Бевме во детско, помалку загноени крајници сега и бронхит, го боцнаа урбазон сега спие, ама многу се поти премногу дури, нормално е?? Жива вода му е цела коса
Ајде едно брзинско прашање ако има будни. Детево се уби од хрчење на нос. Во секоја можна положба, само кога спие. Нема ништо на гради, нема мрсули. Прскам диво оригано. Ама ништо не излага нит со дување,нит со аспиратор. Да и дадам сируп за алергија ќе помогне? Значи 3 ноќи око не склопив, толку гласно како возрасен човек не сум слушнала до сеа. И тоа само една страна.
Да пробаш со солен раствор такво спрејче да земеш? Инаку слично беше кај нас, добив зелено светло од докторката да го инхалирам со физиолошки (ми рече во иднина да не ја прашувам, слободно да инхалирам секогаш кога има потреба) и тогаш се растече носот. Значи сите бои ги смени секретот и конечно од денеска е проѕирен. Почна и да искашлува, па се надевам на подобро иде. Пробај со физиолошки, дали спрејче дали инхалација.
Пробано... Ништо... Нит и е затнат дење нит мрсули.... Само инхалации не сум пробала. И докторката вчера ја слушаше, вика ништо нема, а баш и кажав и за носот. Обично ни кажува кога е пун. А и се осеќа бе... Нема ни закоравени ни ништо.
Колку денови вкупно го инхалираш со физиолошки? 2 пати на ден? И јас сакам да му помогнам да го исфрли секретот, сега ептен густи зелени вади наутро, некогаш и со пумпица влечам дека се ептен залепени не може да издува. Кашла две недели веќе, од сува смени на продуктивна, преку ден ептен ретко ама ноќе има епизода од саат кашлање додека се смири (кога се полни со секрет во спиење) Во вторникот пак го слушаа океј е, ама горе е проблемот А нос не тече, си се полни само Друго, дали кога инхалираш дополнително прскаш спреј? Мене ми се фаќа сигурно 4-5 пати солен спреј плус 2 пати оригано, дали ако инхалирам да намалам со прскање..
Уф, зависи колку ми дозволува ама најчесто еднаш на ден. Спрејче ретко прскам зашто и тоа не дозволува ама и реално убаво се чисти со инхалацијата и нема потреба. Носот го дува без проблем кога и да му речам и така се чисти.
Ние хрчиме со месеци. Исто така нема ништо, и брис чист. Го однесовме на орл, му снимаа и трет крајник, не е за операција. Ама двата му се поголеми малку. Ни дадоа совет да не пие ладно и газирани пијалоци, ама тој и не пие. И ни дадоа спреј за нос да прскаме месец дена. Само Др ни рече да внимавате на апнеа. Ќе видиме дали ќе има подобрување со спрејот.
Zdravo majki. Sakav da prasam dali ima nekoj virus kaj decava sto mnogu boli stomakot. Moeto e 2 godini od sabajle se zali na stomakot go facaat grcevi i povrati nekolku pati noseno e na pedijatar vika deka e od virusot no jas mislam da ne e i drugo mozda slepo crevo Vi blagodaram
Дали беше вирус не знам, ама истите симптоми ги имаше мојава. Болки во стомак, повраќање, леукоцити 30. Бев сиг дека е слепо црево, но не беше. И тоа траеше неколку часа, додека се маткавме на лекар скроз и помина почна да трчка. Ни дадоа антибиотик поради превисоките леукоцити За 48 саати ја повторивме крвната слика, леукоцитите 9. Веровтно нешто слично е и кај вас.
Мајки хелп. Син ми при станување се слупа на ќошот на масата, и очигледно си ја дупна главата. Му течеше крв неколку минути (кратко), кога му престана го исчистив со јод и го напрскав со Vioplex. Добар е, го проверив за потрес, еве веќе помина саат време, не поврати. Што друго да направам? Дали да го носам утре на доктор, дали вечер да го разбудувам да го проверувам, дали сега пак да го исчистам со јод? Прв пат ова ми се случува и стварно сум испаничена. Фала ви
Слична ситуација имавме ние вечерва, малиот падна од ќошот на станицата ја удри јаболкницата, се расече,отече и модар е. Исчистив со хидроген 3% и ставив лепенка за рани, не знам дали може да мачкам хепатромбин на упатство пишува после 5 години дали некој мачкал порано,ќе прашам педијатар утре во меѓувреме да не има некој искуство? Во твојот случај нема што да правиш, си направила се што треба, ако тече крв затвори со лепенка.
Скоро 3 год е малиот. Вчера дигна температура. Онака е добар, весел, игра,трча, зборува цело време. Малку послабо јаде. Температурата вчера почна накај 13 часот, беше 37.2 па се искачи до 38.6 до 17 часот. Дадов парацетамол, симна до 37.2 и го држеше постојано до вечерта, накај 21 часот пак качи 38.6 и дадов Блокмакс. Накај 23ч испоте, го пресоблеков и добар беше цела ноќ. Утрово пак качи накај 37-37.5 ама не давам ништо. Од синоќа немаме дадено. Со доктор се слушнавме, рече да не го носиме на преглед чим нема други симптоми. Не е затнат, нема мрсоли, не се жали на ништо. Е сеа од синоќа од време на време закашлува, пак се јавував на докторот, вели да следиме организмот дали ќе се избори. Моето прашање е каков вирус е ова? Дали нешто слично периодов биле и вашите деца и дали во наредните денови да очекувам нови симптоми и дали има простор да се искомплицира?
Нормален вирус. Секогаш мојот така крева прво, ама го оставам ако не крева многу симнува сам и најчесто се раскашлува по еден ден. Ќе го следиш ако има и други симптоми ќе го однесеш и ако кашла многу за да го слушнат.
Не кашла многу. Од време на време. А кога качува повисока температура гледам дека забрзано дише. Од ноември наваму глава не сме кренале сите вируси ги истеравме. До сега барем повеќето полесно ги минуваме, ама задолжително 5-6 дена температура и секогаш се нервирам на последните денови препишуваат антибиотик. Јас не сакам антибиотик без потреба, минатиот пат дадов бидејќи ме исплашија, детските одделенија полни со дечиња со бронхопневмонија. И сега не знам како ќе тера ова..