сладоледи со грчки јогурт и пасирано овошје во калапи за сладолед. Без разлика што не е ларингит убаво делува ладното на болки во грло. Лимон со мед или без сеедно. Многу течности и ќе видите како ќе биде. Штом нема температура нема потреба од крвна слика. Мојов педијатар и на крвна слика да покаже дека е за антибиотик проверува кога последно пиела антибиотици да не биде во брзо време.
Фала мама.Наскоро ќе почнеме со градинка па страв ме фаќа, да си имам.Се дава ако тече нос пример или? Колку дена се дава?
Само за нос не сум давала, ама ако е нос, поткашлува, малку покачена температура, да, сум давала. Денови незнам , не внимавам на тоа, пола шише некаде, ете откако ќе оздрави уште еден ден. Еднаш беше ептен болна па цело шишенце го потрошивме по препорака на педијатар. Нема штета од тоа, ама па не би го давала за се и сешто. Мојава го обожава, па уште кога ќе и го дадам директно од тоа пластичното капаче за мерење наздравува и на екс го пие.
Да знам и јас не сакам многу антибиотици Немаат пиено антибиотик скоро 2 години и двајцата поминувале така само со инхалации и некој сируп за кашлица или температура ако имаат И болките во грло некогаш сме ги минувале лесно, но сега гледам дека навистина и е тешко преку ноќ стана околу 4 пати доаѓање кај мене неможе уста да отвори и само со прст ми покажува Не отиде на училиште незнам зошто се плаши да зборува и да ја отвара устата едноставно само солзи и течат и со рака покажува Јас знам дека боли но не сака да соработува прв пат оваа ни се случува до толку да ја боли Сепак ти благодарам на советите што можам да дадам
Некој спреј да земеш од аптека со прополис и мед, ќе кажеш дека е за дете и ќе шприцаш директно во грло. Гаргара со солена вода, со лимон и сода, куркума и малку вода, ако имаш и чист прополис можеш со малку вода да раствориш и гсргара да прави и после да плука. Чај од жалфија гаргара и може и да пие засладен со лимон и мед, ѓумбир изрендан во зовриена вода да пие како чај само што лути и за деца е малку за никаде, а најефикасен е за грло. Ете неколку природни работи кои може да ги прави со оглед на возраста По неколку пати на ден, нема штета, се е тоа природно што може и да се јаде. Пробајте па ќе видите дали нешто ќе фати од тоа. Со помин мека е.
Прскам спреј имам, исто и чист прополис капки имам но не ги сака ке пробам тоа во вода да ги растворам па да прави гаргара. Ти благодарам на советите со нешто ке пробаме од оваа се надевам ке ни помине бар малку