1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    2.292
    Пол:
    Женски
    Ацидосалусот го ставаш ли и превентивно? Има ли ограничување колку долго може да се користи?
     
  2. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.983
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Нема ограничување, го ставам цело време по еднаш на ден наутро пред да иде во градинка, ако се јави проблем зголемен секрет да смени боја ставам два пати. Се става 1 до 2 пати дневно , можеш колку долго сакаш
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    да ве прашам за инфекција на очите: ќерка ми (5год) има “гурелки” не знам дали така се викаат секаде жолто на очите веќе неколку денови, ама само на сабајле и и ги чистев со камилица, беше поднастината и имаше нос затнат. Па ден два скоро ништо и денеска сабајле пак секрет од очите, а после ништо. Нема црвенило итн..

    Прашање: дали би ставале антибиотик капки или гел? Еден доктор ми велеше не мора секогаш ќе помине и така, ама дали е така? Или подобро секогаш да се пролечи?

    Фала!
     
  4. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    8.718
    Пол:
    Женски
    Погледни euphrasia капки за очи хомеопатски се знам дека си во Германија мене тие ми ги дадоа ( ова педијатарот ми кажа да ги земам) иако син ми имаше како секрет од едното око сега се намали и има како гурелки.
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.291
    Допаѓања:
    6.375
    Ne gi cisti so kamilica, samo so fizioloski i so cista gaza.Ako nema crvenilo ili nesto drugo togas nema potreba od nesto dopolnitelno.
     
    На KidA и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  6. hub

    hub Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Dali davate mollers ili kinderimuno ili moze i dvete istovremeno?
    Pocnavme vo gradinka i postojano mi e nastinato....za imunitet da smenime...
     
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    27.799
    Киндеримуно и имуносимулатор. Молерс е омега.различни се и по состав и по функција
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.063
    Допаѓања:
    4.321
    Пол:
    Женски
    Наеднаш дигна 39 температура детето, не е настинато, ме фаќа паника до утре додека отиддме на лекар, да одам прво во лабараторија може е подобро да правиме брисеви и крвна слика
     
  9. DrRejv

    DrRejv Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2021
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Можеш да му дадеш ибупрофен ако има над 6год или пак парацетамол ако е под 6 (види дозирања). Истуширај го со млака вода и/или со крпа алкохол убаво да го истриеш ако не му се намали.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.297
    Пол:
    Женски
    Камилица не се препорачува, ниту памук. Газа и вода или физиолошки.
    Може да е од самата настинка и од носот.
    Припазете општо на хигиената на лицето, да не е од маснотиите и нечистотиите на кожата и да не се пипка со нечисти рачиња по очињата.

    За ова не би ставала антибиотик.
    Ако се разбуди со залепени капаци и трепки со многу дрлки, црвенило на очите или некој друг проблем тогаш веќе ќе мора на очно да се носи, да и дадат соодветна терапија.
     
    На KidA и SanelaS им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.169
    Допаѓања:
    107.186
    Пол:
    Женски
    Одма да правиш кс немаш потреба, брисеви ќе ти каже доктор дали треба, така да носи прво на лекар.
    Едното со друго нема врска, можеш да даваш и тоа и тоа, ама резултат ќе чекаш дури после 3м, веднаш не. Имунитет се гради на есен, и тоа со пиење на имуностимулатори подолго време или пак со природни работи, сокови, тинктури, чаеви, медови...
     
