Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.248
    Допаѓања:
    4.914
    Пол:
    Женски
    Како да разликувам варичела од морбили, на синко прво се појави една брунка на челото кај скалпот, а утредента избија други на телото по стомаче прво. Како водени меурчиња. Ама сега ме буни што има висока тт и грлото е црвено со бели точки и има пликови како афти во устата и на јазикот, такви слики видов сега за морбили и памет ми штукна.утре ке го носам пак на лекар.
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.171
    Допаѓања:
    107.258
    Пол:
    Женски
    Срце мое, батали ги докторите таму, земи упат за детска пулмологија, докторката Виолета мислам на Ж беше презимето, она ќе ти каже што да испитате и одма ќе ви земат крв. Кај нас направија пнеумослајд, алергии, витамински и минерален статус, диференцијална крвна слика и уште едно испитување не знам што беше. Еден куп крв извадија, ама тоа е. Парите ќе си ги дадеш таму а пак се нема да испитаат, фаќај патот на детска клиника. Нас матичен не прати после 3 последователни опструкции, најдоа алергии и интолеранции, баталивме се тоа и се смири ситуација. Од тогаш 4г скоро само уште еднаш спушти сега кога тргна во школо, али далеку полесна слика од претходната.

    Мислам дека кај морбили се покрупни бубуличките, се групираат како грозд и стануваат еден голем плик, кој неретко крвари и гнои. Така ми е останато во глава од сликите и описите од книгите на мајка ми. А не е ретко и внатрешно да се нафрла и многу да има и да има тт и болки. Тоа е, имунитетот му бил многу ослабнат, сте биле под атб претходно дополнително сте го ослабнала и сега има таква слика. Ти носи го, но мислам дека не е морбили. Не знам бебе колкаво ти е точно, но од искуство на јатрва моја, бебе фати од бато, на 40 дена, бато беше цел од глава до пети и во уста, дури и во око имаше едно точче, бебе пројде со 10 брунчиња и ништо друго.
     
    На tina2018 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.248
    Допаѓања:
    4.914
    Пол:
    Женски
    Вчера беше со тт 40.4, со чепче спушти до 39, и цело време така, преку ден дадов околу 12 чепче парацетамол од 300, цел ден дете преседе со тт 38.8-39.3,го туширав, седи по маичка и пижами, собата 22 степени, во 21.00 дадов парацетамол наместо да спушти во 01 ч. имаше 40.4 му ставив пак чепче спушти до 39, на главата позади има излезени топчиња жлезди, во 02 нокеска маж ми го однесе на дежурен на детско му рекле нормално е, да оди на инфективна ако сака ама подобро да се врати дома, отишле на инфективни не им отворил никој, се вратија дома во 4.45 пак дадов сируп, пак не спушти, пак го бањав е,еве дури сега нема тт, сега мерев е 36.5.Нема јадено ништо, спие, ке го оставам да се наспие малце, се надевам дека веќе нема да крева денес. Денес е пети ден од осипот. Се измачи дете, се жали дека го боли и стомаче и нозе, и многу го чеша осипот а на мачкање вика дека го боли. Цел е со брунки во глава по коса на лице,уши, во уста, грбот цел стомак, дури и на курето и газето е исипан а надолу се поретки по раце и нозе. А грлото е како кај ангина црвено со бели точки и афти како пликови има.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    18.565
    Леле душичка,жалосно...електролити даваш?
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.171
    Допаѓања:
    107.258
    Пол:
    Женски
    Оф бе душа мила, бар се осигура дека не е морбили и ти олесни. Нема правила со сипаници. Инаку синко мој исто појави жлезди и до ден денес се појавуваат на секоја настинка, нормално е. Гушкам и брзо да помине.
     
    На macalavica и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    773
    Дали може да се дава орс алвоген и дали има корист,при тт кај деветгодишно дете ,има само тт ништо друго,крева на 7-8 ч ,давам сируп се симнува и после пак крева со тт е 24 ч односно од вчера.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.223
    Допаѓања:
    27.813
    Разлика меѓу морбили и варичела е што со морбили се исипуваш од глава надоле и согласно исипот до каде е стигнат, знаат докторите колку дена е инфекцијата.

    Со варичела се појавуваат брунки по цело тело, нема баш ред, ама најчесто прво искача на чело и на грб.

    @macalavica ако има уште темп и ако и грлото го боли носете на инфективно. Вака тешко проаѓање на варичела може да направи и секундарна инфекција.
     
