Прашајте си педијатар сепак, тој најубаво ќе ве насочи што и како. Овде што и да кажеме може да биде погрешно.
Инхалира кортаир со физиолошки,денес почна да кашла повеќе, и по забрзано диши значи инхалација буден :/ има ли врска што ке плаче многу, ке биде ли тогаш успешна инхалацијава Несака да го види имхалаторот, многу се плаши од него, секако се проба се е џабе
После 2 инхакации почна некако повеќе да кашла, малце и забрзано диши, за ваква продуктивна кашлица ли ви го дадоа вас?? Да не направам бетер незнам
И синми никако не сакаше ко ке прајме инхалации постојано плачеше и бегаше,сега пред инхалации му пуштам видео да видит дека не е страшно ништо дека сите деца истото го прает и му го пуштам прво на празно 1 минута со маската да се осигурат дека ништо не болит,и сега последно ко праевме едвај чекаше да прајме инхалации
Нас првата инхалација на ОРЛ ни беше. Се скрона дете од плачење. Сестрата вика ако плаче така повеќе вдишува само држете му ја маската поцврсто и дајте му видео нека гледа да не го мисли ова. првите неколку пати беше во плачење како порасна така едвај чекаше инхалација за да гледа цртани.
Здраво мајки можеби прашањево е глупо ама н3како не сум мирна на малата редовно и сечам нокти на нозете имаше четири нокти малку потпораснати и ги скратив, јас не знам како успеа малата во секунда ги зеде ноктите и ги голтна,претежно све стават во уста многу внимаваме на тоа ама ете сега ова се деси ,прашањето ми е да не и биде нешто од ноктите многу се плашам?
Како тоа му правиш инхалации додека спие, детето треба да е во исправена положба вертикално исправено и да вдишува убаво прилепена маската на лицето не од далеку, не знам како ви успеваат инхалациите додека спие, има од памет да го извадиш
Од неделата е со температура и симптоми кашлање, нос, болка во грло. Утрово од кога стана, се жали дека го болат нозете позади кај колената и не сака да оди. Од што може вака, можно е да е од вирусот? Ќе го носам ако не му помине секако
Да може да е од вирусот. Може да има развиено транзиторен синовит (мислам дека вака се викаше). Не е проблемот во колена туку во колкот, вирусот таму прави компликации а болката се пренесува на коленото. Се третира со ибупрофен ако е голема болката инаку минува само од себе по два/три дена.
Го носев кај матичен, пак брз црп беше во граници, и рече дека се болки од вирусот да давам ибупрофен. Го соблеков скроз да го види дали и како се движи. Последна температура му беше ноќва во 1, ама ова со нозете ме шокира утрово... уште се жали и бара да го носам. Се надевам дека не е ништо страшно.
Moeto лани беше настинат и едно утро кога стана од спиење буквално неможеше да оди, исто како пијан човек кога не го држат нозете буквално така се движеше. Бевме на лекар и тоа беше од вирусот предизвикано , пиеше два три дена сируп против болка и му помина.
Мајки очигледно е дека има некој вирус со јака кашлица. Околу нас секој втор е настинат со истите симптоми. Јас настинав пред една недела и уште ми е исто, синко е 16 месеци и тој прифати од мене. Во вторник како го приметивме веднаш го носев кај матичен, го прегледа и направивме крвна слика и црп, добри беа резултатите. Ама од тогаш е полошо бидејќи тогаш беше на почеток, сега кашла многу. Ни препиша инхалација да правиме со ампули Salbuair, ама како ќе го види инхалаторот страшно многу плаче едвај двајца го додржиме. Мислам само трауми му правиме. Ни рече да чистиме нос со Синомарин ама нема воопшто секрет освен тоа од плачење што му е моментално, бидејќи и од тоа плаче. Се слушнав со матичниот дали да земем антибиотик, ни препиша цефалексин и ваја пробиотик, ама рече ептен ако е лошо тогаш да му дадеме. Јас незнам сега што да правам, а за полошо полошо е и ептен тешко поминува. Страв ми е да не спушти на гради. Дали е поголема штета ако му се даде антибиотик или?
Има вирус да. А антибиотик на вирус не делува. Инхалации обавезно да се развлажнува секретот. Ние засега( се надевам и на тоа само ќе остане) само кашламе и правиме инхалација со пола синомарин ампула 3х на ден. Течности многу и вит ц. И чистиме носе со изотоничен спреј иако мрсули нема.
Здраво мајки, ќерка ми 5г има почетна бронхопневмонија. И препишаа Трицеф и инхалации Атровент. Ренген снимка направена. Општа состојба добра, температира веќе 4 дена 37.4. Леукоцити 12, црп 30. Си игра, јади, пие... Немам мир бидејќи знам бронхопневмонија може да е живото-загрозувачка или со последици. Преглед правен во Плодност, Битола. Ве молам за искуства со вашите деца, што ви помогнало?
Na 8h brufen i da nema temp. I miruvanje. Ke pomine za 3 dena. I sin mi imase letoto se izvadivme od pamet na 3ca doktori go nosev, isto rekoa. @enaena tapkaj ja po grbot plus. Ke i pomine, pocetna e.