И кај нас бел слез повеќе помогна, исландскиот исто како ништо да не пиел. И тоа конкретно Експулмо од зегин, Хербион ништо.
Ќерка ми пет и пол години малаксана е и има температура 37,3 од прееска. Вели дека ја боли главата. Од настинката е? Помош и совет ве молам.
Син ми вака беше кога прележавме корона. Прво се пожали на глава и ниска температура. Значи може од вироза да се случи. Ако нема висока тт јас би дала помала доза парацетамол заради главоболката.
Скоро 6 години има Температура 41 Кога ќе качи 41 колку долго смее така да седи без да и дадам сируп парацетамол или ибупрофен? Или мора одма да и дадам? Не се поминати 6 часа од ибупрофен, а парацетамол не сака да пие за жива глава. Па дали со сила да и дадам или не е страшно саат- два со тт 41?
Бевме на лекар. Рекоа до 5 дена може да потрае. Вирус е. Само не знам дали со сила да и дадам парацетамол или може да почекам еден саат до ибупрофен? Прво помалото беше 3-4 дена со тт 41 па сигурно истиот вирус е, се е исто, исти симптоми. За 3-4 дена помина на малото. Големава 2 дена веќе, денес на лекар бевме.
Леле брзо да минува Јас не би чекала на сила ако треба висока е температурата, тоа што се мора се мора, во меѓувреме раслечи го детенцето
6 години не е мала може и апче парацетамол соодветна доза. Во меѓувреме полни када и нека се излади. И ако не се поминати 6 саати, давај што мислиш дека ќе испие, ама побрзо. Има дневна доза што не смее да се пречекори, јас толку не би се држела до саатот.
Дадов ибупрофен после 5 саати и 20 минути. За 40 минути не верувам страшно дека е. И дадов прво парацетамол и зградата во вис ја крена, одма виде дека не е ибупрофен, а во шприцот од ибупрофен и го ставив ама не можеш да ја излажеш. Ќе барам во аптека утре парацетамол со друг вкус. На малово давав со сила, исто го нејќе, ама на поголемо дете не можам со сила некако. На лекар не ми рекоа дека е страшно 41, ништо не искоментираа. До сега 40 максимум имам видено на топломер. Прв пат гледам 41 не знам што вирус ќе е. А правило нема после колку време откако ќе качи тт да се даде сируп? Секогаш одма сум давала ама да не има некое правило? Јас давам кога ќе престанат стапалата ладни да се.
Ако знае да голта апчиња, подобро давај апче, не ја малтретирај со сирупи. Брзо да помине и со лесно да поминете ноќва. И јас се држам до тоа да помине треската те ладните стапала, ама последниот вирус на 4 саати давав оти брзо креваше и многу се мачеше,
Ни еден педијатар не ми дал такви препораки, ми кажале кога ќе крене над 38.5 тогаш да давам така и во извештаите пишува, дете малаксано не гледам причина да чекам да се мачи, комбинација блокмакс и парацетамол на 4часа ако гледам дека пак крева над 38.5 топломерот и состојбата на детето ми е показател
Дали сте давале Pro Life пробиотик од тие во флакони што се за дете 2 год и 3 месеци? Ми ги дадоа во аптека, ама нели е многу 10 мл за дете? Инаку на упатство не пишува посебно за деца. Едно флаконче од 10мл е една доза, дневно. @Alishan30 како докторка те тагнувам
И јас давав. @gjoker4e Само што го поминавме вирусот исто качуваше 41-41,5. Давај подобро апче бруфен, парацетамол не ја симнува.
Исто и кај нас @TiniMini И тоа еден од фитофарм Алтеа од бел слез за 90 ден ,за два дена шлајмот го раскапа и исфрли. @Lovebug01 и јас сум давала од истите на таа возраст.
Син ми 5 год качи во сабота навечер температура, вчера беше подобар, почнавме со виранто и спреј за нос, денес од сабајле почна да кашла, носот полн.Дадов виранто и инхалација му направив со дексазон и спреј мералис.Имам еден инхалатор а правам инхалации и на бебето на 12 часа со пулмикорт бидејки и тоа ми беше болно, имаше ларингит сега е подобро ама треба уште 2 недели да му правам инхалации со пулмикорт.Е сега дали смеам да го користам инхалаторот за двете деца, го попарувам со вода и маската ја бришам со алкохол, дали бебето може да ми се доразболи од инхалаторот што го користи и бато?И како да го изолираме бебето, и да го чувам во друга соба одам јас кај големото, тоа па лепенка е за мене, од што не му е добро и плус уште е љубоморен на бебето.
Помага ли трицеф за воспалено уво? Нели е многу јак антибиотик? Ама ајде може и кај зелениот секрет ќе помогне, веќе месец дена го има, гледам широк спектар на употреба има. И како одредуваат докториве кај уво што да препишат? По кој критериум?