    На Cosmic Girl, Снегулк@23 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.297
    Пол:
    Женски
    Ама ако има повеќе од три дена температура ја следам колку е и не давам ако не е над 38-39.
    Едноставно ако има пониска температура давам парацетамол.
    Или преку едно- еднаш бруфен, па нареден пат парацетамол.
    Сум гледала некако да ги пролонгирам саатите меѓу две дози ако е возможно.
    Бруфенот сум го оставала како опција за навечер зошто обично тогаш покачувале температура, ако преку ден не била толку висока, секако.
    Значи давам само по потреба и во одреден момент.
    На пр. не давам воопшто апче на ниска температура (пр. 37.2-3), зошто некогаш и ја симнува детето само од себе.
    Бруфен на ниска температура, т.е кога нема потреба да се даде јак лек, може да направи да се спушти доста телесната температура и да е пониска од нормалната. Па да неможете да го стоплите детето.
    Имам слушнато од нашите педијатри дека често имаат вакви ситуации со многу ниска температура затоа што се дава јак лек и кога нема потреба.

    Битно е и кога се дава апчето за температура.
    Ние родителите често од паника грешиме и го даваме предвреме.

    Ова ме научија педијатрите на клиника:

    Кога ќе почне да качува (да му студи и да го тресе) не брзај одма да му дадеш апче.
    Не можеш со апчето да спречиш да се качува до повисока вредност температурата. Тоа не делува на тој начин.
    И да му дадеш порано лек, телото сепак ќе ја качува температурата до кај што ќе ја качува, а ти ќе имаш впечаток дека апчето не делува или споро делува.
    Кога ќе се искачи темпаратурата и ќе стагнира (се приметува по тоа што ќе се намали треската, ќе престане студот и ќе почне да се жали детето дека му е жешко) тогаш измери температура и одлучи со што да ја симеш. Дали со парацетамол или бруфен, зависно колкава е.

    Ако е висока температурата заедно со апчето малку топол чај (да го стопли одвнатре) и ако детето може да истрпи во тој момент одма по апчето му правам и набрзинка масажа (без ништо или со затоплена ракија растворена во вода да е пола - пола односот) и при тоа масирам доста силно (колку што детето може да поднесе) и секој дел од телото (грб, врат, нозете, стапалата, рамењата, рацете, дланките и прстите и главата/скалпот, на градите и стомакот само мачкам, без притисок) за да му предизвикам циркулација.
    Внимавам да е тоа брзо и со минимално разголување на детето, за да не му студи.
    Го покривам убаво (со неколку прекривки, во слоеви) и го оставам да се препоти.

    Знам дека ова е стар начин на симнување температура, сега препорачуваат лекарите туширање, без ракии и масажи. Меѓутоа кај нас ова функционирало најуспешно.
    Правело пот да тече од челото на детето дури и постелата под него да ја испоти.
    Дури и да не се препотува, и самата масажа помага, зошто им прави релаксација.

    Моите деца никогаш не одат под туш со висока температура.
    Не сакаат допир на вода на кожата кога имаат температура, не им се намалувала многу температурата, зошто не се испотувале. Затоа и не сум ги терала.

    Има уште едно правило за висока температура:

    Пипни му ги нозете- ако се ладни - користи леген со топла вода пред да го стуткаш да се препотува и пред апчето.
    Ако му се врели - чорапи намокрени во раствор од вода и оцет додека се препотува. Притоа следи дали ги суши чорапите. Ако не ги суши, не треба да се ставаат, зошто само полошо му прават, му држат ладно.
    Постапката за греење на нозе во леген со топла вода е следна:
    Ставаш во мал леген еден - два сантиметри топла вода (не врела!) и детето ги става нозете во неа. Во друг сад или леген однапред имаш спремно топла вода (онолку топла колку што детето може да издржи, но да не е па ладна или ептен млака) и полека дотураш во легенот додека не му дојде водата доволно високо да му ги покрие стапалата. Доволно се неколку минути да ги подржи.

    Сега не знам во која земја живеете, можеби таму има лекови од други компании кои се поквалитетни.
    Во Македонија сум приметила дека има разлика во парацетамолите што ги има на избор, и тоа баш во однос на нивното дејство. На пр. Далерон на Крка ми е послаб од Парацетамол на Алкалоид.
    Во смисла - ако имам болки во телото парацетамолот на Алкалоид ми помагал повеќе и поуспешно ми ја спуштал температурата. А со Далерон спуштале помалку температура и брзо потоа ми ја качувале пак, како да е премногу мала дозата, иако дозата била соодветно дадена.
     
