Денес после фризер приметив како некои ситни дупчиња без коса на синко 4г. Дали јас си правам филм или навистина да посетиме доктор?
Нас ни даде педијатар капки Бисолвон за инхалација. Мајки од што може да е воспалена жлездата на врат кај дете? Знам дека се воспалуваат жлездите при болест, но сега е релативно здрав,чат пат ако се закашла. Од десната страна му е баш изразена како топче и на допир тврдо. Од другата страна не можам да забележам. Дали да кревам паника?
Во четвртокот го допи лоратадино за алергија од каснато најверојатно пајак, му се појавуваа во меѓу време црвенила по лицето на сабајле само ама се губеа за брзо, вчера не пиеше сируп, и сабајлево ко стана шо да видам, косата ми се крена од шо можи да е?? Немам памет веќе, пред три дена ја прашав матичната за црвенилата ми рече до 10 дена ќе се појавуваат ама денес се многу, и дали можи од каснатото уште да се појавува??
А од шо можи да е? Само шо стана уште немаше јадено му се појави, на лицето нема сега му се исчисти ама на телото уште има..
Не би знаела. Од храна, без разлика дали е давано нешто ново или истото го јадел како и досега, од прашок, од лекови, од креми... Може и од каснато, ама ако поминале неколку дена од тогаш, не би требало да е уште од тоа, освен ако константно има нешто што го полазува или каса.
Што значи уртикарија? Моево го лечеа со урбазон во Козле. Јас викам дека алергија не се лечи, ама беше многу исипан. Двајцата бевме на диета, не испуштија после 8 дена, после 1 недела на контрола пак исипан. Правевме алерго тест во Авицена, излезе дека има трагови од лешници, кикирики, рак, помаранџа, пченично и ржано брашно и сусам. Вчера гледам дека и палетата има глутен. Денес е подобар. Јаде ориз и пченка, овошје, зеленчук и месо. Дали може да има уште алергија од производи што пишува на нив дека може да има трагови од глутен? Веќе све безглутенско гледам да земам. Не знам дали да го носам и на клиника или какви други тестови да правам. Цел стомак и цел грб е исфрлен, плус позади нозете,на нозете мачкам крем, тоа е сува кожа, ама телото ептен ме плаши.
Уртикарија е осип како пликови што шета по цело тело. Причини може да има многу, и треба да се направат тестови за да се открие што е главниот тригер. Ако детето е алергично на глутен или јатки, треба да се избегнуваат сите производи што може да ги содржат и во минимални траги. Ама тоа е прилично тешко, особено кај нас, тие производи треба да бидат декларирани дека се чисти.
Не е лошо да го видат пак. Нас не хоспитализираа, лежевме 1 недела. Од што беше реакцијта се уште не знаеме, бидејќи алерготестовите не покажаа дека на нешто е алергичен. Фала му на бога веќе не се повтори.
Ова е типична уртикарија. Замени го лоратадин со деслоратадин. Мачкај бетаметазон на осип наутро и навечер. Во текот на денот некој лосион за хидратација ако имаш нешто мед. козметика уште поубаво. Диета обавезно, никако не давај јајце, мед, домат, циструси, од страна на месо само пилешко варено, витамин ц ако даваш прекини го одма. Алерго тест не се прави кога има активна алергија и кога пие антихистамини. Минимум 10 дена да нема земено антихистамин пред алерго тестот
Само што сакав да прашам ама гледам си упатена па ќе се надоврзам. Имаме закажано за алерго тест на 28 Февруари,малата пие Зиртек,значи од денес веќе да не давам?
Да, рекоа дека е тешко, ама го боцкаа 8 дена за пак да се појави осипот. Давам чиста храна плус пченкарни и оризови галети. Едино мислам и дека цица па и јас да не јадам леб, друго не знам. Испитував е алергија додека имаше осип, не знам дали е веродостојно. Има само траги.
Матичната ми рече да продолжам со лоратадин уште 7 дена, пак му дадов денес. Незнам дали да го носам на кожно за преглед, црвенилото го снема кон ручек, дур да го однесам ке се изгубат пак, незнам шо да прам.. Таа ми кажа уште пред некој ден дека до 10 дена ке се појавуваат црвенилата, само ете мора да се третира уште.. На кожно тогаш ко го однесе татко му му кажале само чипс смоќи и сувомеснато никако, тој не ни јаде секако а за јајце незнаев, ама и не ни има јадено деновиве мислам..
Да, и ние лежевме 8 дена пред 2 недели. После 1 недела на контрола сменија терапија. Сега давам сируп летизен пред спиење и пробиотик и мачкам со еден крем. Пак да одиме рекоа после 1 месец. И кај моево тестот е негативен, има само траги. До вчера давав палента, па да видам дали е до тоа.
Уртикаријата може да трае и до 6 мес. Сега ќе ти кажам што смее да јаде: варен ориз, варен компир, бело сирење, кисело млеко и јогурт, посни макарони, посни бисквити, соленки, јаболко, круша, банана, зелка, краставица, пилешко месо и риба (пастрмка, крап) Ако успееш да се придржуваш до ова е одлично
Нормално дека да тоа треба матичниот да Ви каже. Резултатот нема да е точен ако детето е под терапија за алергии.
Тој ако го јаде ова јас ќе сум најсреќна Тој јаде само јајце, тост со кашкавал и путер, корнфлекс со млеко, палента, супа и пилешко друго ништо нејќи ни да проба..
Фала ти што ми одговори. Ќе и правам имунолошки испитувања. И дадоа трицеф затоа што на брисот пак испливаа тие две бактерии. Носот од две дози испиени е далеку подобар. Не знам како да ја закрепнам после толку антибиотици. Не стигнав да ја однесам мрп да прими, нон стоп болна. А во градинка иде. Се надевам ќе се најде нешто што во следни (не дај боже ама изгледа неизбежни) ситуации да реагира од старт