@DarkStormm ние од септември ама не спушта мојот, на грло и меше удира најчесто и си кашла долго време постојано. Нормално е и повисок пулс и забрзано дишење ко ќе креваат тт. Ништо само следи го, течности повеќе, и се надевам ќе помине само и брзо.
И мојот нема спуштено до сега. Претходно имаше фарингит мислам рече докторот, со доста зарипнат глас и лошо дишеше на спиење, дадовме амоксиклав за да не се искомплицира. Ама дури на 5-6ти ден. Се слушнав пак со докторот, вели истото пред време никаква терапија не се дава. Еден наивен сируп за температура не се дава секогаш, а камо ли антибиотици и кортикостероиди. Тој вели дека повеќето дечиња се лечени премногу со такви лекови кога реално не постои потреба и затоа сега скоро сите посегнуваме по таква терапија мислејќи дека од тоа побрзо ќе помине. Јас не барам антибиотик, ама сопругот слушал колеги, пријатели, познаници сите дечиња со компликации и бара антибиотик да се препише. И свекрвата исто, го критикува докторот, го измачувал детето за џабе, на крај пак морало да даваме, немало да помине без антибиотик. И сеа не можам да им објаснувам цело време, не ме ни слушаат, си зацртале така и крај. Јас битно на докторот му верувам, само потајно се плашам да не се влоши, кашлањево ме загрижува..
Мајки малиов со кашлицава не престанува него поупорна е, денес малце има температура, грчи ко ќе спие а навечер не ни можи да спие од кашлица, го однесов кај друг доктор на второ мислење пак нема ништо рече вирус, само две недели се мачи со кашлица, крвна слика супер црп мирно, ме мачи од шо толку кашла, шо вирус ќе беше ова, го омалаксува скроз, не соработува за да пие чај, пак ништо не му дадоја, се мислам да напрам брис пон ако продолжи ова, дали треба брис и од грло, дали да прам воопшто ако нема на црп ништо.
@DarkStormm ако е вирус и да даваш антибиотик џабе е. Ќе следиш утре како е, ако се влошува кашлицата понеделник однеси го и таман ќе е за крвна слика, ќе се види дали е за антибиотик.
Го однесов на одделение. Го наслушаа, нема ништо. Ама пак качува 38. Не сум дала сируп, надвор го изнесов да поигра. Сега заспа. Ќе следам како ќе биде со температурата. Се слушнав и со докторот, рече ако има температура денес и утре, задолжително утре крвна слика со ЦРП. Кашла некако ниту суво ниту влажно... Повеќе личи на сува кашлица.. Го ставив на перниче и сега не кашла на спиење..
Лош е вирусот и моите кашлаат големиот си доби антибиотик пошто и после 7 дена температура имаше демек грло црвено, а малото и антибиотик во вена прими пак кашла џабе труење само инхалации и дадоа сега а еве веќе 6 дена со трмпература и кашлица е, на 5 доктори бев така да нема друго
Можи ќе треба антибиотик не знам втор ден со темп, две недели кашлица, сега ќе треба пак кс да прам за да видиме можи бактериска да е инфекција.
Со помин.. Кои симптоми ги имаат? Син ми само кашла и температура од 37 до 38, веќе три дена. Докторот препорача медогал за кашлицата, купив, скоро 3 год ќе има моето, а на сирупот пишува над 4 год.. Му дадов, искрено не знам колку испи, со борби, со плукање и плачење го дадовме..
