Јас ќе ти одговорам за мене ја мачкам по цело тело освен главче, исто разреден алкохол доста ми помага
После испиен антибиотик за бактерија мрсулите им прекинуваат ли? Не кашла ништо ама носот пак ко чешма дали пак да ги носам....
Кај син ми уште некое време носот беше растечен и кашлаше. Не го носев повторно, генерално беше подобар и одлучив дека е подобро да не го пикам во болни деца. Секако не оди во градинка, па намалив шанси за нешто плус да фати одново. Го следев и да имаше потреба тогаш ке одев.
Види според расположението на детето, исто дали има апетит, се случувало кратко време по испиен антиб да му тече носот и да прикашлува
Малата е две год, еве два дена веќе е затната, носот не и тече, но се чувствува дека позадински има секрет, не кашла многу но кога ќе се закашла се слуша дека е полна со шлајм. Веќе ми се смачи од природни лекови, сакам да и земам сируп. Што ми препорачувате да земам, бел слез или исландски лишаи, за полесно да го исфрли секретот? И дали ловоровиот лист беше за шлајм или за сува кашлица?
Мене, лично, исландски лишај не ми помогна.А бел слез 2 до 3 пати на ден во рок од една недела ме среди и искашлав се.Ама земав и лажица ленено семе потопено во млака вода да стои колку може повеќе,па да се изеде и испие. Исто и слезот да стои подолго во чаша.
За болка во уво што помага? Утрово си беше фит, трчавме надвор и пред дремка се пожали од едното уво, заспа некако и за 15тина мин вресна и плачеше дека го боли. Дадов парацетамол, сега е смирен.
Воспалено му е левото уво, и го боли, ја крена амбулантата во вис. Докторот прво спомна амоксицилин 7 дена, а кога го прашав дали има антибиотик за локално да се лекува, ми препиша капки, Ciprofloxacin. Исто 7 дена. Има некој лекувано воспалено уво локално? Ефикасно е?
Син ми 5 год нагло качи температура, тешко дишеше и шкрбаше со забите како да бладам нешто а забите му чкрипење, измерив температура 38.9 дадов далерон 8.5 мл дали се тоа фебрилни грчеви да го носам ли на ургентен?
Како реагирате при кандида поради антибиотик? Поради Алмацин последно му се јави вака, мачкав канестен и белогент по препорака на доктор, па спламна. Неќна му препишаа Зинат (мислам и дека во аптека лошо ми го растворија, првпат користи па не знам дали е логично да е со толку малку вода, ептен густ), после само две дози цела пеленска регија му е лом со кандида. Пак мачкам белогент и канестен. Како да реагирам?
Јас мачкав како тебе не помогна. Земи од Еурофарм маст, два пати го намачкав и му помина. Не верував и јас дека ќе му помине бидејќи многу му се прошири, ама се исчисти. Ќе ти пратам слика
моето (сега 10 год) два пати имаше воспалено уво и во двата случаи пиеше антибиотик. Првиот пат и на ушно бевме и му чистеа уши. Ми рекоа џабе антибиотик, тоа само привремено помага ако не се чисти носот и увото пак ќе понови. И вистина, после 2год пак се понови воспалението
Posledno koga primase antibiotik doktorot mi rece obavezno probiotik da davam I b complex za da ne se pojavi kandida
Син ми веќе две недели се мачи со мала раничка во уста, афта не е туку како мало израсточе не можам да сликнам.. Ни метиленско плаво ни прополис му помогна. Во аптека рекоа се гризе дур јаде и затоа го боли. Совет ?
Не е лошо растворен, таков е. На секое давање мораш многу да го клатиш. Давај и пробиотик обавезно, 2 часа после антибиотик или пред, како ти одговара.