1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Broken♡

    Broken♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Женски
    Здраво
    На одмор сме од Германија во Македонија па син ми (2год) се разболе. Го однесовме на педијатар рекоа бронхит.
    Во Германија кога имаше бронхитис му даваа помпичка салбутамол и ни дадоа маска за помпичката што се користи за деца. Е сега во Македонија ми дадоа ампули салбуаир кортаир и физиолошки раствор за да му правам инхалации дома со машина инхалатор околу 10-15 минути.
    Од вечерва пробавме син ми не седи ни 2 минути а камоли 10-15
    Врескање плачење итн.
    Јас сум млада мајка и не сум била по болници во мк па не знам и прашувам поискусни од мене. Дали овде во Македонија можам да најдам помпичка салбутамол што ќе можам да му давам на малиот?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    3.814
    Во Мк не верувам дека ќе најдеш таква пумпичка, не се користат такви пумпи таму, ете веќе ти и рекле докторитеџсамо инхалатор. Јас имам таква пумпичка ама јас живеам во Грција и тука само со таква се лечи кашлица со шлајм и бронхит, инхалатор не се користи. Ако имате некој да може да оди навака во Гр нека ви донесе ги има во сите аптеки. Ако не најдете во Мк.
     
  3. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    2.840
    Пол:
    Женски
    Како се викаат поточно? Ако може слика од пумпицата и шо се користи со неа за бронхит.
     
    Последна измена: 30 јануари 2023
    На Kallias2 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anngella19972018

    Anngella19972018 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Ве молам искуство со многу покачени леукоцити 30.000, и отечени жлезди позади ушите.
    Пред една недела беа мирни леукоцитите
     
  5. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Заушки (parotitis) да не е случајно? Имате дијагноза?
     
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Заушки или мононуклеоза проверете.
     
    На dromka и mira.mira им се допаѓа ова.
  7. Anngella19972018

    Anngella19972018 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    5 доктори ја видоа викаат не личи на заушки, жлездите и се отечени на топчиња како цреши по врат. Сега ке одиме за тестот за мононуклеоза
     
  8. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Има ли симптоми на настинка?
    На син ми веќе 2 месеци му се отечени, дури кога се врти на страна се видливи како топчиња, ама цело време со нешто се бори организмот, не сме имале подолга пауза од настинки..
     
    Последна измена: 31 јануари 2023
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anngella19972018

    Anngella19972018 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Само температура, и покачени леукоцити
     
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.856
    Допаѓања:
    30.803
    Пол:
    Женски

    Во Македонија има пумпичка за вентолин (тоа е самбутамол). Има специјални како маски за деца што се. Вака некако изгледаат претпоставувам:

    upload_2023-1-31_15-32-39.jpeg

    [​IMG]

    Ги користат деца што имаат постојана потреба од прскање вентолин. Ги има во аптека. Проблемот е што вентолинот е прилично опасен ако не се дозира прецизно. Ако сакаш да се префрлиш на вентолин треба да ви препише лекар дозирање. Инаку таков продолжеток за деца има.
     
    На KuklickaSk, Kallias2, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    да,тоа се вика babyhaler ,моето дете користеше додека беше малечок за астма во комбинација со пумпици вентолин,флуксотиде итн,може да се набави во аптека,а инаку дозата на вентолинот е препишана од педијатар зашто вентолинот орави тахикардија,е сега е момче големо кај мене и со години стрикно само на пумпица е што иде директно во уста за астмата
     
    На JoyJoy, Broken♡ и nevermet18 им се допаѓа ова.
  12. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20230131-173618.png
    Imam Takov Sirup, ama sum ja frlila kutijata Kade sto pise dozirenje, znae nekoja da Mi kaze?
     
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.712
    Допаѓања:
    145.067
    Три пати на ден по малa лажичка(5мл).
     
  14. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Fala, i dadov so spric öd blokmaks 5 ml:)
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    13.155
    Пол:
    Женски
    За инхалациитњ пробај пушти му да гледа цртани, песнички, да поседи мирен... Инаку салбутамол ти е вентолин, и мора да ги има во Македонија тие додатоци (како маска) за деца. Јас како дете имав такво. Консултирајте се со доктор, кажете им за терапијата што ја користи во Германија.
     
    На JoyJoy и Broken♡ им се допаѓа ова.
  16. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    3.814
    Оваа ја имам јас. Се става еден спреј салбутамол или фликстотиде или некој друг кој ќе ви го каже докторот и се прска пример вентолин 4 пати по 3 пафа или 2 или 3 пати по 2 пафа зависи од клиничката слика тоа ќе одреди лекарот. Вентолин се дава доколку има шлајмови да се отворат дишните патишта и полесно да ги искашла детето. Фликсотиде е кортизон кпј ги чува има анти инфламаторно дејство на белите дробови. Screenshot_20230131-215220_Samsung Internet.jpg
     
    На Lisandra и nevermet18 им се допаѓа ова.
  17. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    3.814
    Ете ваква имам и јас.
     
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.842
    Допаѓања:
    25.813
    Мононуклеозата дава и отечен стомак и некогаш повраќање, заради отркување на црн дроб. Имаше температура? Ако се сомневате во моно, однесете го детето на инфективна одма ќе ви кажат дали е тоа.
     
  19. Anngella19972018

    Anngella19972018 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Веднаш штом се појави бевме на инфективна но докторот не е сигурен што е, сега чекаме резултати
     
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.842
    Допаѓања:
    25.813
    Ќе покажат резултатите од крв што е, имаат таму можност се да испитаат. Со лесно!