Значи и кога комбинираше, даваше после 4часа од Блокмаксот, а не после 6? Го туширав сега пак, 39.3 има. Ќе му ставам и чорапи со оцет, таман ќе дојде 17ч па ќе дадам Далерон. Иако стварно не му делува Парацетамолот на толку висока темп, ама шубе ми е да давам нон стоп Блокмакс.
Давај на 4саата слободно ама друг сируп, на пр. Во 12 блокмакс, 16 ефералган, 20 блокмакс, јас го отрув моето за 4дена ама никако не спушташе
Дај му електролити. Кај моето тоа помага за спуштање на температура. И кога му се мраз нозете и рацете стопли го за да качи температура. Кога е веќе цело тело топло тогаш почнуваш со разладување. Ако почнеш да разладуваш додека качува телото ќе се бори против разладувањето. Кај мојот парацетамол ретко кога помага. И ако почнам со Блокмакс (ибупрофен) не се враќам на парацетамол. Продолжувам со ибупрофен. Цело време додека има температура. Е ако даваш на 4 саати тогаш мора да ги комбинираш едно па друго. Ама јас пак знам дека не смееш нон-стоп така туку само неколку пати да ја направиш комбинацијата и толку. После тоа е или парацетамол или ибупрпофен. Од бабини лекови: мачкање со ракија на цело тело (не медицински алкохол), чорапи со оцет, чорапи со сенф, чорапи со компир внатре.
А на колку саати даваш Блокмакс така, кога даваш само од него? Никако да му се стоплат ножињата за да му ставам оцет. Пак качува, 39.6 е сега.
Ја сум дала На паковањето пишува 6 до 8 ч но најмалку 4 часа да поминат меѓу дози и да се запази во 24ч. Никој не ми кажал дали смее не смее. Имаше темп што не се спушташе 39.5 4иполл часа и тогаш дадов пак доза.
Мислам дека правиш грешка со туширањето откако ќе дадеш сируп. Штом му е ладно само топли го, немој да го тушираш. Дај му топла супа ако не сака електролити, мада пробај да најдеш начин било што да пие.
После комбинирање на сирупи далерон и блокмакс син ми обично недела дена па и повеќе се поти во спиење, одкако ке престанам да давам. Прашав педијатар ми рече реакција на телото на многу антипиретици и тоа комбинирани.
Го туширам само кога му се топли нозете, кога држи подолго време иста висока темп, не кога му е ладно и го тресе. Ама џабе, досега ништо не помогна, таков бил вирусот вика матичната, 4-5 дена мора да поминат и да се издржат некако.
Дали некој давал Про анги капки,прополис побарав тоа ми го дадоа како најдобро,3-4капки на ден за деца. Никаде не пишува дозирање за деца.
Јас му давам на мојот (скоро 3 год има), ми рекоа 3х10 капки. Во сок му ги ставам зашто инаку нема шанси. Многу му помогна.
Не е премногу,едната има 3 другата 5,навистина незнам кого да прашам,3-4 капки ми рекоа а за возрасни е 30.
Ако некој имал слично искуство ќе ве замолам да споделите. Ќерка ми имаше стрептокока и примаше венска терапија 10 дена, додека одевме во болница фати грип и два дена беше до температура, вчера и завршија терапиите, но од вчера не може да оди, ја болат нозете, инаку има 4 години. Педијатрите кажуваат дека е последица на грип тоа што не оди и има мускулна слабост. Дали некој има слично искуство и да ме упати каде да се обратам за друго мислење.
Да , возможно е да е од грипот. Имаме слично искуство. Ќерка ми после прележена бронхо пневмонија не можеше да оди. Осеќаше слабост во нозете. Десет дена беше во постела и кога беше подобра за жал не можеше да оди. Не ми се жалеше на болка во нозете ама сепак едвај чекор правеше. За брзо се нормализира, се придржуваше за мене додека пак не почувствува дека може сама. Ете ја сега, трча, скока... нема никакви последици за среќа. Ама мене трауми ми останаа од тој период, уште се потресувам на споменот како на 3 години по втор пат да преоди детето, придржувајќи се и со несугрност. Дај и време да закрепне, и се ќе биде како порано. Веќе и од педијатри си слушнала мислење дека станува збор за мускулна слабост како последица од грип. Секако следи ја дали го надминува проблемот, па ако мислиш дека не се подобрува ситуацијата носи ја повторно на лекар.
Однеси ја на ортопед, да и направат ехо на колковите. Последица од стрептококата е излив во колокт, а не ги боли колк туку нозете и не можат да одат. Ако е во ред ехото и нема излив тогаш е миозит. Терапија за него е многу течности, електролити, блокмакс (или било што за болка) и мирување. Траеше недела дена кај моето. Ќе се врати во нормала, само страшно изгледа. Да не луташ како мене, правец ортопед.