Јас секогаш дома имам Бетадине, и од пред некој ден Vioplex Кај мене не се удира често, фала му на Бога, ова прв пат беше посериозно да се повреди. Има и други спрејчиња за дезинфекција, ама овој со антибиотик е затоа го зедов.
Ако синоќа првпат кренал температура, рано сте ја направиле крвната слика, треба најмалце 24 часа да поминат за да се види дали е во прилог на вирус или бактерија. Ќе мора да повторите ако продолжи температурата, ама после три дена од прво боцкање, не одма.
Ај со помин нека ви е. Не се паничи не му мери темп. додека спие ноќе толку често и едно-подруго. Матичната ми викаше дека кога спие дете, секако е повисока. Најреално е да се измери кога е будно. Навечер дур спијат им мерам ама со резерва, колку да видам ориентационо дали е многу висока температурата или не е. Ако е вирус, нема компликации и докторот одлучил дека стварно нема потреба да пие антибиотик немате причина да се сомневате во препораките. Подобро е да го слуша матичниот лекар на слушалки почесто, па ако недај Боже ако спушти надолу тогаш ќе му даде антибиотик. Добро што си го подигнала на перница за кашлањето. Штом се смирува со тоа, можеби му се слева секрет позади од носот по грлото а не однапред низ ноздрвите. Можеби не е лошо да му ставаш од оперилот. Докторка од ОРЛ ми има дадено совет при вирози да се ставаат капки во нос, без разлика дали тече многу носот или не, зошто обично е слузокожата внатре потечена и воспалена од самиот вирус, така да помагаат капките ако се користат редовно. Искрено јас сум одложувала работни обврски кога ми било болно детето, не знам дали можеш да го направиш и ти тоа, ако можеш остани со него. И да се смали температурата и да не крева повеќе, ќе му треба време дури се опорави и да застане на нозе. Не дека татковците не умеат да ги лечат, едноставно поаѓам од себе и од тоа дека сум сакала мајка ми да е до мене кога сум била болна и кога ми било тешко. Да ми го чува стравот.
Температура прв пат крена во петокот. Докторот исто рече да чекаме 48-72 часа за крвна слика и ЦРП за да биде релевантно. @Cosmic Girl Благодарам. Секогаш ме утешуваш, се сеќавам и за короната ме смири. И матичниот рече исто за капките, ама воопшто не му тече нос, ниту е затнат. За оставање, би го оставила со татко, баби, ама проблем е голем. Свекрвата прва смена ќе биди тој ден. Сопругот мора со мене да дојде. Единствено на сестра ми можам да го оставам, ама она се плаши кога има температура да го чува, нема нејзини деца, не знае ни сирупи ни бабини лекови. А моето патување не може да се одложи никако. Строго е тој датум и присуството е задолжително, мора лично да се појавам. Сега се вратив од работа. Детето беше со свекрвата. Целосна доверба имам, се слушавме преку ден бил добар. Сега спие, на допир не е топол. Кога ќе се разбуди ќе му измерам температура.
Зависи каков удар, ако е рана тогаш хидроген 3% и лепенка за рани и евентуално антибиотски спреј ако е џумка има една крема за удрено на frezyderm на база на путер. Дај боже да немаш потреба од ништо од наведеното.
Нема мир за мене. Пак почна да качува 37.8 и ќе оди изгледа повисоко. Дадов Belladonna 30C. Дома имам повеќе хомеопатски лекови: Pullsatilla, Arnica Montana, Aconitum Napellus, Sulfur, Gelsemium. Сите се гранули. Не знам дали ќе има воопшто некаков ефект, ама тоа е, ќе пробам. Сопругот се загрижи и даде време до утре, ако не спуштел температура он ќе почнел да дава антибиотик, ни доктор ни мое мислење немало да го спречат. Многу било 4 дена.. Сме минале вируси и од 5-6-7-10 дена, ама не он не планирал да ризикува..
Ако е вирус со антибиотик може само да се влоши, од аспект на тоа дека антибиотикот ќе го бутне имунитетот, подобрување нема да има. Мојава имала вирусна инфекција со 7 дена 39-40 температура па била без антибиотици. Давај електролити и пробиотик
А кс и брисеви правевте ? Битно е растојанието меѓу темп односно ако качувал прво на 4ч, дали е зголемено на 8-12ч? Син ми 5 дена последно беше со темп, што ако е вирус не е дека е по книга па мора 3 дена да трае. Даваш ли нешто далерон блок макс? Ја следам дете не чекам 38.5 секој пат.
