Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    6.695
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми веќе 9 дена е со температура.Првите 4-5 дена беше со 37-38 најмногу, меѓутоа последните 3-4 дена крева и до 39.Крвна слика направена со црп 47, леукоцити 14, мислевме дека е бактерија, но брисевите од нос и грло се во ред, освен Мораксела во нос, која ја имала и прерходно, но не правела проблем.Исто приметувам дека има болки во стомачето.Веќе трет ден е со панцеф.Можно ли е да е вирус со таква температура.Ве молам дали имате вакво искуство, не знам веќе што да правам, мислам дека ќе полудам.
     
  2. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    12.618
    Пол:
    Женски
    Да, многу го поминаа тој вирус, препознав зашто син ми се жалеше на стомакот. Десет дена беа он и маж ми со температура ама поминаа без антибиотик. Од утре би требало да е подобро, веќе четврти ден со панцеф ќе ја намали температурата. Многу, многу тежок вирус, нас сите не бутна во кревет со денови, кичмата и колената особено болат.
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    2.292
    Пол:
    Женски
    Има и мојот веќе подолго време, неколку месеци откако почна интензивно да се разболува. Сега е ок месец дена, немал акутна инфекција ама не е намалена скроз, кога ќе ја заврти главата се гледа и со голо око.
    Планирам да го носам на контрола, матичен ги провери пред месец-два само со допир.
    Освен ехо правевте ли и крвна слика?
     
  4. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.519
    Допаѓања:
    38.731
    Пол:
    Женски
    @WonderGuurl да, заедно со ехото и крвна слика.
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    33.252
    Пол:
    Женски
    Колку мг декстазон се става за инхалација кај 6 годишно дете?

    Да не барам во извештаите, а матичната не ми крева.
    9 дена носот му течи, од пред два дена кашла, ама денеска многу нема застој. Исто вака беше и пред 2 месеци, тогаш кога го однесовме на детско док. ни даде да инхалираме декстазон.
     
  6. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    6.695
    Пол:
    Женски
    Дали имате искуство со многу високо црп? Ќерка ми, 2 год, денес ја хоспитализираа во Козле со црп 151, леукоцити 18.Јас не можам да бидам со неа, зашто сум 36та недела бремена, мора мајка ми.Ептен ми е тешко.3 дена беше на панцеф и за три дена црп од 47 порасна на 151 и покрај терапијата, а на брисеви само мораксела во нос, која и претходно ја имала и не правела проблем.Урина не успеавме да испитаме.Некој со слично искуство и дали и за колку време паднало црп?
     
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    12.618
    Пол:
    Женски
    Прво Панцеф пиеше, кога виде докторката дека не функционира препиша сумамед и за 2-3 почна да паѓа црп, температурата после два дена. Со лесно, побрзо да се врати дома :hug:
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  8. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    5.242
    Пол:
    Женски
    Сега пред 2 недели. Црп 101 со температура. Хемофилус во носе.
    Веќе после 3 дена од панцефот црп се намали на 60 а на 10ти ден од антибиотикот беше 5.
    Може не е погоден антибиотикот, во меѓувреме да не закачила нешто плус.
    Со лесно мама.
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, имаме често воспалување на крајници со температури … моментално сме најлошо ми се чини, пиеме панцеф….3 ипол години сме. Ќе треба сигурно да се вадат. Каде препорачувате, ми треба искуства и цени по приватниве клиники. Дали случајно во Плодност вадат? Ве молам искуства зошто сум преплашена:(
     
  10. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    6.695
    Пол:
    Женски
    @Skyler многу ти благодарам на споделеното искуство, малку ми олесна.Кога поминуваш низ такво искуство, мислиш дека само тебе ти се случува.Многу сум благодарна на форумот и на подршката од најдобрите членки во вакви тешки моменти
    @brm_brm фала ти многу, малку полесно ми е сега.Кај нас не делуваше воопшто панцефот, дури и повеќе се влоши состојбата, затоа толку се испаничив.Само да се живи и здрави сите дечиња, нема нешто потешко кога детето ти е болно.
     
