Ефикасен сируп за температура освен Блокмакс и Далерон кој да го барам? Ова прв пат ми се случува, син ми од синоќе симнува најмногу до 37.8 и пак качува, ова Далеронот врска нема, претходно со туширање се симнуваше, сега малку симне и пак каче. Се намачи Вирус ли има некој? Има само температура и малаксаност.
Ние ефералган сируп корисѕиме , нас супер ни делува , инаку вирус е некој страшен ние дома тројцата сме крш , маж 5 дена беше со тт под 38 не симна со наод на бели дробови со се , јас и бебе по еден ден тт само ама затнати сме не можеме да дишиме , со инхалации со не знам веќе што не
Мајки искуство со болки во стомакот кај деца? Почна да повраќа понеделник само еден ден од средата трмпература и кашла ама дете цела недела само плаче од стомакот не ни спие од што го боли го носев на детска ко стигнаа ништо спектакуларно една да испиен и пробиотик му дадов пак е исто само плаче немам памет веќе кај да одам...
Мајки на деца со повторувачки бронхити,кои испитувања ги правевте? Кс чиста стакло,закажано имаме за алерготест.Што друго?
Брисеви? Некои деца едноставно се такви, болежливи. Со една мајка од зграда фативме муабет, нејзиното секогаш спушта на плуќа. Еден ден болно, утре на плуќа. Температура никогаш не качило. Син ми затоа нема спуштено на плуќа никогаш ама па секое вирусче и бактерија со температура ги помина. Големи се шанси и да е алергија. Ама да се открие на што.
Дали при варичела е нормално да се зголемат лимфните жлезди на вратот? Син ми ги извади без темепратура и прилично ретки беа, немавме мака ама еве пети ден е денес и ѓлездите му се потечени многу. Пред две недели кога бевме во систина на преглед, го пипаа на вратот и немаше ништо. Така да од сега му се и ептен се приметуваат и без допир
Мајка исти сме и ние. Од петок со температура и качува околу 39.5, ке му дадам сируп и симнува до 38.5 најниско. На почетокот пиеше Неофен па почна да не му делува па му дадов парацетамол и со првата доза спушти сагламски и живна малку дететво ама веќе вторава доза не делуваше нешто многу и намали само до 38.7. Овој некој тврдокорен вируис ке да е. Вие како сте сега? Јас еве во паника се мислам дали да го носам сабајле на доктор или да го ладам на природни начини и да го носам кај матичен во понеделник
Јас пред некое време пишував дека син ми има изразена жлезда на вратот. Го однесов на лекар и докторката кога го прегледа кажа дека е затнат со секрет од позади,што вака на прв поглед нема да забележиш. Ми објасни дека жлездите се како блокатори и при болест или настинка се активираат,т.е.воспалуваат. Загрижувачко ќе биде ако по оздравувањето не се повлечат,инаку не е проблем.
Има и син ми, неколку од двете страни позади на вратот, но еден јазол лево е најголем, се гледа и со голо око кога ја врти главата. Неколку месеци ги има, откако почна да се разболува во градинка. Мислам дека подолго од една недела не бил скроз здрав од октомври наваму... Доктор ми рече до некоја големина како зрно грашок се нормални, значи одбрамбениот систем работи. Но, и јас сум загрижена и ги следам
Сега е добар, ама скоро два дена беше со температура, со Ибупрофен почна да ја симнува. До сега секогаш ја симнуваше, сега тешко, испаничив и јас, сега чекам мене и мм да не фати
Pneumoslajd napravete, so upat od maticen vo mikrobiologija e ne poveke od 100den. Po privatnive labaratorii se okolu 3000. Nas toa ne spasi ednas, odma se vide sto predizvikuva problem i se dade soodvetna terapija inaku dzabe ke se truete so antibiotici sto ne deluvaat
Во Пп само на приватно може,3300 . Ама штом не кревала тт не било неопходно.Ако треба ќе направиме и тоа
Уртикарија на син ми кога е болен знае да му се јави не установите кои е трилерот на клиника ми рекоа од се може да е а е мал за да се испитува 2 год е, обично со четири му се смирува ако нејке еднаш го носев на дежурен го боцкаат урбазон пошто цел ден не се смири и почна цел да исфрла... јас а се зачеша веќе паничам
Вироза е мајка стомачен вирус кај нас трае три четири дена напорно е ама повеќе течности електролити пробиотик и наусолвит капки со лесно нека мине
Мајки од петокот и ние сме вака, само тт 39.3 па симнува до кај 37.3 и пак исто.. ама жив си е , јаде пие не е нешто многу кутнат, ама еве не мине уште не држе, незнам дали да правам кс утре, дали да го носам на матичен
И кај мене до сега кога качуваше вака му беше, весел, си јаде си пие, симнува до 37.ама овој пат скоро два дена лежеше по некое залче лесна храна, и цедени сокови, а температурата никако под 38 не се симна. Среќа помина. Ќе помине и кај вас кај некои 2 дена кај некои 3. Битно овие вируси децата ги намачи