Што укажува тоа ако пример кренало темп прво на 4ч па на 6 па на 12ч? Таков е случајот кај нас без никакви други симптоми. Ќе го носам утре на преглед
Брисеви не. Крвна слика денес правена. СЕ Е МИРНО. Не знам искрено. Првиот ден (петокот) дадов парацетамол во 16 ч и не спушти скрос. Вечерта во 21 дадовме блокмакс, спушти скроз и беше добар. Во саботата беше околу 37 до 37.5 температурата цел ден. Вчера цел ден пак така за да дојде до 37.7-38 попладнето и вечерта. Кога заспа имаше 37.4 па со тек на време дојде до 38.3 и дадов парацетамол во 4 наутро. Се на се 3 пати сируп дадено сите овие денови. Со сируп се спушта и повеќе часови е добар, потоа пак се качува помеѓу 37.5 до 38 го држи. А прилично е расположен, весел и активен. По препорака на докторот не ја симнувам температурата со сирупи бидејќи е расположен, не е малаксан. Ама кашлицата стана влажна и гласно кашла некако.И стварно не знам што понатаму.
Мајка ако КС е добра нема потреба од антибиотик. Однеси дете уште еднаш да го слушнат на гради, и ако има потреба спуштај тт. Ако е весело, си јади, игра, за што да даваш антибиотик? На вирус антибиотик не помага, а кај вас очигледно е тоа. Син ми и по 7 дена имал таква тт (де има, де нема) и не сум давала нисто. Давај повеќе чаеви и електролити обавезно. Со лесно
Се ми е тоа јасно мене. Ама не знам кој пат да го фатам. Детево од таа страна ич не соработува, сирупи со плачки и борба давам, плука, повраќа не пие никако. Чаеви и природни цедени сокови не сака ни да погледне. Среќна сум вода што пие. За температурата давам ретко. Ако ми се чини висока и ако е омалаксан. Денес цел ден е со температура, не ја спушта никако, ама дека весел и расположен не се грижев, сеа ноќе ме јадат стравови, еве го ќе заспива, а јас пак ќе дежурам...
Па по логика се изборил имуниот систем и оди на подобро Ако крева на 4 саати, значи вирус/бактерија е присутн/а повеќе во организмот и телото се бори.
И син ми е многу тежок за тие работи, исто плукаше и повраќаше се додека не го открив Парацетамол на Босна Лек. Има некој вкус на малина, и му викам ајде витамини да пијеш, му го турам во чашка од ракија и без проблем го пие. Иначе сум давала електролити и чаеви со шприц на сила, зошто не соработува, а да не завршиме дехидрирани на болница. Мајка I feel u, со лесно да ја помините вечерта, ако ти качи висока, намачкај го со сода и сок од лимон на ножињата, кај нас тоа помага за спуштање, и го туширам по пола саат.
Го присилив да пие млеко, во млекото му ставив медогал за да не се бориме со шприцови. После 15 мин се закашла силно и се исправи во млазови многу исповрати Ќе завршам на нервно веќе... оффф сега нема да сака шише со млеко да види... Многу се исплаши и тој и си се расплака, и јас со него плачам ... Беспомошно се чувствувам.... на мое дете не можам да помогнам.. пцујам моментално и се нервирам... Со пријателка се слушнав нејзиното дете веќе 7 дена го држи вирусот и многу бавно се опоравувал. Кај ми е крајот денес 4ти ден ни е..
Во прилог ќе ставам слика. Во внатрешниот дел на устата пред малку го забележав. Афта е или херпес? Мислам дека и се појави после висока температура вчера вечер. Кога веќе зборувате за вирусот колку дена трае? Вчера со температура до 39 неколку часа ја држеше без да спушти, денес денски ништо сега навечер пак качува до 38,7, после два часа од сирупот спушти на 37,5.
Не е афта. Големо е за да биде афта. Херпеси имам цел живот не се баш такви. Ова не знам што може да е.. Такво нешто сум имала на непце заб кога ми бил загноен.. Какви симптоми имате? Колку дена?
Леле кога ве читам кожа ми се ежи, пред 10тина дена завршивме со битката, уште имам уплав од жешко чело. Мислам дека Орален рехидратациски раствор ни помогна најмногу и инхалации. За среќа не фатија воспаление на уво, само мене ми се затнуваа ама без болка. Додуша нив им ставав некој спреј Ото олив оил, може имаше удел. Температура нѐ полуде, шише еферелган го кркнаа цело, не ми се веруваше мм кога кажа дека нема веќе и со страв го фрли во канта. Беспомошни се осеќавме, и ние болни и деца болни. Ко што ве читам вака трески ме тресат да не се реинфицираат пак, ако постои такво нешто како реинфекција од вирусов. Посебно сега, изнашетани сите, изнадружени ко ќе се вратат по школи и градинки ќе биде "весело". Овие болникавите што седеа дома ќе ни задаваат уште главоболки, осеќам. Оздравувајте брзо сите вие со топломери во раце
Освен температура друго нема. Температурата се јавува навечер, преку ден нема ништо. Вчера вечер имаше температура до 39 неколку часа што никако не паѓаше.