Сега мене ме фати од денес, ова е ужас, искрено аман од вирусите, јас никогаш се немам од дете разболено, сега преку два месеци јас сум со вирус. Навистина е измачувачки, јас возрасна офкам не па дете. Едвај чекам да заврши учебната година
Јас бев на лекар ми рекоа вирус дека пред тоа беше болна со температура 2 дена. И давав терапија со фенистил 5 дена ама уште некогаш знаат да се појават и се чеша. Незнам дали да одам пак на доктор. Не сум во Македонија и овде не ти даваат ништо.
Ако е така треба да се направат подетални испитувања мора да има некоја причина. Кај нас траеше една недела стомачен вирус еве уште столицата не је регулирана ама со пробиотик ќе се среди се надевам. Со лесно и пиши како ќе бидете гушки до вас
ние го имаме microlife што е за во уше го зедовме од еурофарм и сме презадоволни, проверено и со топломер под мишка покажува иста температура
Здраво дали може некој да ми каже што значи зголемено pdw, Керка ми има 5г до сабота некни пиевме панцев поради воспалено грло а вчера почна да се жали на главоболка, омалаксаност и темперстура од 37,5-37,9... Докторката препорача крвна слика ама е поручок на работа па ако може некој да ми каже дали кма простор за паника
Син ми има сипаници, прочитав за хиперманган кристали за бањање ама во аптека му дале течен намаж ми, му релжкле дека е веќе растворен, ама некако ми е страв, како се користи тој, се раствора ли плус таа течност или од него со памукчеда мачкам дирекно, така му рекле во аптека? Ве молам за совет
Што мислите за Фурал сирупот што е за пролив и повраќање? Само тоа го имам земено од Мк, а сабајле имаше многу пролив па и дадов.
Колку е розева водата? Ако се капки некои, плус ќе треба да ги раствориш. Во 1ипол 2л шише ќе ставиш колку да стане розе/лила водата (ама светла) и со таа ќе го полиеш на крај од бањањето.
Вакво е, незнам како се користи, во аптека му рекле дирекно со памук да ги мачкаме брунки те, син ми ме дава да го чепне е, цел е нафрлам, го мачкаме со пудра неколку пати даде сега веќе не дава, купив пена и од таа бега ладно му било, само дава да го туширам среќа.
Пробај во шише 1ипол 2л со топла вода, додади од ова. Исто ваљда ќе дојде како кристали да си ставила. Ќе дојде боја светла розе (онаа како розев швепс или расолница, незнам како другше да ти ја опишам ).
Мајки што вируси кружат сега? Вчера одеднаш без никакви симптоми крена тт попладнето, вечерта пред спиење отиде и до 38.7. Дадов далерон,јас симна ,се испоти и од тогаш нема качено. На газето има едно пликче,не се жали,не го боли,на аголот од устата исто 2-3 како точки од кои едното личи на плик. Исто така малку е исфрлен на внатрешниот дел од устата кај долната вилица. Што може да е?