1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    4.878
    Пол:
    Женски
    Ние околу нова година фарингит. Антибиотик и стресови. Мислевме готово ќе се извлечеме. Докторот вика до март се очекува да е вака, потоа други вируси ќе кружат.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.786
    Допаѓања:
    12.249
    Пол:
    Женски
    Кога има температура не се дава млеко и чоколадо. Не го присилувај на ништо, битно е течности да пие, да биде хидриран. Лекови ставај во сок или чај, супи и електролити нека пие. Исхраната нека биде лесна.
    И не паничи толку, го фатил некој појак вирус и ќе потрае температурата. Како што те читам, ако памтам добро супер си се бори детето, не качува превисока температура само што долго ќе се измачите. Собери сила уште неколку дена, се ќе биде во ред.
     
    На mal.ecka, Cosmic Girl и DarkStormm им се допаѓа ова.
  3. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    2.840
    Пол:
    Женски
    Моето заврши со панцев кашлицата не се смири 2 недели, температура 3 дена од после дека викенд не го однесов но денес антибиотик му дадоа, го наслуша докторката малце спуштил така да ако по 3 дена не му врви давај антибиотик оти секако тоа би дала и докторката не ризикувај
     
    На Cosmic Girl и DarkStormm им се допаѓа ова.
  4. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    2.840
    Пол:
    Женски
    Кога те читам исто син ми до сега три пати поврати, посебно млеко кога давам или во каша млеко млазови реки..
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Дур Вас ви кажувам што како, еве го и мојот :whew: Втор ден затнат нос со некој жолто-зелен секрет, без тт, без кашлица, се до пред саат време. Почна да си поткашлува дур спие, и наеднаш поврати. Побара вода да се напие, и за неколку минути пак поврати. Има некој стомачен вирус што кружи моментално? Се пожали на мешето, му ставам топла крпа цело време, му дадов пробиотик и него го поврати. Дадов и Наусолвит капки против гадење, се надевам ќе делуваат зошто поврати после 15 мин од кога ги испи. Му направив електролити, не пиеше, а ми е страв да не дехидрира;( Еве го заспува на 15/20 мин, и се разбудува од што има нагон. 3 чаршафи сменив, 2 јоргани, и сега ќе си перам до сабајле, секако ќе дежурам. И тоа ти е... Шта речи:x Нека поминува кај сите со лесно и побрзо
     
  6. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    4.878
    Пол:
    Женски
    Да тој се бори, расположен е, температурата ја држи, не давам антипиретици. Пријателката вели нејзиното дете 7 дена е истоштено, без температура (имал 1 ден и уште еден час наредниот ден) но воопшто не играл, само лежел и бил нерасположен. Таа ептен easy-going е. Никогаш антибиотик нема дадено, го замотала во ќебиња да испоти и не качил повеќе тт. 7 дена дома го чува, дури денес на доктор ќе го носи да проверат на слушалки.
    @Lisandra температура има од петокот од 10ч наутро. Според докторот ова е 4 ден, според мене 5ти. Пред крвната слика рече ако потрае ќе даде антибиотик, вчера кога резултатите ги виде рече нема ни потреба ни корист од антибиотик, крвната слика е одлична, ниту еден воспалителен параметар нема и немало простор ниту за дискусија. Требало трпение, вели родителите не се трпеливи и посегнуваат по лекови баш кога треба да издржат само уште ден-два.
    А инаку за млекото, никогаш не го поврати, сега мислам му се згади од сирупот Медогал.
     
    На julia87, Cosmic Girl и Skyler им се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    8.311
    Пол:
    Женски
    Има стомачен го поминавме пред 20-ина дена. Ќерка ми повраќаше преку 10 пати во една ноќ. На крај со инфузија се заврши. Трае кратко, третиот ден се е готово ама е интензивен и многу ги дехидрира.
    Со помин!
     
