Бактерија во носот имаат и која? Јас сум ставала хлорофеникол и спреј од диво оригано исто мн ни помага за бебиња над 6 месеци а амоксиклавот нас не ни делуваше за бактерија минатиот пат со него уште повеќе се влоши па го мењавме
Јас каде се не бев во систина ми рекоа џабе паничам сум малтретирала дете по лекари а детето се губеше веќе од толку дена температура и дадоа само витамин ц, после 2 дена уште беше со температура не прати матичната во козле пошто остро дишење, и дадоа таму амоксиклав бидејќи веќе на гради почнала на спушта а и без тоа докторката рече 10 ден е веќе премногу со температура да ја оставиме без ништо..
Хемофилис ифлуенца, антибиотик му помогна за кашлицата му се смири на големото на малово трицев му дадоа помалку кашла ама мрсулите не запреа како на почеток така сеуште. Ацидосалус ставам секое сабајле на големиот ама друго ништо. Спомна матичната тобрекс за во нос ама ако не примале антибиотик сега кога примаат не ми се става на своја рака
Мојата беше со тоа и на очите и во ност и плус уште една. Амоксиклавот како што пишав не помогна се полошо одеше па дадоа панцеф а тобрелс исто ставав и во очи и во нос ставај слободно 3х1 капка.
Бевте на лекар? И мојава е така ама викам да почекам да не е рано за на лекар, сабајле се жалеше на грлце и шприцнав прополис, и мешето ја болеше малку
Бевме да, грлото му е жар црвено и постојано качува температура а бавно ја симнува. Не делува Блокмакс само па ми рекоа да давам во комбинација со парацетамол сируп на 3 часа. Ако се жали на грлце подобро да ја види доктор.
Па да, ама омалаксана е кај ке ја носам па и ладно надвор, а таму се чека многу, сигурно ке ни даде крв и брисеви да испитаме. Можно е бактерија, други симптоми нема
Миев само со топла вода се потсмири не е скроз ама е подобро,капки не земав. Педијатар ми вика ќе помине реакција е од настинката и зголемен секрет.
После 10тиот ден се исфрлаат од вакцината, и не изгледа вака барем кај мојот не изгледаше вака,а се исфрли 10тиот ден и траеше 3 дена
Мајки ќе споделам една книга со вас.Мене доста ми помага да се справам со болештиниве и да не реагирам бурно (тешко е ,и почесто ми успева).
Мајки, дете година и пол денеска кашлаше 10тина пати, ама од кога заспа а и сега кашла по често. Сува кашлица. Јас бев настината, сигурно од мене се зарази. Што смејам да му дадам да ја спречиме кашлицава, или сепак да одиме на лекар. Нема други симптоми како затнат нос или сл, само кашлица
Мајки здраво. Што вирус ќе е ова стварно не знам. Изгоре детето од температура 2 дена, никако да симнеме 39-40 качува на 2ипол 3 саати. Правевме денеска кс и црп и испадна црпто 65, нели е многу ептен ме загрижува. Ни дадоа одма антибиотик цефалексин па ќе видиме како ќе биде.
Дали ставате чорапи со оцет и разладувате и кога сте дале блок макс? Или само ако качува а не можете да дадете сируп зошто е рано? И до колку температура качувале вашите деца кога ваделе сипаници?
Јас ставав сега пред некој ден кога после 1 саат од даден парацетамол почна да качува пак за да издржиме 4 саата за др доза. Исто ставав и сенф, ракија и алхохол. За сипаници не знам темп мојата немала сипаници
Денес крена температура, кога дојде до 38.2 му дадов блокмакс, се спушти и го држеше 6 часа, па крена 38.5. Го истуширав, но на 7миот час веќе му дадов повторно блокмакс бидејќи иако го искапив не се симна тт. Помина саат и пол од втората доза блокмакс, но тт не се спушта стои 38-38.2 Друг симптом освен температура нема, не кашла, нос не му течи. Се жали само кај забите внатре со прстето. Се исфрли на лице неколку ситни мозолчиња и на брадата. Дали можеби се предзнак на сипаници? Како ја симнувате тт кога не помагаат блокмакс/парацетамол?