Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Навистина не знам зошто е проблем едно ехо на колкови да се направи, па не дека е долга или сложена процедура.
    Малиот имаше стрептокока со многу благи симптоми. После завршена терапија од нигде никаде се разбуди едно сабајле и не можеше да оди. Ако го исправев на нозе пагаше доле. Се жалеше дека нозете го болат, целите. На клиника ни рекоа дека е миозит, како последица на некој прележан вирус. Бевме без терапија испратени дома, препорака за МНОГУ течности и електролити, нешто за болка и строго мирување. По два три дена имаше периоди кога ќе му се намали болката, тогаш стануваше од кревет и веднаш почнуваше да трча. по неколку минути активност болката се враќаше и пак легнуваше во кревет. Така беше 10тина дена, со тоа што од ден на ден можеше се подолго да остане на нозе. Периодот имаше многу случаи на миозит па не се ни посомневав дека може да е нешто друго.
    По два- три месеци се разбуди едно утро и пак не можеше да оди. Не беше болен, па немав причина да му правам брисеви, не знам дали и тогаш имаше стрептокока. Вториот пат не го однесов на клиника, го однесов на приватен ортопед. Го виде на ехо, имаше излив во едниот колк. А болката му беше во нозете- и двете. Рече дека е последица на стрепоткока, терапијата беше бруфен и мирување, со препорака по заздравувањето да се провери д-витамин. Излезе дека д-витаминот е на долна граница и малку била дозата што ја примал. Од кога го регулиравме д-витаминот имал стрептокока неколку пати но не и проблемот со нозете. Мислење на ортопедот беше дека и првиот пат се работело за излив, но кој тоа може одпосле да знае.
    Пред неколку дена кај матичниот во чекална половина од дечињата ги носеа на раце, сите испаничени дека не можат да одат. Сите беа со дијагноза миозит. Ми кажа сестрата дека многу ги има последниве две недели.
    Ете тоа е моето искуство, ако ти помогна нешто. Ви посакувам побрзо заздравување.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Moeto dete pocna da povrajca i ima dijarea. Sakam da kazam deka izmetot mu e kako ligav i so grutcinja. Za 2 casa 5 pati se iskaka. Dali e virus ili se raboti za bakterija, sto mislite?
    I mnogu mirisa
     
  3. Anifani

    Anifani Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2021
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Благодарам Го однесе сестра ми вчера и баш докторката била на смена, и задоволни се ама и од претходно се знаеле се познале од Козле кога работела докторката
     
    На Mom's_life му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.223
    Допаѓања:
    27.807
    Има некој стомачен вирус кај децава? Детево 2 пати поврати од сабајле а многу ретко повраќа.
     
    На JoyJoy и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.416
    Допаѓања:
    126.985
    Минатата недела повраќаше мојава,над 10пати,а втор пат во животов повраќа.Имало случаеви и во градинката каде оди,ама таа веќе 9ти ден беше дома со Варичела.Валда сепак вирусно беше.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    34.804
    Пол:
    Женски
    Има стомачен вирус. Константно кружи од Јануари до сега.
     
    На mal.ecka и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  7. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    7.441
    Пол:
    Женски
    Што правите ако детето ви поврати 20тина (може беа и 25) минути по пиење на сируп (Блокмакс)? На интернет читам до пола саат се давала пак дозата, ама не поврати многу, шубе ми е пак цела доза да му дадам. Не знам дали ќе му падне температурата сега вака ако го оставам :|
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.416
    Допаѓања:
    126.985
    Не давам до следна доза.
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    7.441
    Пол:
    Женски
    Не му дадов ни јас, го подоладив со туш малку ама пак крена. Не делувал сирупот очигледно..
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.416
    Допаѓања:
    126.985
    Дали може да ми крене тт малава од што е изгорена на обравчиња од сонцето?
     
  11. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    836
    Допаѓања:
    545
    Од 16 часот дадено парацетамол сируп и не се симнува температура до 39 рамно само а беше 39.8 да почекам 20 часот или може и порано сега ми заспа
     
  12. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    3.967
    Не
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.653
    Допаѓања:
    39.908
    Пол:
    Женски
    Дали има некој вирус само со малку покачена тт од 37.4? Вчера само ѝ се покачи 38.4, дадов парацетамол и се спушти. Денес ваква глупава тт скоро цен ден. Друг никаков симптом нема.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.223
    Допаѓања:
    27.807
    Не
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    4.933
    Пол:
    Женски
    И ние сабајле со температура, спадна и заспа...стана после два сати свеж беше, свртивме едно кругче со количка, омалаксан беше за пешки, сите што ме видоа со количка се крстеа пошто знаат каков темперамент е и во количка нема седнато од лани летото...се прибравме дремна уште еднаш стана океј беше еден сат почна пак да качува и се изгуби..ни сакаше цртани ни телефон ни играчки ништо...зеваше цело поручек и буквално како изгубен беше...го легнав порано сега нема температура ама сигурно ќе качи вечерва пак...никаков друг симтом ни кашлање ни нос ни мрсули (малку сабајле после инхалација нешто излезе ама изгледа старо беше) ништо друго...мн ми е жал како гревче е, цело изгубено
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.583
    Еве и кај нас од сабајле повраќа и се жали дека грло го боли (малку е потечено колку што можам да видам Али нема ни тт ни ништо)
    @*Лорена* среќа што те прочитав за нозете..минатиот месец се пожали дека го болат прв пат и беше настинат,а во градинка владееше стрептокока матичната упорно не ми даде да испитам бактерија зошто тој немал знаци на бактерија црп покачено малку Али тт 7дена до 38.5највисока па ми даде коалмацин пиевме. И почна во градинка кога беше здрав по 7дена еве до денес пак некој вирус Али пак грлото потечено и минатиот пат беше и болка во нозете од време на време. Пон ќе идам на приватно и ќе направам брисеви и на ортопед дефинитивно..
     
    На *Лорена* и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    7.441
    Пол:
    Женски
    Не знам во која тема да го поставам прашањево, ако има некој искуство ве молам споделете. Малиов 4ти пат зимава е со воспалени крајници и атб. Високи леукоцити и црп. Нема секрет никаков ни сега ни општо, само висока температура и крајниците му се скоро споени и воспалени. Правиме секогаш брисеви од нос и грло, имаше пневмокока, сега хемофилус (така нешто) само во нос, никогаш ништо на грло. Пиеме според брисот антибиотик. Може овие бактерии од нос толку да му влијаат? Чудно ми е малку што никогаш на грло ништо нема, а таму му е секогаш проблемот манифестиран..Ни препорачаа и орл ќе го носам, некој со слично искуство ако има, ве молам пишете. 3 години е, ваков е откако редовно тргна во градинка, претходно никакви проблеми не сме имале ни со хрчење ни пак со вакви воспаленија.. Фала
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.169
    Допаѓања:
    107.230
    Пол:
    Женски
    Поради бактеријата на нос е затнато па диши на уста, тоа е проблемот, затоа му се воспалуваат крајниците. Секогаш лечење на нос спречува инфекции на уво и грло и затоа секогаш кога има воспалени крајниците и уво, се чисти и секрет од нос.
     
    На JoyJoy, tina2018 и Cherry333 им се допаѓа ова.
  19. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    17.882
    Да. Моиве и двајцата во исто време 2 дена температура до 37.4.
    Јас не дадов сируп се препотија и не качиа повеќе. После температурата повремено сува кашлица 2 дена.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.653
    Допаѓања:
    39.908
    Пол:
    Женски
    Два дена и кај мојата траеше, денес е добра.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.