Не сум имала потреба до сега да го носам. Вчера бевме, немаше ич гужва. Докторката баш кажа добро што сме отишле, грлото лом за антибиотик одма да почне.
А други симптоми имаше? Мојов еве сега татко му го однесе во козле, се жали од вчера многу на грло, а друг симптом никаков ни тт ниту нос. Сега чекаат кс па да видиме што ќе испадне.
Беше топол, ама на топломер 37.2. Др ништо, не тече нос, не кашла . Само кажуваше со плачење, ме боли устата (3ипол г има) и сакаше да јаде гладен, а не можеше. Ќе касне и плаче. Добро што сте отишле, очигледно одеднаш почнувало ова стреп грло.
Мајки, дали сте давале сируп Лекоклар (антибиотик)? Како ви реагирале децава? Многу горчи, грозен му е многу, малиов ич не ми го сака, прв сируп што нејќе да го пие, денес му е трет ден, а два пати ми поврати после него и течна столица ми има од вчера. Сега читам во упатствово, дел од нус појавите се тие. Секако матичниот утре ќе го барам за да му го смени, ама ме интересира искуства дали имате.
Да, ужасен е, го пробав и јас. Пиеше синко за воспаление на уво, прво тој па трицеф. Реакции на овие два антибиотика немал.
4 дена детето ми е со температура, крајниците му се отечени, обично стално после 2 дози од антибиотик му се стабилизира температурата, а бил и повеќе болен од ова, ме чуди веќе 3 дена нема никакво подобрување. Обично Макропен пие, ама дефицитарен бил сега и овој ни го дадоа, ко демек подобар, ама изгледа не му делува. Се премачи.
Не знам што да кажам, можеби и вирусче некое закачил. Ама би требало на трет ден да се смири, ако не порано. И јас кога сум била болна на трет ден веќе поминувало, а потоа нели си пиеш антибиотик до крај да се уништи секоја бактерија. Син ми неколку пати има пиено антибиотик, здраво дете е генерално. Од панцеф доби утрикарија. Тогаш кога имаше хемофилус во нос испи доза цефалексин, не помогна па добри запаление на уво, и тогаш орл даде лекоклар па трицеф едно по друго.
Да пробаш во монте да му го ставиш, нашата матична таква идеа ни даде кога требаше да пие малиот. Таа порано работеше во болницата таму така го давале. И пробиотик обавезно заради столицата ако не даваш..
Ама не е толку проблем вкусот. Го пие и одма сокче, чајче ќе се напие и му поминува вкусот во устето, работата е што два пати ми го поврати, ама после некои 5 минути да речам и плус уште еднаш после 20тина минути. Пробиотик давам, ама сега се чувме со матичната ни рече некој друг незнам како се викаше (го запиша мм) со вкус на банана, ама морало на приватно, немало да ни дадат рецепт, поскапо ќе не фател,да сме почекале 5 дена од рецепта. Неможам да почекам, зошто ноќеска 39.9 ми имаше температура, премачен е 5та ноќ со ред, ова не е случено до сега, а не е толку болен. @MilaSs12 Прашав мајки од други деца во градинка, имало некое вирусче, ама 2/3 дена температура и се смирува. Кај син ми е проблем што одма чим се разболи, крајниците му отекуваат. Ќе го земе мм тој другиот сега, па ќе видиме. Иначе да, го пие цел антибиотик, ама температура претежно нема веќе најкасно од третиот ден. Фала ви на одговорите.
Ајде дјабоже да помине брзо, на малиот му имаа дадено лекоклар ама не го пиеше и тоа малку што ќе го голтне повраќаше му сменија со Панцеф после прва доза за 24ч орекина да качува температура. Имаше бронхит
Се надевам. Па и кај мојов така делуваат, шо се вика после прва доза одма живнува, ми е жал да го гледам 4 дена се мачи. До сега полуоздравен ќе беше да не сменев антибиотик.