Сега ми е безвезе вака што си нагаѓаме за детенце, ама херпес исклучен е? Може да се јави вака на очи и ептен личи. Ако е би требало да пие антиб. Побарајте друго мислење ид друг специјалист(немам идеја кој... ) Немам везе со медицина...
И мене ми заличе на херпесче. Плус што тој се шири обично така, од деца што се пипкаат со раце. Брзо да поминува.
Tri meseci piese pa tri pauza i se taka. Dur pie super e, cim prestane pak po staro. Vit c i d standard si pie bez prestan ama izgleda i toa dzabe
Тврдат лекарите до сега дека е контактно, во смисла ја лиже и ја гризи устата, ја фака со раце, па паднат имунитет и егзема. И зедоа денес брис од уста и око и ке чекаме резултати. Ако е бактериски ке се лечи тука, ако не за Скопје ке не прати рече матичната. Само резултати ке чекаме до вторник.
Епа тогаш барај чаре на имунологија, алергии, нешто мора да има. Кај нас свекрва ми го купи кога големото имаше годинаипол, тргна во градинка и се болно, вика сакаш давај сакаш не, јас го купив, почнавме доцна и тоа, во ноември, испи 3 шишиња и се стабилизира, следната година иако земавме пак немаше толку вируси и температури колку 3 спуштања на плуќа од нигде никаде, не пратија на пулмологија на ДК и откривме кај лежи зајакот, алергија и интолеранција, лактоза и млечен протеин, налет, прекинавме се и магично се среди се, не спушти веќе на плуќа. Тогаш Гого рече ако ова не упали нема градинка додека не зајакне, среќа најдовме што го мачи и на време се спасивме. А верувај тогаш пак јадеше нешто, откако го ставивме на диета од млечни е баш ништо не јадеше, супа, јогурт, лепче со абц без лактоза и со помалку масти, житарки со млеко од овес и макарони, се тоа па тоа. И по здрав во живот не бил како тие години кога ништо не јадеше. И сега е здрав, еве го сите сме дома со Стрептокока, сите со симптоми, само он нема ништо а он ни ја донесе дома. Најсилен имунитет има од сите дома.
Дали од инхалациите може да и се прават тврди мрсулчиња, нели треба да развлажни? По 3 пати на ден дупло инхалираме. Од време на време ќе го зачеша носот, и смета, и слушам кога дише дека има мрсул, ги вадам со стапче ама не се секогаш блиску во носето. Со аспиратор само беља поише мислам ќе направам, кога повлекувам ко одма да се затнува и не искача ништо. И предлог за инхалатор некој? Не и смета бучава, само добро да испарува сакам.
Тврди се прават од сув воздух, не од инхалаторот. Ние вадиме со пумпица пошто многу секрет има сега, секој ден па и 2 пати на ден по потреба, многу има. Ставам физиолошки од онакво ко за инфузија, со шприц и игла во него, имам едно за големото едно за малото и така терам и многу полесно искачаат. Кај големото и поделотворно е од било кој друг спреј. Јас имам имхалатор Емед, 610 мислам беше, од Зегин, околу 2000 го земавме.
Мајки имате искуство со бактеријата Moraxella catarrhalis во нос? Секако ќе одиме и кај матичната но ме интерсираат искуства. Превентивно направивме брисеви бидејќи се појави стрептокока во градинка, но вака нема никакви симптоми ни нос и тече ни температура ништо.
Кај ќерка предизвика воспаление на уво. Педијатар кажа дека е од таа бактерија. Лесно помина во секој случај
Ја имаше малиот лани и само локално третиравме со флоксимед мислам. И тоа на наше инсистирање, матичната не сакаше да даде, ама кај него беше само продолжена кашлица.
@LiquidLuna @Ano Фала ви мајки, и кај нас телефонски предложи само локално да третираме, ќе видам секако сакам и да ја прегледа поручек ќе одиме. Воглавном сум помирна што не е стрептокока.
Кај нас и нетретирана остана, воспалението на уво го средивме со капки, и после не повторивме брисеви оти немаше симптоми други. На наредни брисеви после некој месец ја немаше
ние ја имавме, во козле ми рекоа дека ако нема симптоми не се третира, кај нас беше со симптоми, хлорамфеникол мачкав локално и ние пиевме и антибиотик, кога и пројдоа симптомите после две недели повторив брисеви уште ја имаше, ама бидејќи немавме симптоми не и се изамарав многу, ова беше во јануари, оттогаш немам брисеви направено