    На sani99, Larahappy, brm_brm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    5.242
    Пол:
    Женски
    Дај боже побрзо да оздрави и ти добро да поминеш па да се гушкате.
    А во козле и земаа пак брис или?
    Можно е и од мораксела да биде со таква температура.
     
    На Mahe, Larahappy и Маја Т им се допаѓа ова.
  12. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    1.695
    Пол:
    Женски
    BTW да не се грижиш за во Козле, во добри раце е.
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    6.695
    Пол:
    Женски
    @brm_brm Не и земаа брис, дури ни урина, само крвна слика.Крвната слика беше катастрофа и затоа мислам дека одма почнаа со терапија.А и докторката кога ја прегледа рече дека има наод на гради.На ренген сега излезе бронхопнеумониа.За моракселата не знам, дека и претходно ја имала на брис а не давала никакви симптоми.Рекоа дека сигурно има и бактерија за толку високо црп.Фала ти многу на подршката.
    @Cherry79 фала ти многу, Дај Боже се да биде како што треба.
     
  14. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    1.695
    Пол:
    Женски
    Ако е примена во петокот или за викенд утре ќе и земат брис. Ќе ја натераат да се искашла.
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  15. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    5.242
    Пол:
    Женски
    Да на толку високо црп и на мојата без брис и дадоа антибиотик.
    Пред да го почнеме ја однесов за брис и покажа хемофилус во нос
    Среќа сензитивна беше бактеријата на антибиотикот и се среди.
    Еве една недела како го заврши антибиотикот и уште има секрет во нос.
    Наутро жолт а преку ден белузлав.
    Нормално е тоа?
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.589
    Допаѓања:
    76.824
    Пол:
    Женски
    10, 11 дена од првата точка избиена сипаници, веќе и пред некој ден и почнаа да се сушат. Сите се стивнати од вчера. Ама од вчера вечер на главата се жали, плаче дека ја боли. Ај заспа вечерта, ама ноќеска ми дојде во 4,5 во спална дека ја боли уште и сабајле пак стана со главоболка. Денес пак цел ден се жали на главоболка... :( Од што може вака? На живин нема температура, на дигитален на чело и покажува од 37.1- 37.4...
     
  17. Виножитото

    Виножитото Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Majki utre treba da odam so sin mi,5godini,na intervencija za otstranuvanje na tret krajnik, da mi spodeli nekoj iskustvo ke odime vo 8mi Septemvri... sto treba da nosam so mene, kolku dena ke ne zadrzhat, kako ste zadovolni od bolnicata??
     
  18. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    3.967
    Воздухот е супер од морето, плус јас сум на место кадешто имаме и планини и море, шуми борови, така да можеш да замислиш каква клима имаме (fingers) ама па и влага имаме преку цела година :doh: така да и позитивни и негативни страни. А и плус се разболуваат нон стоп, што знам, нели на море сме и пак сме болни. Којзнае не знае човек што да мисли....
     
    На doubleinfinity му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    4.782
    Во козле со корона колку држат? Си мислев денес утре ќе не пуштат, ме израдуваа 10 дена минимум, оптимално 14 се седело. Инаку сме добри, слика пак треба да правиме па таа да ни каже дали се подобрува ама таа на 10ти ден дури.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lizi

    Lizi Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.399
    Пол:
    Женски
    Мами со помин да ви е прво, да ти кажам кај син ми моракселата направи ваква компликација, он почна со температура (петочки, ќе ти ги пишам вака деновите да имаш одприлика една временска рамка) , 3 дена го чекав дури нели излегоа резултати, не фати викенд, понеделнички кај матчината ни даде Амоксиклав, 2 дена се смири и од четврток почна пак температурата - до 41 креваше, спушти наод во гради, ни го сменија антибиотикот ни дадоа Панцеф ( и двата ги имаше на антибиограм како с) . Пиеше 10 дена и се смири се.
    Најверојатно не ви е погоден антибиотикот од прва, многу мака видовме исто. Ќе помине, издржете :l:
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.