Како е мали со терапијата? Нас во Пп ни ја дадоа.И се затна носот исто како кога спушташе.Многу сум исплашена да не не е соодветна.
Од септември носот му течи два дена ќе престани па пак ќе почнеше, и кашлаше често, се нафрла.... Бевме на орл во Битола ни рече алергија е, не е трет крајник(не го виде). Не прати да испитаме брис во нос и од трахеата(мислам така се викаше) и алерго тест во пп. Имавме стрептокока ја излечивме, другиот брис беше чист. А алерго тестот преку крв беше лудило на се живо алергичен. Матичната вели-Јас ваков резултат првпат гледам. Не прати на детско одд. Таму докторката истото ми го рече ми рече да појдиме козле. Додека чекавме термин дете беше на диета..Бевме ск му направија алер.тест на нутритивни алер. бепе негативно, а на инхалаторни алер. не му направија, но еозинофилите беа покачени и ни рече има некоја алергија ни препиша спреј за во уста и ни рече на контрола по 6 месеци. По 3 недели исто пак дете кашлаше многу носот чешма.Потоа разбрав дека во пп др Дуева била детски пулмолог закажав и бевме пред 10 дена. И кажав се како е ни даде спреј за нос и ни рече да му поминат сипаниците да заздрави кожата на рацете и ќе му правела алер.тест. Таа ги правела кај нас исто со грепкање. Која др. ви ги даде спрејчето?
Снајка ти е бетер на 2 недели е болна од окт навака.Кашлица,нос ,тт дури над 40 по 6 дена (никогаш претходно не е имала ваква јака тт).Вчера исто почнав да си правам филмови да нема леукемија пошто е бледа како дух.Веќе ми е срам да ја ослободувам од школо.Велам како да не беше во градинка стварно не знам што е со вирусиве.Малата е на спрејови со кортизол ради чести бронхити и сега во април треба да ги прекинам. Страв ми е пак да не завршиме на интензивна.Веќе не ми се ни живее моиве само болни кој што чини пак болни. Од пто ги направивме овие деца од шеќер ли?Со лесно да му мине на зетко.
Istata taa.Sprej za nos i sirup za alergija i dade,alergicna na domasna prasina najveke. Isto cekav da zavrsat sipanicite pa pocnav so terapija. Tri bronhiti imase za dva meseci. Sega nosot i e zatnat,disi ama grci koga spie,neznam kako da objasnam.
Исто една недела одиме на школо,другата пола ја седиме.На учителката кога треба да ја известам страм ми е, ама шо да правиме.....Бледи како ѕид, во петокот почна бојата да му се враќа и чуден ми беше. И ние инхалиравме кортаир три недели сега пред да фати сипаници го прекинавме. Баба ми велеше-Вие еца како од мо* праени да сте. до девојките. Грчи од носот што и е затнат, а трет крајник имате проверено? Каков алеротест направивте преку крв или со гребење?
Od Oktomvri pocna da i se zatnuva nisot i da spusta vednas. Alergotest pravevme preku vena,rekoa deka nema reagensi za grebenje,bas me zacudi,ili gi cuvaat za poinakvi slucaevi. Na tret krajnik ne sum pomislila.Od nego mozi da spusta? Sekret nema samo hrcenje.
Ние на 2,5 години лечевме трет крајник бактерии во нос нонстоп,со тт, грчење ноќе, а дали спуштање често не се сеќавам. Докторката по орл ни кажа третиот крајник е гнездо за бактерии. Најдобро да ти помини мислата однеси ја на еден преглед. Јас го носев кај др. Наташа кај полицијата.
Брисевите и беа чисти,до сега немала бактерија,а на никој бронхит не кренала тт. Сега црвот ќе ме јади ќе ја однесам. Баш читав,прави паузи во дишењето од неколку секунди,ова одамна.Се преплашив. Ај пушти ми број во порака од др.Наташа.
Колку време треба да ја со собирам т.е. кесенцето да го полнам па префрлам во чашка, и ради стерилност.
