Ама кај вирус антибиотик не делува. Антибиотик е само за бактериски инфекции. За вирус џабе се пие. Само дополнително смалува имунитет. Кај вирус температурата ќе се симне кога телото ќе се избори со вирусот. Кај бактериска инфекции температурата ќе се симне кога ќе се намали концентрацијата на бактеријата што ја предизвикува температурата.
Ако се испие антибиотикот пред 7 дена нов рецепт треба да се земи или ќе ми дадат според матичниот број од истиот в аптека? Панцеф пие ама 12 мл дневно, скоро 30 кг. е и мислам дека нема да стигне.
Вирус и антибиотик не одат заедно, може да е даден поради висока темп и честа а дека нешто ќе и помогне во врска со вирусот не. Зборам за бактериски инфекции. Јас на мојата за вирусни не сум и дала антиб.
Моето дете секогаш крева баш висока температура на почеток на секој вирус или бактериска инфекција. Ама ако нема високо ЦРП, високи леукоцити и видлива инфекција при клинички преглед не добивал анибиотик. Сме се бореле со комбинација од дијазепам и парацетамол, комбинирање ибупрофен и парацетамол и слични такви комбинации, ама не сме добивале антибиотик. Сме добивале антибиотик руди откако ќе се појави секундарна бактериска инфекција (која не секогаш се појавувала).
Знам минатиот пат кога имаше 1 недела темп матичната беше готова да даде антиб. Ама среќа имаше на крај некое подобрување па не пиеше
А зошто ако се испие пред седум дена нов антб,нели дозата што ја препишал матичниот е доволна,еве и син ми пие по 6,5 мл и нема од него да пие седум дена ке има за некои пет дена па никој не ми кажа дека треба да зема сесум дена туку да го испија само целото шише.
Па ни кажа да се испие целиот сируп,а еве сега мерам повторно 39 ум немам вејке, вечер во 19 ч треба да дадам трета доза антб.
После колку сати од кревање температура е погодно време да се направи крвна слика? И за виранто сирупот сакам да прашам, од отварање колку време може да се дава, т.е колку ми трае рокот?
Мене педијатарката ми има речено дека може и после 24 часа константна температура, значи ако е висока и не се спушта.
Утре ќе правиме брис од грло и нос дали е дозволено да му прснам спрејче фликсотиде пред одење? @Alishan30