Исто, минатата недела имаше грип и темп 6 дена, плус болки цело време беше на антипиретици. Потоа 3-4 ноќи ладна пот и ладно чело... кога бевме во болница му мереа 35,6-7 темп. Резултат на лековите
Мајка само нека одмара, нека лежи, да не се заморува, да не трча иако може одвреме навреме ќе осети сила. Доктор ми кажа физички одмор е многу битен, посебно дека мускулите се ослабнати, и за срцето не е добро да се преморува во таков случај.
Големото дете веќе подолго време околу две недели кашла навечер без престан вака преку ден ништо. Не се смирува додека не му дадам сируп за алергија. Алерго тест да му направам но каде може ли на државно во Козле?
Бевме денес на ортопед, не ја виде на ехо, немало индикација дека има нешто на колкови, само крвна слика направија. Кај вас кој беше проблемот
Во Козле скоро никогаш немаат реагенси, а и да имаат прават со гребење, а за респираторни алергии подобро ти е од крв. Јас би носела на пулмо дете, на Детска.
Или барај упат за Благица Манчева во Букурешт ако се сомневаш на респираторна алергија. Таа педијатар пулмоалерголог и плус веднаш на лице место прават алерготест со грепкање на респираторен панел.
Мајки до колку ги има држено вашите малечки тт, 5 ден сме со покачена тт до вчера високо покачена, денес до 38.5 .. имаме и др. симптоми примаме антб ама ѓе загрижува ова изгоре детето а, и 2 дена ништо не е јаден
Од денес има темпертура направивме кс и покачени леукоцити и црвено грло. Докторката препиша антибиотик. Прашањето ми е дали чекате три дена да има температра па правите кс, бидејќи три антибиотика во 7 недели и се фати да пие. Можеби за 3 дена ќе се смени ситуацијата, џабе да не давам
Никогаш не правам крвна слика првиот ден од температура, секогаш чекам да поминат барем 24 часа од првото кревање тт. Втор или трет ден е порелевантна, ама па добар дијагностичар ќе увиди и без крвна слика за што се работи.
Исто и ние за тоа прскавме. Знам дека е кортико, орл специјалист ни го даде нас. Кортико се користи и подолго само правилно. Мислам по шема некоја прскавме, 2 пати во ноздра 3 пати на ден, па 1 во ноздра, па 2 пати... мислам така нешто беше.
Женски ќе ве замолам доколку некој има искуство и инфо за добар пулмолог за дете 9 год. Искуство за доктор Искра од ремедика мислам беше случајно барав по нет па ми се појави..Имам внуче со чести проблеми со ларингити скоро и бронхит пневмонија проблем со алергии и премногу се мачи..Па сакам навистина да најдеме стручен доктор Убава вечер на сите
Ве молам за искуство. На ќерка ми (3,5г) и даде матичниот Панцеф. 4 дена сме со температура. Леукоцитите и беа покачени и ЦРП 37,7. Веќе немам памет од таа температура и сирупите и синоле заборавив да и дадам од Панцефот. И давав два пати по 3 мл значи разделена доза. Требаше синоќе во 23ч и јас од тие температури и чуда и сирупите за температура, заборавив. Сега во 4 ми текна и одма и дадов. Но сега се двоумам натаму како да продолжам со давањето. Дали еднаш на ден да почнам по 6, на место два пати по 3мл. Бидејќи докторот рече може и така. Ако продолжам на два пати не знам во колку следно смеам да давам.
Можам да споделам убаво искуство со доктор Искра. Како матичен лекар ни е на детево, сите настинки, вируси кај нејзе сме ги третирале и терапија од прва му погодувала. Темелна е и секогаш достапна за прашања. Закажете си преглед нема што да изгубите.
Ќерка ми,4 год. првин имаше стрептокока ,примаше лендацин антибиотик 10 дена, во меѓувреме прелега и вирус, но од пред пет дена нема никакви симптоми на вирус,а сепак леукоцитите се многу ниски 2.10. Ве молам за искуство.