Не дадов антипиретик, туку откако и измерив, одма ја однесов на лекар зашто ноќта е пред нас и ми е страв што ќи биде.
е да,тогаш се извинувам. Ноќта со деца е секогаш најтешка. Ако сметаш дека нема симптоми ете и тт нема висока пробај со пастили има во вид на лижавчиња за деца,спреј од прополис ако не е многу воспалено грлото. Не мора се да се лечи со антибиотик,секако ако сметаш дека е во полесна форма состојбата во која се наоѓа
Само што го фрлив сирупот, ама нас матичен ни одреди според причината, т.е различно се пие ко ќе има вирус или бактерија во моментот или не. Моето е 17 кг скоро, првата доза беше со грип, 2 пати по 8 мл му давав, па втората и третата доза ко беше здрав два пати по 4 мл. Не е наведено мислам во упатството по килажа туку за возраст и пишува од 2-3 пати колку препорачано милилитри.
Мајки малата ми качи тт 38(веројатно како реакција од вакцината) дали ако качи над 38.5 да и дадам Далерон? Дали смее?
Мајка не ме сфаќај погрешно ама детето не може имунитет да стекне од тие антибиотици. До вчера ми се чини бевте на антибиотик, а поправи ме ако грешам ама и од нова година навака сигурно 5-6 0пати имате пиено антибиотик. Големка е веќе твојата, според мене не мора за секое црвено грло, покачена температура или закашлување да се дава веднаш антибиотик. Мора малку да се остави организмот да јакне, да се изборува сам, тоа што крева Т е дел од имуниот одговор, телото тогаш произведува леукоцити кои ќе се изборат со страното тело. Пред 1 недела и моите и двајцата кашлаа многу (ќерка ми е 1 месец), крчкаа и на гради, па не добија антибиотик, туку ги инхалирав со дексаметазон и сега се подобри. Антибиотик се дава за посериозни состојби, воспаленија, бронхит, гнојна ангина.... Не знам како реагирала претходно ќерка ти, дали и се осетливи крајниците или досега имала гнојна ангина па толку брзо превентивно и даваат антибиотик? Се жали ли на болка во грлото, дали одбива храна или да не може да голта? Во тој случај да разберам зошто, ама за Т 37.4, затнато носе и малку црвено грло не можам да разберам. Носот испирај и го со шприц со физиолошки темелно 2 пати во денот, има видеа на youtube како тоа се прави, сè што има во нив ќе излезе. За грлото давај прополис или има лижавчиња за таа намена. И ако не даваш досега нешто за имунитет земи од овие сирупиве што ги препорачуваат, дефендил ли, изопринозин ли, јас немам искуство со нив, ама консултирај се со доктор, бидејќи пречесто се разболува.
Антибиотик се дава кога постои бактериска инфекција. Не би требало да се даваат во случај на вирус или настинка. Од пречесто давање антибиотик не само црн дроб и цревна флора што се испореметуваат, туку и бактериите стануваат резистентни. @Black girl како што кажале членките, за температура се дава антипиретик и тоа ако е температурата повисока од 38. За давање антибиотик би требало да имате некаква крвна анализа (веројатно црп) која ќе посочи дали има или не бактериска инфекција.
Се сложувам за антибиотикот, нема потреба превентивно да се дава. Ама и инхалациите со дексаметазон не се така наивни, јас не знам како така лесно ги препорачуваат во последно време, па не е физиолошки раствор. Јас верувам дека по препорака од доктор си ги инхалирала. Ама генерално, јас мислам дека дексаметазон треба да биде краен избор, кога ништо друго не помага. Оти кортикостероидите не се така наивни лекови. Матичнава на децава ми спомна за такви инхалации кога малово имаше вирусен ларингит, ама не го стави прво на листа, туку како крајна опција.
Се сложувам и за кортикостероидите, не се наивни лекови воопшто, ама сепак делуваат повеќе локално отколку антибиотиците чија употреба го афектира целиот организам. Секако дека давав по препорака на педијатар зашто и двајцата имаа спуштено на гради. Бебето го инхалирав 2 дена, баткото 3. Не ги користиме и ние често, немој да ме сфатите погрешно, со синко дали 3-4 пати за инхалација само од како е роден, зборот ми беше дека доколку ситуацијата не е многу влошена може да се проба само со поблаг третман прво, па после со антибиотик.
Знам нас ни е за на стоматолог работава меѓутоа не фаќа некогаш хитно да ми треба нешто а освен далерон ,парацетамол и блогмакс сирупиве ми рекоа ништо друго да не давам. Баш ке пробам од заболекс капкиве ,се мислев за тие ама не бев сигурна . Фала многу
Ona pred tri dena imase tt, i znaci tri dena nemase i vcera mi bese zeska i izmeriv 37 so 4,zatoa se isplasiv da ne kacuva pak nokje i ja odnesov. Uste ne sum go dala antibiotikot, stavam sinomarin, cistam so pumpicata i eve pak krci. Za so shpric kako? I kolku dena moze da trae ova so zatnat nos?