До сега само со чепчиња сме. Сируп ниеднаш нема пиено... На 13,5кг ставам 250мг парацетамол и 125мг бруфен. До максимум 3 во 24часа. Под 12кг кога беше ставав парацетамол од 125мг и бруфен од 60мг.
Моето пред 3 месеци имаше, антибиотик ни дадоа и б комплекс, многу мирување треба, само на година ипол дете оди објасни му дека треба да мирува. На месец дена ги следевме параметрите за ензими на црн дроб, не и беа многу покачени па поминавме само со б комплекс, и режим на исхрана. За нецели 2 месеци и се вратија во нормала. Не се плаши ќе пројде, јас бев многу исплашена немав слушнато до тогаш дека и кај мали го има тој вирус, среќа добро поминавме. Ако те интересира нешто слободно прашај
Болест на бацување е дека се пренесува преку плунка. Во градинка ги бутаат во уста истите играчки сите. И подобро е како помали да го поминат, полесно проаѓаат а дава траен имунитет . Кај тинејџери многу често во болница се завршува
Џабе давате амоксиклав. Кај никој веќе не делува од тоа пиење 'за секој случај'. Кашлица без крвна слика што укажува на бактериска инфекција (високо црп, високи леукоцити) не се лечи со антибиотик. И да спушти на плуќа, а е вирсна пневмпнија, пак не се лечи со антибиотик. И јас и малиот бевме претходнита недела со пневмонија. Јас на две крила, он со бронхиолит. Пројде со инхалации со кортеир. За докажана бактериска инфекција, прв пат во 3ипол години дадов во ноември, директ Панцеф. Одма слушаш 'како прв пат и одма панцеф, јак е', ама тој муабет нема врска. Нема слаб и јак антибиотик, има што делува и што не делува. Не е за тебе директно коментарот за анѕибиотикот, општо е дека се злоупотревуваат антибиотиците. вие имате бактериска, и треба да пие, ама џабе се мачите со амоксиклав.
Втор ден само на АД е малиот, не сака да јаде ништо друго, 13м е, вироза тераме, со тт над 38.5,можно ли е да дехидрира иако пие млеко над 600мл? И малку вода. Електролити плука. Весел е, но поспан денес втор ден повеќе е омалаксан.
Мајки ова што може да е? Го има два дена ама сега некако ми дојде по изразено и поцрвено, и на двете обравчиња има
I staviv kapki za uvo, ama Bea otvoreni i na sobna temperatura 2 meseca, mozno e da se rasipeni? Uljeni se i data imaat do 2024
Здраво мајки Ќерката има 7 год. Од вчера има кашлица и температура 38 39.. Привремено се жали од стомачето. И давам Бруфен и Мукоплан.. Дали кружи некој вирус? И кој електролити најчесто им давате на малите?
Ние пиеме Панцеф, после 6 дена почнаа да се повлекуваат, значи мислам по спланати се не се подува и и тврди како што беа, за 6 дена треба да направиме пак крвна слика, мене многу ме плаши тоа што леукоцитите и беа многу покачени, плус и бактерија во нос има
Време треба за жлездите преку ноќ не поминуваат, леукоцитите и кај нас беа превисоки, за 1 ден веќе беа почнати да се намалуваат, а скроз мислам после отприлика 2 недели се намалија колку и што пиеше антибиотик, плус и ние бактерија во нос и око истовремено имавме и сите тројки ги вадеше наеднаш. Уште нешто не знам дали можеше да се задеси плус. Така да не сте сами, и ние истата комбинација ја имавме Ензимите ги испитувавте или сеуште не?
Nikoj ne ni spomna za toa da ispitame, realno vo nasiot grad nema dobri doktori, doktorkata na detsko neznaese Sto da pravi pa ne prati na polnokj na detska klinika vi Skopje, kade Sto ni kazaa deka nepotrebno sme bile, da ispitame za mononukleoza I brisevi, I dvete ispadna pozitivni. Navistina nema koj da me opravi, zosto se ispituvaat tie enzimi? Pisete mi ako sakate nemozam da vi pisam
Тие се да се види црниот дроб преку LDH, ALT ензими. Може да се покачени од моното, ама ќе паднат. Ќе ви проверат на контрола кога ќе одите.