Мислам дека не, на парацетамолот пишува по возраст и кога давам помалку не делува а кога давам по возраст делува.
И на мене за 14кг ми кажаа 7мл парацетамол. Инаку,за болка колку давате? Јас ноќеска му дадов 4мл далерон се жалеше на увцето.
Мене за 14-15 кг ми кажаа 10 мл парацетамол и 5 мл бруфен. Тогаш беше 2 и пол години. За болка половина доза, 5 мл парацетамол.
На парацетамолот од Алкалоид е напишано по возраст, син ми има 7г и од 6 до 12 е напишано 10 до 20мл, а он има 26 кила. Кога прашав кај матичен ми рече многу е 20мл да му даваш, на 4-6 саата (за болка во уво беше) подобро давај му пола таблета. Пред да прашам му дадов 10мл парацетамол без да прочитам и не му помина увото, прочитав и дадов уште 10 и му помина. За Бејби кога прашав ако крене тт од вакцината ми рече 2мл а имаше тогаш 5 кила. За Бруфен ми рекоа пола од килажата. Јас бруфен на мои деца не давам од лошо искуство со големото. Е можно е грешка да сум разбрала.
Блок макс по состав е ибупрофен гарантирам дека не се дава по килажа, на деца од возраст 1 до 3 год се дава 5мл . Субдозирано и е детето затоа не делувал. Парацетамол з атемпература на пола од кг плус 2мл
Да да во право си, така пишува и во упатството ама еве мене доктор ми рече за 2 години дете 6мл..сите како сакаат изгледа кажуваат
Па води зависи и од детето има деренца машала што имаат килажа и висина за поголеми и нормално ќе се даде повеќе мл ... Сепак најдобро може да процени доктор ваљда
Dali ima nekoj stomacen virus? Malata od petokot e so tecna stolica i ne saka bas da jade, omlakasana. Isto i jas i soprugot. Nejze samo probiotik i dadoa, kako mozam da i pomognam? 2 godini ima
Секогаш има стомачни вируси. Електролити обавезно со лажичка, полесна храна колку може, најбитни се течностите да не дехидрира. За вас медицински јаглен плус.
Ваљда мојот коментар беше одговор на коментарот од членката, значи за деца со иста килажа ни даваат различна доза
https://24apteka.mk/product/blokmax-kids/ Еве дозирање на блокмакс сируп за деца. Во суштина ако се сомневам за дозорањето, секогаш читам упатство во лекот. На гугл ако напишам име на лекот и dosage обично наоѓам информација. Ако сакате со поголема сигурност, јавете се кај лекарот или во аптека, ќе ви кажат колку треба да е дозата.. Во суштина блокмакс т.е бруфен не се дава често. Треба да се внимава и на тоа. Јас сум чекала да поминат 6-8 часа меѓу дози. И не сум давала повеќе од двапати во ден (иако вели може најмногу 3 пати во 24 часа). Само за високи температури го користев кај децата (над 39).
Мислам дека не е во ред да се генерализира и да се пишува овде кој лек како се дозира, во смисла половина од тежина на дете и слично! Има сирупи со различна концентрација на лекот мг/мл. Пример имам бруфени дома еден е 40мг/мл еден 20мг/мл. Секако дека различно се дозираат. Некоја мајка читајќи ќе си земе здраво за готово и така ќе даде, што не е во ред. Затоа си има упатство.