Мајки малиот ми е 3 дена со тт, денеска бевме на доктор. Црвено грло, коњуктивит.. Ни препишаа терапија, но од пред некој саат е укочен во вратот, се движи како робот, не ја врти главата, ниту горе ниту доле. како да му олеснам? Од грлото може ли да му е? Мн е гревче
На мојава вакви две и принетив попладнето, мислев нешто полазано или каснато, следното сабајле 5-6 на стомакот и грбот, за 24ч убаво нафрлено, полни со вода -варичела! Можеби не е, ама така ми заличи.
Консултирај матичен лекар, укочен врат не е симптом за занемарување. Може да не е ништо, ама ако не можеш матичен лекар, тогаш барем на дежурен однеси го.
Ска нормал о е 3г дете да се уморува, не застануваат цел дрн. А посебно па после 1 саат пешачење и те како. Мојава е 3.5г, ако не спие преку ден веќе накај 5, 6 е премотена и функционира како робот, за пешачење да не зборам,мојава глуми и не сака да оди 20м не па саат. Или ако трчака играла надвор кога ќе влеземе во влез прави драми дека била преморена и не можела да се качува по скали ја болеле ноџињата Не ми изгледа како непто за пто треба да се грижиш воопшто
Мајки малиот ми беше двапати со коњуктивит после 3дена и јас исто Сега дојдоа од градинка гледам и керка ми и собира окото и по малку и солзи Дали е можно и таа сега да ја фати? Дали можам да и ставам и неа тобрадекс или мора да ја види очен И уште нешто сакав во врска со неа да прашам Месец време се жали дека ја пече долу, проверивме крв, мокрача се ок нема ништо а таа продолжува да се жали некогаш во игра писнува и вели ме пече Што друго да проверам од што може да е?
Коњуктивитот е лесно пренеслив, менувај често навлаки за перници, крпите за лице да не се допираат. Мора доктор да препише соодветна терапија, колку пати и колку долго да се лекувате. За печењето, може да има вагинално бактерија и најдобро ќе проверите со брис од вулва, ако другите резултати се чисти. Исто доктор мора да го земе брисот.
Јас секогаш сама сум земала. Стресно е, како што рече Нарцис, со плачки, со се, ама кога мора...Матичната ми покажа како, површински помеѓу усните доле се зема брисот. Рацете чисти, дезинфицирани, стапчето се држи за капачето за да не се контаминира. Секунда работа е. Стапчиња за брисеви има во аптеки. Пробај, ако не ти успее носи на лекар нека и земат, иако мислам постресно ќе и е таму.
Не е, со стапче ќе ја поминат на дундето, нема да осети. За мали мораш и него на брис, да видиш со што си имате мака. Ако се повторува значи терапијата не е погодена.
Да, зошто да не? Ако има инфекција, тоа е единствен начин да се види за која бактерија се работи и да се даде соодветна терапија.
веке една недела како што кашла малата и давам мукоплант од бршлен и тоа не помага . вчера ја однесав на доктор и ми даде сумамед сируп заради грлото и било доста воспалено. дали знаете некој лек за смирување на кашлица и во сон дури нема мир
За искашлување јас го најдов лекот во чај: во ѓезве се става неколку парчиња свеж ѓумбир и неколку зрнца бибер.Кога ќе зоврие се процедува и се става во чаша, се додава сок од еден лимон и неколку лажички мед. Се пие маалку пододладено. Јас не можев да престанам да кашлам еден месец, полна бев со шлајм, а сируп не ми помагаше. Ова ме тераше на кашлање да знаеш ама исфрлив сè што имав на плуќата. Го пиев дур не се исчистив Рецептов како алва оди @Avery
Моето е помало ама во близина имам пример (што скоро секој ден го гледам) според кој би рекла сосем нормално си реагира детето. Истиот ред го има, во 6h станување, едно преспивање во градинка и буквално онесвестување пред тв околу 7:30-08:00, многу енергично дете, ама со воспоставен биоритам, кој btw многу ми се допаѓа, сосем природно време и за будење и за заспивање навечер.
Не е итно, но би сакала одговор. Ацидосалус спреј купив гледам многу го фалат и за превенција и во грло нема проблем за прскање а во нос не сака, мрда,се крие. Има ли друг начин на кој го давате освен со прскање, на пример на,стапче па да,се намачка носето ?
Не, мора да се прсне, за да отиде нагоре во каналите. Благодарение на Ацидисалус 2 години не знаеме што е бактерија.