Како чистат затнато уво на деца? Мислам на чеп од церумен, се обидовме дома со маслен спреј за уво, до сега се чистеше ама сега не и чекаме термин за на болница да го исчистат. Ме прашува синот како ќе му го чистат, се плаши и плаче уште од сега, а немам искуство за да му кажам. Гледавме некои видеа и уште толку го исплашив дали е болно и непријатно?
За дете немам искуство, ама мене кога ми го чистеше, со шприц беше. Му кажав дека имам чувство како да ми зујат рој оси. Кога го извади шприцот, рече не рој, ти цело осило си имала Мене после чистењето ми беше многу непријатно. Пресилни звуци, осетливо уво на најтивкиот шум, аууу страшно беше.
@LaDyDoLl ауу да се спремам значи долго ти беше така? Ама мора да се исчисти па, почна и да му се затнува од време на време, не слуша убаво.
Сестра ми од мала е со воспаленија на уво, нонстоп и ги чистеа. Она едвај чекаше да оди Дали дека стално затнати и беа, па убаво се осеќаше после тоа ама со песна си идеше. Инаку колку што памтам со шприц под притисок, цели топки и вадеа. Се надевам те охрабрив, пиши како ќе поминете
За деца не знам ама за возрасни со таков метален голем шприц, малце поднавалена главата и под притисок со топла вода, чуда излагаат, ништо страшно, може малце непријатно чувство
Со шприц голем метален е и за деца. Ние имавме обид за чистење, полни му се ушите маст, ама неуспешен беше обидот. Тоа урлање, претање, немаше шанса
Не знам колкаво е детето, јас прв пат на 12-13 години бев за чистење и беше како што пишаа и другите со метален шприц и со вода во увото. Малку непријатно чувство. После тоа како поосетливо на звуци неколку часа и баш како полно со вода го осеќав. Знам дека дома ме натераа да лежам на таа страна и истече вишокот на вода.
Следен пат за церумен само хидроген, од 2 капки проаѓа. Нас на орл ни кажаа, не мора да доаѓате да се изложувате, 2 капки хидроген за рани, нека поврие и собери си чепкалка, а уште поарно да легне врз пешкир и само ќе истече. И мене така ми правеа како мала.
Батко со тт, ладни раце и нозе, вжарена глава и кашла. Му дадов пола парацетамол, се испоти и подобар е. Мене на вирус ми личи, мм запнал не прехлада е вчера бевме на гости без јакна, ја заборавил, нормално јас бев крива оти чувај боже да земе нешто татково да понесе, грев ќе го фати. Како да разликувам вирус од прехлада, мене од ладно досега не ми се десило да се разболам, ама ете они а падне дожд и тт под 25 степени мртви болни се сите.
Мене доктор одамна ми рече од ладно не се разболува. Кога ќе не фати дожд, снег, ветерче и ќе премрзнеме тогаш паѓа имунитетот, а вирусите се шират и размножуваат на ладно, така да вирусче некое е.
Абе јас тоа го знам, ама на постариве и на мм не можам да им објаснам. А не беше којзнае колку ладно, повеќе можам да речам дожд го фати а тоа не беше моја кривица јер јас не го однесов на дожд на фудбал, он го однесе. На крај на денот па и не е битно кој е крив, битно детето да не страда. Еве го пак крена утрово, дадов пола парацетамол, ќе се препоти и ќе му биде поарно. Мислев нема да го носам на лекар ама сега станав кашла со шлајм, ќе си оди изгледа уште у 8 ќе се нацрта кај Паскалови.
На мојот кај Др Мери му чистеа уши на 3 годишна возраст. Нит проплака нит ништо. Се жалеше дека е непријатно ама ништо страшно. Е да не сака пак да му ги чистат и затоа сега редовно прскаме спреј Ото Оливе Оил (по препоарак на ОРЛ), ама не беше ништо трауматично. И мене ми чисета сега пред неколку месеци и не е ништо страшно. Малку е непријатно додека тече топлата вода во увото ама не е страшно. @AngelOfArh само кај на се настинува од ладно. На сите друг места во светот настинката е од вируси. Така што ич да не ти гајле кој што вика. А и на маж така објасни му. Или е вирус или ја закачил таа Стрептококата што кружи по школи и градинки. Се надевам брзо ќе му биде подобро.
А стрептококата ја поминавме... ова некој вирус ќе е, синоќа кашлаше и се смири. Уствари најдов еден спреј, многу добар и делотворен, Лизобакт, престана да кашла од 2 прскања. Мислам дека немаше секрет доле туку горе, од кашлање и се иритира, шо знам.
Моето дете е старо 2 години. Од јануари е затнато во носот а немаше секрет. Дишеше на уста. Во меѓу време имаше и пневмонија па стрептокока пиеше антибиотик до петокот. Носот не се одзатна. Тестирано на алергии- негативно. Крајник 50% зголемен. Барам упат за уво нос и грло не ми даваат ддмек сравсј кспки за нос.....ќе пуштело од антибиотиците.....итн. Е сега...завчера гледам носето како да ѕиркаат мрсулчиња и се изнервирав. До петокот на антибиотик а сега си велсм пак е настината. Вчера ми дадоа спреј за алергии антихистамин и сируп лоратадин. Денес носето и течи бајги и тоа како мслку жолтениксво и заматено. Дали е тоа нормално кога се користи терапија за алергии или пак е настинка? Таква терапија ми дадојс демек може е алергично на некој полен на кој не била пример тестирана.
Toa sto go pisuvate e dosta seriozno za dete od 2 godini i zatnat nos e najmal problem, zasto pie antibiotik sega ne ve razbiram?
Ne e virus. I sin mi isto neznam koj den so 40. Crp e visoko bajagi znaci bakterija nekoja. Moze i streptokokata koj znae veke preterano e ova.