Син ми за воспалено уво почна прво со трицеф, 5 дена пиеше, па после сумамед 2 дози уште 6 дена па Панцеф на крај уште 10 дена, го отруја со антибиотик едвај му помина.
Уфф греота, жал ми е. Цело време ли имаше болки и температура? И не ми е јасно, тестираат значи кој антибиотик ќе помогне?! Мене ми спомна еден во саботата Амоксицилин, ама не му давав и од ноќва почнав со Трицеф, рече 7 дена утрово по 2 пати на ден
Многу јаки болки имаше и температура, пишував во друга тема воспаление на уво, и долго траеше скоро цел месец
Те читав и пред тоа кога си побарала локален антибиотик. Зошто сами барате? За уво се работи, во глава е, не ви е страв? Уво боли страшно, ти иде глава да акнеш од ѕид, а тоа е дете... што знам, некако не е за бирање по желба антибиотик или капки... Давај Трицеф и не му се мисли, тој е еден од подобрите антибиотици, сеуште, само од него успеваме од прва да излечиме состојба без притоа да се направи рани на газето.
Излезе дека тој локалниот бил посилен и се давал кај повторувачки воспаленија во уво. Секако го имав трицеф дома и го почнав уште вчера, се надевам ќе помогне Инаку не барав сама, само го прашав дали постои и му кажав дека има реагирано на пеницилин. Можеби затоа ги препиша. Секако дека сакам детето да ми оздрави што побрзо
Не ме сфаќај погрешно, те молам, ама на ум не ми паднало да се сомневам во одлука на доктор, што знам, затоа и чудно ми е. Ако доктор рече треба антибиотик, треба и тоа е. Иначе локално лечи болка, воспаление, а ако има бактериски процес не помага локално. Од лично искуство ти кажувам. А поболно е да лечиш уво со капки локално отколку со антибиотик, секоја капка ко олово се осеќа.
Не те сфатив погрешно. Секако дека многу пати сум се сомневала во мислење од доктор. Но, и покрај тоа сум следела инструкции, ако не сум имала можност за второ мислење. Тоа беше во саботата вечер на детска амбуланта препишано, плус дека викенд. Инаку овде праксата за деца над две години е да се почека 48 часа, да се третира само болката и ако тогаш не помине се вклучува антибиотик. Тоа утрово ми беше потврдено и од матичниот ама штом сме почнале да продолжиме со Cefpodoxim (Трицеф). Мене нешто не ми даваше да чекам
Не знам дали си имала мака со уво ти, како возрасна, тоа е неподнослива болка, ти доаѓа да се треснеш од ѕид. Јас имам многу пати страдано од болка во уво и ти кажувам од искуство, побрзо лечи локално антибиотик ама помачно е, секоја капка ја осеќаш болно и неретко само максираш инфект, а со орален антибиотик широко делуваш и не само на уво туку и на нос и грло делува и потрајно се решава ситуацијата.
Кај син ми последно трицеф не помогна само сумамед. Претходно па со две дози амоксиклав , зависи колку е воспалено. Мене кога и да прашам за нешто локал во уво ми имаат кажано на орл дека подобро е вака, а некогаш ни давале декса со неоминицин капки, зависи од проценка на докторот.
I mojot sin bese isto jas ti ja preporacuvam kremata weleda od samo dve mackajna odma bese dobar I poveke mij go namesto maramici da koristis kremata ja ima po apteki za deca e jas vo zegin ja kupiv ke spomnes deka e za pelenski osip
Кандида се храни со шеќери. Во тој период намалите шеќер. И Канестен мачкај. Што имаш препорака пд педијатар?
Не конзумира скоро воопшто шеќери. Само овошје јаде, благо нема јадено долг период, и кога јаде тоа е само една крем бананка. Матичниот ми препиша белогент и канестен во комбинација.
Син ми во неделата беше искасан на грбчето и нозете од нешто, најверојатно од пајак, алергија му се појави на кожно му дадоа лоратадин, сношти се напи втор пат од лоратадинот сабајлево овие му се појавија нови само на челото и рацете, како бледо црвени флеки малку се сеќаваат на допир. Дали имате искуство од шо можи да е?? Ме чуди шо и со сирупот му излегваат пак нови И ако е од храна одма треба да јави реакција?? Тој ништо ново не јади, воопшто нејки ни да проба нова храна, ама вака е од ко стана
Имам искуство со себе. Ме касна нешто ми потече цела нога. Бев до аптека да земам нешто за мачкање, апотекарот ми рече ти си за на Итна не за во аптека. 4 дена примав синопен инекции. Тек после третата доза престана да ми отекува местото и да ми излегуваат нови отоци. Мене само на ногата ми се појавуваа во околина на каснатото место. Консултирајте те се со педијатар за секој случај.
Ок фала ти. Ке го однесам после да го ѕирни матичната втора смена е, само не ми беше јасно дали е нормално да излегваат нови црвенила, ама затоа се пие 5 дена сирупот сигурно. Си реков кој ке ја превртва пак цела куќа да барам бубачки, ова на каснато од пајак ми личеше и вистина најдовме мало пајаче кизнај од кај го донесе, а овие денешниве црвенила не ми личат на каснато...
Здраво! Дали знаете дали Др.Данило Нонкуловски, невролог педијатар прима со приоритетни упати, или мора термин со оглед на тоа што се 3ца доктори за цела држава..? Ѕвонам од сабајле на некој број оставен на страната, никој не крева. Благодарам
Септаназал прскате во носето кај дете? Април ќе ппрај 3 години а е затната а мрсули не излегуваат од носето. Купив во аптека и аптекарките шубе ми напраја да не давам, а не можи да заспие, се осеќа дека и е постепена слузницата.