Здраво мајки. Совет Ве молам веќе 2 месеци детево е болно. Крај на Ноември прележа варичела. Помина тоа почна да кашла поминавме само со инхалации. Пред Нова Година беше 3 дена со 39.5 темп. Па почна да кашла. 10 дена беше со Амоксиклав. Здрава една недела преку ноќ температура, кашлица, гушење, опструкции спуштено на плуќа од нигде никаде 7 дена на Трицеф. 4 дена здрава сега кашла пак се дави во шлајмови. Неиздржливо е веќе се мачи и таа и јас. Што ви помогнало за шлајм и смирување на кашлица? Утре ќе одам кај матичната ама сепак сакам да ми кажите искуства Ваши. Детето е 2год и 9мес
Големото е 2 тоа температура 6 дена првите константно после само навечер и денски до кај 39 по еднаш качуваше, после некој ден почна носот о разви кашлица еве 10 дена уште кашла нема температура само ама пие макропен веќе 3 дена. Малото исто ама многу омалакса очи неможеше да отвори и инфузија примаше и пак никако да се подобри еве денес 6ти ден уште качува ама малку посвежа е
Овој сируп и инхалација со физиолошки му помогнаа. Ни носот не тече веќе толку. Само не знам дали треба сируп за смирување да пие ако веќе има шлајм, види со матичната ама инхалацијата ќе помогне да искашла.
Спие, а јас на секој час станувам мерам температура. Заспа со 37.2. Пред два часа беше 37.4. Сега 38 има. Давам вода, тргнав прекривка.. Не знам дали да седам, дали да поспиеме уште 1 час. За сируп не е, а што да правам не знам. Ќе полудам. Edit: Измерив 38.3 и дадов парацетамол.. сабајле ќе одиме за крвна слика.
Jas koa gledam kacuva davam sirup ne cekam 38.5 pogotovo pa noke. Shube mi e da ne zaspijam i da otide epten nagore vaka sirupce i dete ke spie i mama ke spie
Дете што спие со температура не се буди за антипиретик, штом спие добро му е, освен ако не качи над 39, тогаш и само ќе се разбуди, па ќе му дадеш. Е сега секако ти ќе го извадиш подебелиот крај што ќе треба да мериш на секој пола час, ама си издржала до 4. Јас местам аларм да ме буди за мерење, ако случајно заспијам.
Мајки што препорачувате да купам да си имам дома за недај боже ако има вакви удари , ние сме скоро 18 месеци .. Сеуште не прооди ама буквално секаде се удира , не седи ни минута
Да. Ама некако страв ми е да не качи многу, а да не осетам. Мериме под рака, ако мрдне неточно покажува топломерот, едно мерење го повторувам 3-4 пати за да бидам сигурна дали точно е измерено. Во 4 измерив 38.3 и дадов парацетамол. До 7 утрово 3 пати препоте и го пресоблекував. @Pacient srna Искрено на два ума бев дали да дадам или не. Секако не спиев. И откако дадов 3 пати го пресоблеков. Јасно ми е дека нема сон за мене, ама многу бев уморна, не знаев кој пат да го фатам. Еднаш мерам 38.3 еднаш мерам 37.9, на другата рака мерам сосема друго излегува. Тргнав прекривка, седев така да видам дали ќе се олади. Ништо, и после 15 минути беше многу топол, цело тело му беше жешко, не само челото... Утрово бевме за крвна слика. Чудно, хемоглобинот повисок од било кога 12.3, не ми се верува. ЦРП е 5. Друго се е во граници. Леукоцити се 7.0. Докторот вели не е за никаква терапија, само симптоматско лечење, за температурата антипиретик, за кашлицата сируп медогал, ако се затне носето оперил-п . Детето е весело, расположено, вчера добро јадеше, температурата до 37.5 се движеше и мислев ќе се извлече, кога вечерта пак ја искачи..и ноќе на спиење кога не ја спушти туку почна да покачува се загрижив. Од познаници слушам многу дечиња лежат во болница. Кај сите демек наивно почнувал вирусот и потоа набрзина се комплицирало. Дури и крвна слика кај повеќето била одлична, а децата со бронхит. Еве не знам што да правам. Имам итно неодложно патување задутре, на кого ќе го оставам со температура? Сопругот пак запнат за антибиотик со докторот ќе се испокараше.. Од една страна сум против антибиотик (бидејќи моментално нема потреба според состојбата), од друга страна се чувствувам премногу виновна што го однесов на роденден и од таму се зарази.. Ако нешто се искомплицира уште повеќе ќе се чувствувам виновна.. Значи на никој не одевме на родендени, прослави , имендени абе ништо. И ај решив минатата недела да го однесам малку да си поигра.. И ете беља..