    На mal.ecka, JoyJoy и tina2018 им се допаѓа ова.
  8. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.248
    Допаѓања:
    4.914
    Пол:
    Женски
    Денес беше добар, се играше преку ден, до кај 6 и пак крена 38.6 со разлика од вчера што беше весел, не е малаксан, пиеше течности и јадеше малку, се врати во форма одма зборлив, има нов осип ама не го чешаа денес, сируп дадов дури во 8 на 38.7. Ке го проверуваме ноќва секако. Ке го однесеме утре матичната да го преслуша што кашла, не е често кашлањето ама кога ке се закашла како со секрет кашла и да му го види грлото. Пред две недели лечевме стрептокока во грло испи амоксиклав па сумамед таман тоа помина по неколку дена изби сипаници. Имунитетот му е многу намален, и не јаде воопшто овошје и зеленчук, само глупости и кечап, витамини му давам преку лекови.Страв ми е на инфективно да го носам да не закачи таму нешто ново плус сега многу има пак и грип и ковид, ке го однесам кај матичната ке ја викнам да излезе надвор да го преслуша во кола да не го мешам со други деца таму. Ваљда ке знае да не оправи натаму. Мислам дека више идеме на подобро, тоа што е весел ми е добар знак.
     
    На JoyJoy и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  9. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.712
    Допаѓања:
    3.381
    Пол:
    Женски
    2 години...дијареа и повраќање ваја капки дадов исповрати после тоа се истуширавме и заспа без да се напие нешто како им давате течности на сила бидејки не сака а ми е страв да не дехидрира и на кој начин им даваат инфузија на толку мали деца...извинете на глупавоста прв пат ни е... некој совет за лекарства електролити и пробиотици чаеви и слично?
     
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    18.565
    Земи орс електролити. И така голтка по голтка се даваат. Ако нема друг начин капнувај со шприц. За повраќањето капки наусловит јуниор. За дијареата пролајф ампула,делува веднаш
     
    На Malesia и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    34.826
    Пол:
    Женски
    Ако сака да ги пие нема штета од нив. Ќе го освежат.

    @Malesia даваш по малку со лажиче или било какво шишенце од кое ќе прифати да пие. Ама и ако пие по малку се дава течност за да не се дразни стомакот дополнително.
    Чај не знам каков би дала, ама електролити земи Алвоген ОРС најубав вкус имаат. За да смириш повраќање или Наусолвит капки или Локомотив сируп и девете се на база на ѓумбир. Некогаш е и добро да не им дадеш ништо два саати за да се смири желудникот па потоа по малку електролити (секако се даваат едно по едно лажиче со размак од 10-15 минути меѓу секое).
     
    На ubavka1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.712
    Допаѓања:
    3.381
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам од сабајле веќе е подобро и сирупче дадов и електролити и само водичка
     
  13. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.583
    4ден како малиов крева тт само во спиење.. направена крвна слика црп две мирно мала настинка ни рекоја и ништо само парацетамол ако треба да се даде .
    Преку ден весел тт се движи од 37 до 37.5 но штом легне да спие во текот на ноќта или преку ден крева тт до 38.5
    Што може да биди што да испитам зошто само во спиење крева по боди на куси спие и не е покриен
     
  14. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    Моиве имаа некои вирус таков прво качуваа 2 дена цело време после уште 5 дена хи држеше само на спиење да качат... твојот може со појак имунитет па само на спиење качува
     
  15. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.299
    Допаѓања:
    1.448
    Пол:
    Женски
    Ептен бзв е овој вирус..кај мене големата имаше 2 дена темп и по 3 дена здрава пак качи темп и пак 2 дена. Малото исто 2- е ден темп па пауза од еден ден и уште 2 дена. Да не знаеш како да се однесуваш.
     
  16. malasimba

    malasimba Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Кај нас беше вака, па му земаа за секој случај брис од грло и испадна стрептокока и му дадоа ант. Не мора да значи дека и кај вас е така, но ако продолжи темп може да испитате
     
  17. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.248
    Допаѓања:
    4.914
    Пол:
    Женски
    И кај нас исто 5 дена имаше висока тт,давав витамини, виранто, далерон се џабе, на брис излезе стрептокока во грло, испи една доза амоксиклав па сумамед. Таман му помина после излегоа сипаници, еве уште мака мачиме, среќа веќе не крева тт, 7ден, веќе нема нови, дали е сеуште заразен за други?
     
  18. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    773
    После која доза на антб треба да не крева тт.
    Сабајлево ни е втора доза а тт уште му варира 37-38,не давам на таа тт антипиретик бидејки весел е не залегнува.
     
  19. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Па мислам после 48ч дека веќе треба да се стабилизира.
     
    На ubavka1 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    34.826
    Пол:
    Женски
    Зависи од антибиотикот и од состојбата. Ама нормално е и до 2/3 дена(до кај 6 дози ако се дава на 12 часа) да крева температура. Битно е да не крева висока веќе со антибиотикот.
     
    На ubavka1 му/ѝ се допаѓа ова.