Значи мајката помалку од пола саат била на форумов. Со будење на дете, воочување симптоми и инфо што и како да прави. И тоа од тука и предочиле да го буди детето и што да следи. Еве јас порано немав поима дека не треба да се остави детето да заспие, тука го прочитав тоа па откако ми заспа ми текна дека сум читала и пишував за совет, искуство... На многу од нас форумов ни е од голема помош, за многу работи немаме поим што, како и зошто. Еве и јас не би знаела кај да го носам. А и сигурна сум дека @didisi постовите ги пишувала во од што се вика, додека се спремале, сигурно не седела со нозе на маса пиејќи кафе. Се извинувам,ама морав.
@galapce Само на едниот образ има? Ако е само на едниот моето се има исфрлено кога лежеше на паркет. Ако лежело на песок, ако се потпрело некаде каде што лазела буба... Ако е само на едниот би требало да е поради контакт со нешто, ако е на двата не знам.
Детето падна и се удри на горното непце над единицат и двојката. И течеше крв за кратко време престана. Кога погледнав после имаше како рана баш над забите со засирена крв? Некој искуство слично?
Како симнувате температура со сенф, лимон и сода, масажи... не ми требало до сега па не знам а и страв ми е да не направам полошо со нагло симнување. Од време на време се стресува па страв ми е да го туширам. Педијатар вика да продужам со сирупи
Истото ни се случи сега брзо пред некое време. Утредента веќе ништо немаше, одма и’ помина. И јас испаничив, дека ептен крв и’ течеше, ама помина како на кутре. Не се секирај, ништо не е
Мајки до саботата стававме капки Тобрадекс се беше ок пред половина час почна премногу да му солзи и да му собираат како секрет очите, а почнува едното и да му отекува Дали смеам да ставам пак капки или премногу е краток периодот?
Направивте брис? Да не треба друга терапија штом не поминува. Или алергиски. Консултирај се со доктор.
Мајки, да прашам, повремено детево се жали дека и е жешко во мешето, околу папокот. Ништо хронично, некогаш одсабајле, некогаш попладне, не многу често ама во последниве неколку месеци неколку пати се има пожалено. Некој со слично искуство?Што би можело да биде?
А сигурни сте дека е бактерија? Дијагностицирана е? Оти исти и слични симптоми се и за алергија. Во тој случај џабе антибиотик.
@kristina.k @An-na @simona_baby Утре не работи матичната Дали за брис мора кај неа или? И како се зима брис? 4дена беше ок сега пак исто
Брис од нос, очи, уста се зема со стапче. Лесно и безболно. Каде и да одиш за брис можеш без упат, ќе оставиш л.к или з.к и кога ќе земеш упат ќе го однесеш.
Мајки ми треба совет. Синко си играл со пластично лажиче(оние за кафе во кафичиве што ги даваат) и одгризал парче. Татко му успеал да извади дел, ама не е сигурен дали е цело парче. Станува збор за парченце отприлика колку пола нокт. Се јавил на брза помош да праша дали да го носиме по доктори, таму му рекле да не го влечкаме, само да пратиме ситуација да не се гуши или да не повраќа, да форсираме течности и дека ќе го исфрли. Памет немам што да правам.
Ако е толку малечко парче, ќе го исфрли сигурно. Плус меки се тие лажички, а и го има гризено, не е оштро за да заглави. Не би требало да има проблем, само следи како ќе биди како што рекле.
Малата често се жали на умор. немам искуство со други деца,па кажете ми, дали се уморуваат вашите деца? Мојата преспива (има 3 години) ена во денот, и запсива во 9 вечер, станува во 6 и пол секој ден. Ако не преспие, заспива у 7, 8, зависи колку трчала у текот на денот, колку била активна. Е сеа ми е нејасно, на пример вчера еден саат печачвме после градинка и по еден саат ми вика се уморив, земи ме. Ја прашам како си уморна, вика се ме боли коа сум уморна. Крвта и е добра, нема анемија, срцето е здраво. Според мене, не спие често, не лежи, нон стоп е на нога, дури и јаде стоејќи, ама маж ми ми рече чудно дете да се уморува па си имам сега чивија. Се уморуваат ли вашите деца?