Јас од едно мочкање што беше собрав и однесов. Ептен малку беше, пола и ми се истури. Рекоа доволно било.
Кога ќе залепиш кесенце ќе чекаш до 40 мин максимум и ќе провериш дали е измочкана, ако не е ќе лепиш ново кесе и се така, на секое ке проверуваш се додека не се измочка. Штом видиш се измочкала, ставаш одма во чашка како што е кесето, го врзуваш само, не ја префрлаш урината во чашката, таму они ќе си направат, знаат. И одма носиш на микробиологија. Не треба да има поминато повеќе од саат време откако е измочкана, за да имате валидни резултати.
Мајка кај мене вака големата правеше пауза понекогаш кога беше со кашлица(таа има најодвраатна кашлица што не и открија од што и е) изгледаше чудно и непријатно за нас,ама др ден си беше ок.Изгледа и беше премногу мачно. Кога ќе прочитам дека момите ти се болни велам кутра жена глава не дигна од болести(исто како нас). Ме интересира мене што и дават на твојата за бронхити и да и се намали спуштањто?Ние одиме на пулмолог од сеп.Прво беме кај една ама сакаше да и даде еден спреј за 4год деца ,а таа 1,5год.Ја сменивме ама пак испадна да мора спреј што не е за нејна возраст пошто нема за мали деца.Алерго и правеше кожен на рака ама не даде алергија. Инаку има план по кој мора да се водиме има два различни спреја.Моментално давам Viani тој е долгоделувачки салбутамол со кортизол 2пати по 2 стискања.Ако поминат 12ч одма почнува да кашла и ме потсеќа дека треба да ја инхалирам.Ако има акутна болес а тоа е секоја недела штом почне со кашлица плус треба да инхалирам со салбутамол по еднаш кој е итен спреј максимум 3пати на ден.Значи ние ја инхалираме за не дај Боже.Имам и едни чепчиња во случај ништо да не делува да ги дадам треба ако спушти и не се смирува.Кортизол се и морам одма на итна.Не знам кога треба да ги искористам ,а подобро и да не дознаам.Мојата исто никогаш не е качила тт кога има брохит.Јас сум експерт веќе знам кога спушта или кога и е спуштено.Сега треба се да прекинам ама ми е страв не сакам пак да завршиме во болница.Секое нејзино кашлање ми е хорор.Таа фати бронхит на 38 степени медицинско чудо.А др ме тешат оваа лето го бришеме сите деца се болни ова не е вообичаено.Се прашувам дали вообичаеното ќе се врати или ќе имаме нешто ново по ковидот.
Првиот бронхот и беше крај на Октомври,затнување на носот,за ден два кашлица и бронхит. Пиеше атб за една недела беше супер. За две недели пак исто. Остро дишење и атб. За недела две пак исто. Тогаш сама си побарав упат за алерготест.Додека чекав термин пак спуште.Инхалации со Кортиар за еден ден престана за свири а на четвртиот ден пак си почна. Баш тогаш имавме термин на детско,и даде инхалации Вентолин и веќе после првата инхалација престана да свири. На испитување за алерго преки крв испадна алергија на прашина па др.специјалист пилмоалерголог бронхитите ги препиша на тоа. Доби терапија спреј за нос Фликсоназе и сируп за алергија Рупафин.По еден месец на контрола,па најверојатно ќе ја прима 3 месеци или цела година. Крај на месецов сме на контрола. Овие неколку денови е со затнат нос,од вчера поизразен и хрчи цела ноќ и диши на уста,за среќа не кашла. Е сега она што ме плаши е што овие паузи на дишење ги прави и кога не е болна а јас не сум ги сватила сериозно. Немам веќе ни сила ни нерви. Унаку да,скоро сите дечиња кои ми се во близина се болни цело време во круг. Тт,кашлици,сипаници.Не само моите,твоите...страшно.
68 А да видиш кога е докторката и со приоритетен да појдите. Можи и треба како на син ми спреј флексодиде за во уста помага за дишењето. Пиши ми сега се отворив