Температура до 38.9... повраќање и црп околу 100 и нешто? Бактерија некоја има закачено? За внук ми прашувам, има 2 и пол години.
Мојата беше така црп 101, температура 5 дена до 39, без повраќање. На брис излезе хемофилус инфлуенца.
Вирус така? Можи и вирус да даде високо црп? Веќе не повраќал и немал денес температура па утре ќе прават пак кс со црп да видат дали се намалува.
Мајки од утрово керка ми е со главоболка Дадов ибупрофен,денес недела незнам и да ја носам колко ке биде прегледана овде Прв пат вака глава да ја боли се жали позади ушињата и задниот дел на главата Утрово буквално се тресеше и незнаеше што да прави,некако ја смирив и дадов лек и заспа. Сега кога стана после будење 20мин пак се жали
При стомачен вирус, освен леб кисело млеко, банана, јаболко, компир и ориз, што друго може да се дава? Макарони нешто смее?
Mom's Не е итно ама да не имал некој искуство. Од саботата према неделата малата температура. До 38.2. Вчера качуваше на 5 часа денес веќе на 10 часа. Во петокот и очињата и беа залепени сега и се чисти. Забележав осип на грб и стомаче вчера. Како бледо прошарано црвенило или како вруѓници. Денес бевме на матичен, грло чисто, плуќа чиста, крвна слика мирна и црп и леукоцити. Докторот за осипот прво се исплаши ама откако исклучи коксаки и остали срања рече дека може е од температурата. До сега не се исфрлала од температура. Немам сменето детергент нит пробала нешто ново.
Пред месец дена моето цело се исфрла, така како прошарано по цело тело, се појавуваа и се губеа и трчавме во болница на полноќ од страв. Испадна дека е од температурата, 5 дена по ред пред тоа константно гореше.
Извини, вакво нешто беше? Сега има и на раце и на нозе. И пратив и на матичната ми вика не се плашиш, следи изгледа е таков вирусот Ама јас прв пат сум исплашена малце
Predlozete mi dobar specijalist za tret krajnik, sakam da go odnesam maliot mislam ima problem. Samo da ne e Mirka Salic. Citav tuka falevte nekoja Vesna li bese neznam od Remedika... I dali treba deteto da e skroz zdravo za pregled ili moze vo sekoj slucaj? Najverojatno utre ke dobieme antibiotik
Оф не, не беше таков, еве прикачив слика како изгледаше. Ние на кожно го однесовме зошто ноќта не можеше да се смири од плачење, иако педијатарот викаше не е страшно. Немаше да бидам мирна ако не го видеа на клиника, таму и летизен препишаа. Ако си исплашена, однеси ја да ја ѕирнат.
И мене натака ми отиде паметот. И тоа што сум ве читала од тука. Што и да е нека поминува само. Она нема мака, не ја чеша, си спие нормално, не е кенкава.