Mozno e afti da se pojavat öd visoka temoeratura? Veke 2 den ne e jadena, Samo Voda pie, i osven zalfija so Sto drugo mozam ustata da i ja cistam? Zedov i Eden krem
Го однесов на доктор ништо нема рече, а како кашла навечер посебно многу ме плаши, ништо не ни даде, има некое сирупче или нешто за кашлица за 2 години?
За кашлица стрикно никогаш не ни препишале, демек провоцирале сирупите за уште повеќе да кашла, ни даваат инхалации. Има секрет во носот?
39,5 температура а нозете ладни и ми вели му студи, да го топлам или ладам?? Дадов блокмакс сега ама незнам во меѓувреме како да реагирам… 3,5 години е му дадов 5мл блокмакс се мислев 7,5мл да не треба, таа доза пиши дека е за 4-6години..
Кажувајте лек за досадна кашлица полудев веќе. Со ноќи не сме спиени од кашлањето. Ме разбуди со ларингитна кашлица, ме извади од памет едвај до воздух доаѓаше. Грло и гради чисти, нема ништо само носето тече ама го чистиме редовно. Му дадоа уште пред некоја недела сируп за смирување кашлица ама воопшто не соработува за ништо. Единствено инхалација прифаќа од вчера навака зашто и он се преплаши. Не знам веќе како да му помогнам. Евентуално некој сируп со поубав вкус? @flower55555 Ако му е ладно стопли го, ладење само откако ќе се стоплат екстремитетите.
Кашлицата ни се смири само со инхалации со дексазон. Јас лично три сирупи испив и цабе, на крај и превриена кока кола се напив и то ме смири доста, некои и на деца даваат по некое лажиче јас немам давано. Инаку му ги стоплив стапалата и го измасирав со алкохол и вода спадна на 38,6 сега му студело се изнапокри.. Прв пат ми крева толку температура зато паника ме фати незнаев шо да направам.. Стапалата и дланките пак му се ладни а на чело е топол да чекам до утре или да го носам на детско незнам шо да напрам
Истото е и кај нас моментално, до сега го држев исправен да се смири. 5 дена веќе кашла, почна прво како ларингитис, суво и надразнително, и ете не се смирува никако. Носот не тече од напред, ама му се затнува и му се слева во грло, а кашлањето е суво мислам дека ептен малку исфрла секрет. Инхалирам со физиолошки само, а за други додатоци не би ставила дека рекоа гради чисти па или викендов или пон пак ќе го носам на преслушување. Сирупи веќе не давам, откако пред 2 месеци три различни пробав ништо не помогна, сега зедов од исландски лишај ама не гледам ефект, ќе го прекинам и него. Утре ќе правам кромид со мед/шеќер, тоа можеби малку ќе ублажи, ако не сте пробале веќе. И горен дел од тело обавезно подигнат, гледам така поубаво спие. Зголемена влажност на воздух во спална, да не му се суши грло толку. Некоја од лутите масти на гради, го држи носот продорен и смирува кашлица. Друго не би знаела, ако е онаква досадна вирусна кашлица без засегната плуча, мислам само трпение, и мене ми е тешко да си признаам, ама ете точно 6 недели кашлаше есента и имав време се' да испробам од сирупи и домашни лекови џабе.
Зависи колку кг е. Јас на 13,5кг давам 125мг единечна доза чепче, до 3 пати на ден. 5мл се 100мг ибупрофен. Ја симна ли температурата? Ако продолжи да качува пак висока можеш за 4 часа да дадеш парацетамол, а дотогаш физички да разладуваш, со млаки облоги, ако веќе се вжештил скроз. Додека качува може да му студи и да се тресе. Јас би покривала и масирала само ладни екстремитети, кога ќе се стоплат би ладела. Само не го покривај многу и цел да не го прегрееш.
Ако е ларингит ќе му помогнат инхалациите. Што ставаш, само физиолошки или...? Ако е мирна крвна слика, а има ларингит кај големиов вклучуваат и сируп за алергија, зошто кај него најверојатно е алергиски. Сега чекам да видам дали ќе најдам термин кај Благица Манчевска, па да направиме и алерготестови. Ако не успеам кај нејзе мислам и ти ја фалеше и Искра од Ремедика па може и таму ќе го носам.
Пак качи 39,2 го однесовме на детско, гнојна ангина.. од каде шо како незнам, сега прв пат вака.. ме прашаа дали е често вака и да се испита трет крајник, ама до сега никогаш немал… јас си кашлам уште, вирусот од мене го префати, а гнојна ангина немав..
Да сега уште малку му течи носот не како на почеток, ама ова кашлањето одвај зема воздух, не е баш сува кашлица него како влажна, чудно не рече ништо докторката за кашлицата, ми е страв да не спушти а давам само лој од гуска во млеко не знам дали ќе помини од ова, чај не сака да пие
3 дена беше во градинка и еве ја качува тт. Значи мрзам викенди. Ако ставам малку прашок од електролитите во обично сокче би имало ли некаков ефект? Повеќе не можам оти го менува вкусот па не пие. Мака си имам со неа, воопшто не соработува.
Во се можеш буквално. Јас АД и давам растворено во вода со електролити. Можеш и во кашички кај сакаш таму.
Да, само физиолошки, друго не би ставала зашто е чист. Крвна слика не сум правела, некако досега сметав дека е нормално носе да тече и да се накашлува од градинка ама неспиењето не утепа сите. За Искра да, јас сум задоволна исто и она ни препишуваше Зиртек во такви ситуации ама сега 40евра за да ми каже инхалирај и давај зиртек не ми се даваат Пробав завчера лоратадин да му дадам само тоа имав дома ама дури и на кришка со крем го осети. За ништо не соработува, многу ме нервира. Еве денеска земав нов сируп од бел слез, не го осеќа во сок, па ќе видиме. Инаку, од инхалацијата се растече носот ненормално, уште крокодили не искочија