    На babydust, JoyJoy, WonderGuurl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.297
    Пол:
    Женски
    Што и да давате, читајте го составот на суплементите и колку од тие витамини и минерали или состојки содржи секој од нив.
    Ако еден од нив задоволува дневни потреби, нема потреба да се дава друг.

    Во суштина за имунитетот да биде добар, претпоставувам дека знаете дека треба тие витамини и минерали да ги добива детето преку исхраната секој ден, без разлика кој период од годината е.

    Ако оброците во денот не му даваат тоа што му треба на телото, суплементите не може да надокнадат. Тие се само колку да не дојде до недостаток на нешто...
    Здравата храна, заедно со добриот ноќен сон и физичка активност надвор на сонце е она што е потребно за имунитет.
     
    На tina2018, JoyJoy, WonderGuurl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.169
    Допаѓања:
    107.186
    Пол:
    Женски
    Потпишувам. Особено на делот да се загрее телото ако се ладни нозете пред да се симне тт. Мене на ДК ми го кажаа ова, дека ако симнуваш тт на мраз ладни нозе и раце поголема е веројатноста да не делува антипиретикот.
     
    На tina2018, JoyJoy и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  15. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    фала ти што се сети си ги запишав овие ама сега баш сме во Македонија и тука не ми се оди на очен мене минатиот пат дупли антибиотик две недели ми дадоа после кога и кажував на докторката се изначуди..

    Подобра е поголемата денес пак ништо не и беше, само сега па на малата на едно окце :( Ама нема црвенило само малку течност, ај белки ќе и помине и на неа со лесно.

    @SanelaS @Cosmic Girl фала ви многу за советите за ова мислам знаев и пак заборавив, тој докторот ми кажа за физиолошки и да се масира малку од ќошовите за да излезе секретот, сега се сетив. Ќе купам утре и тоа и газа за малата.
     
    На Cosmic Girl и Chantal им се допаѓа ова.
  16. mama*rose

    mama*rose Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    Денес ни закажаа оперативен зафат на сите крајници во државна. Па ме интересира доколку некој од вас ги вадел на своето дете да ми каже, колку време се чека за повик и пост оперативно како поминавте колку дена лежевте во болница. Инаку син ми има 4 години.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MinnieM

    MinnieM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2018
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    2.927
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво, син ми од вчера е со повраќање и пролив. Утре ќе го носам на лекар иако знам што ќе ни препишат.. прашоци линекс електролити дадов не ги пие, не биле убави не можам со сила да го терам. Имаше тт дадов сируп, витамин ц капки, линекс капки. Јадеше супа само денес, и цело време вода пиеше. Вака си беше весел, сега спие нема тт. Што може да помогне друго освен прашоци? 3 години е
     
    На Ednostaven и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  18. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    5.242
    Пол:
    Женски
    Дадов трета доза ефералган и не ја спушта. Пртеходните пати ја спушташе.Дадов на 38.6 па се качи на 39.4...се онесвестив.сега си остана 38.6. Даден е сирупот пред 1 саат

    После колку саати од ефералганот ќе можам да дадам блокмакс, пошто не се симнува?
     
  19. Kristina1122

    Kristina1122 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    4 саати, смени го ефералганот со парацетамол од алкалоид. 3 саати проверувај и масажа со алкохол и туширање. Ако не спушта чепче. Пред некоја недела некој вирус или бактерија исто, ни со блокмакс ниту со ефералган не спушташе под 39
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    5.242
    Пол:
    Женски
    Дури после саат и пол спушти на 37.3.
    Па се нормализира ноќеска.
    Еве сега пак ќе качува.
    Ако дојде 38.5 блокмакс тогаш ќе давам.
     
    На Kristina1122 му/ѝ се допаѓа ова.