    На Корнелија му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    8.311
    Пол:
    Женски
    Ќе помине, вирус е очигледно.
    Еве од вчера вечер и моите се болни. Цела вечер не сме спиени само со температури се справувавме. Тинејџери се бетер од мали деца право да ви кажам! Мали дур беа што ќе им тупнев ќе примеа. Сега се свои личности, па не даваат да им кажеш...Сега не сакала да оди на лекар, сама ќе се лечела (спие цело време и тоа е лечењето). (facepalm)
    Син ми води инат, не сака да пие течности многу го болело грлото...
    Господе дај ми само трпение..
    И здравје зашто и јас сум изгледа на пат да се разболам, како и мене да ме префаќа...:worried:
     
    На DarkStormm, Корнелија и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Синоќа 5 пати поврати, жолтила, душа, желудникот си го повраќаше, се измачи. Денес 2 пати. Давам течности електролити, лепче печено, грисинки и една банана тоа е цел ден. Си викам да не го форсирам со храна, се жали на болки во мешето
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    2.840
    Пол:
    Женски
    Ова е некоја врста на корона гарант, сега и ние се префативме, чуствувам шлајм и тоа на гради :(
     
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.370
    Допаѓања:
    38.209
    Пол:
    Женски
    Грипот е полош од корона годинава.
     
    На Корнелија, Lisandra и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    4.878
    Пол:
    Женски
    Кај нас нема промени. Пак таа температура, пак си кашла, носот се растече и не знам веќе.. Докторот дојде го наслуша пак, рече чист е, ама може инхалации со физиолошки, оперил п да продолжиме по 3 пати на ден, меѓу оперил дозите да прскам спреј солен раствор. Сопругот цел ден лрашува дали има температура. Велам само дека има, а кога ќе праша колку е, не знам да излажам, а не сакам да паничи, за него 38 е веќе страшно и целиот се разочарува и пак антибиотици почнува да спомнува...
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    2.840
    Пол:
    Женски
    Малце треба за маливе да спуштат, јас два пати минатата недела го однесов супер рекоја ништо вирус, вчера по 3 дена темп рече малце го слушам на едната страна има ама подобро да спречиме рече да не се спушти скроз бронхит па на болница да лежите, носете го почесто нека го слушаат на градите, со помин да е.
     
    На Cosmic Girl, mal.ecka и DarkStormm им се допаѓа ова.
  14. Ds7

    Ds7 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2022
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Мајки колку време може да се дава на дете сируп за температура
    На нив пишува 3 дена. А моето веќе 4 дена е со температура и му давам неофен сируп
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.371
    Допаѓања:
    126.350
    7 dena imase tolku davav.
     
    На Ds7 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ds7

    Ds7 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2022
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Ти благодарам
    Моментално има 37.7 дали може да му дадам од сирупот
    За да може помирно да спие
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    4.878
    Пол:
    Женски
    Толку има и син ми. Веќе 4 дена. Не му давам. Го оставам. Ти одлучи си сама, меѓутоа ако спие мирно подобро да не дадеш, само следи го и мери да не се искачи. Јас барем така правам.
     
    На Корнелија и mal.ecka им се допаѓа ова.
  18. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    4.878
    Пол:
    Женски
    Инаку пак да пишам... Докторот препиша неколку лекови (антибиотици и нешто за инхалирање). Рече да купиме да имаме дома, но да не даваме. Сеа се загрижив да не случајно и докторот се плаши да не се искомплицира деновиве.... И членката погоре што рече брзо спуштаат на бели дробови децата...

    Ужасно кашла. Се заигра, трчаше, скокаше многу и после кога застана не можеше да се смири од кашлање... Од многу кашлање пак исповрати... Му дадов пред спиење Беладона пак... Демек температура од тоа ќе спуштало. А јас како јас и на интернет изгуглав за low grade persistent fever, пишува дека е безопасно во повеќето случаи како резултат на вирус, но може да укажува и на бронхит или пневмонија..
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.371
    Допаѓања:
    126.350
    Moive se mnogu problematicni so tt.Posebno malava,kacuva i do 40 i ne spusta.
    Kaj niv najefikasno e masaza so 70%alkohil rastvoren so voda 1:1.
    I na bolnica taka i simnuvaat.
    Na taa tt jas ne bi dala,ama od strav na malava na 38 davam,na pogolemava ne.
    Sledi,neznam sto da ti kazam.Ti najdobro si go poznavas deteto.
     
  20. LucyLu

    LucyLu Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2019
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Брисеви правевте ли ? Мојата со одлична крвна слика и со проѕирни мрсули 2 бактерии во нос имаше. Чисто како совет ова мислам да направите ако не сте до сега.
     
    На Cosmic Girl и DarkStormm им се допаѓа ова.