Амоксиклав ни преписа и оперил со дексаметазон за носот.После 2 дози од антибиотикот се смири осипот,мрсулите и увото.10 дена рече да се пие.
Се носи на лекар. Болка во уво е една од најзезнати болки. Јас како возрасна не можам да издржам а не па дете. Носи на лекар и ке добиеш терапија. Нема капки да решат ништо, ке треба плус терапија.
За да смириш момемнтална болка дај парацетамол или ибупрофен и стави капки во нос за да се одзатне носот ако е затнат. И одма потоа на лекар одете.
Треба да правиме инхалации со 0.5мл дексаметазон ама заборавив да прашам колку мл физиолошки треба да ставам. Да не знае некој или индивидуално е?
Здраво Коксаки вирусот каков осип дава? Во градинка врти цела недела. Вчера тт 37,3 имаше, денес гледам многу ситен осип напред на градите и стомакот. Кога поминувам со рака мазно е не се рапави. Околу уста едно точкиче црвено има на стапала и раце ништо (уште). Што да очекувам? Течна пудра за секој случај земав, дали со нешто плус се третира?
Ние со малото завршивме во Козле со сериозна пнеувмониа и висока опструкција. Откако ќе заврши ова бидејки често пушта на гради сакам алергии да испитам. Тоа треба пак тука или на пулмологија да го носам?
Мој совет на пулмо, не во Козле, често немаат реагенси. Колешка запна Не Козле ќе ја носам, тоа е болница ,а респираторни... и ј однесе малата и ништо не најдоа, после пак ја носеше на пулмо и излезе алергија на куп работи, а излезе дека во Козле уствари не и направиле респираторни туку кожни алергии, џабе боцкање.
Купишта анализи му направија секој ден боцкање во вена на гладно,хлориди во урина и три дена измет даваме. Нека помине ова тука о на пулмо ќе го носам.
Таков е осипот. Ќерка на дланки немаше ништо, на стапала имаше ситни точки, не се рапави. На градите и пеленска регија имаше повеќе. И околу устата имаше 2 точки. Кај пелената најлошо беше, рани и се направија ама многу брзо помина. Минатата недела се исфрли, денес е веќе чиста. Ние третиравме само кај пелената заради раните инаку ништо. Докторката ни кажа ако се чеша, пошто чешале тие да и дадам сируп за алергија ама не препрашав ни каков ни колку оти не се чешаше
Или пулмо или пробај закажи кај Благица Манчева во Букурешт. Таа е детски пулмоалерголог и прават проверка на респираторен панел.