Цел викенд? Добро е да е еднаш само. Мојата од лани фаќа, тамам ќе ја исчистам, кога ќе појде, пак ќе фати. Не сакав да пишувам јавно не знам ни јас зошто, ај да речам од срам. Затоа преку негователката. Знам дека е од градинка зашто кога не одеше шест месеци, немаше.
Јас културно ги известив дека 100% е од градинка затоа што сме немале друг контакт. Дури и на колешките им кажав да се проверат Среќа имаме светли коси и брзо се исчистивме. Ама плачев кога ги видов вошките. А тоа да имало пандемија од вошки во групата, па си ќутат. Безобразни
После саат и пол од ибупрофен спушти После пола саат откако спушти пак има 38 Што да правам??? На два саати крева тт
Разлади со млак туш по тело, нека седи порасоблечено, сенф на нозете, ладни пијалоци,(не мраз ладно ама сепак така поладно од собна температура) да пие, кисело млекце или гогурт може исто од фрижидер ќе разлади малку и ќе освежи.
Синко има цел ден температура до 38.8 даваме сирупи блокмакс и далерон наизменично на 4 часа. Веќе имаше поминато 5 часа од последна доза. Качи 38.3 па решив да го истуширам. фатална грешка!! Почна да се тресе и измерив 39.3.. одма дадов Блокмакс и почнав со ракија да ставам крпи. Пребледе, лежеше и бладаше. Многу многу се преплашив. Сеа го раздвижив, почна да игра. Малку се симна околу 38.7 е... помагајте.. не знам како ќе биде вечерва. Што да правам ? Со доктор се слушнав, вика да не се плашиме, да оставиме сирупот да делува..
И јас никогаш повеќе... еве сеа симнува полека накај 38.. ама вечерва ќе нема сон... ќе дежураме.. не знам стварно.. се плашам
Здраво, оваа недела имаме закажано операција на крајници. За жал детето е настинато, затнат нос и кашлање. Дали при ваква состојба ќе се направи операцијата или детето треба да биде скрос здраво? Ве молам за искуства
Дали имате проверувано средно уво, каде и како оди процедурата/прегледот? Синко голем вчера не извади од памет, едните велат менингитис, другите дехидриран ама параметрите не се за дехидриран, он повраќа се што ќе внесе, има главоболка и не трпи светлина. Не знам искрено што излезе на крај. На клиника велат вироза, ама ако е вироза нема ли и нас да не фати, сите дома сме со нарушен имунитет, бебе е со воспалени уши, тато настинат, јас така така, баба му дијабетичар да дувне на Шара настинува, тетка му бетер, ова од луѓе со кои се дружел деновиве, да не зборам за класот и другарите од класот, се дружеа во петокот на екскурзија. Не знам што да речам искрено. Исплашена сум ептен, памет немам во главата, од сите работи кои ми текнуваат најлогично е да е средно уво зошто го стрефија 2 пати по ред воспалени уши и него. Утре секако ќе одиме на лекар, ама сега ми е маката да дознаам што е.
Не знам што да ти кажам. Сум немала проблем до сега. Немам искуство, но на одделение за уво/нос/грло би требало да имаат апаратура да проверат. Ако е бил претходно болен можно е да има воспаление или пак ако пиел некој антибиотик. Сестра ми имаше болка во уво, со капки ја среди. Не дознавме точно како и што. Немаше кој да ја прегледа. Ама она е 22 год. Не знам колкаво е детето? Дали може да ја опише болката? Не е играчка секако. Не би сакала да те плашам, меѓутоа двајца знам што се жалеле од уво, на крај излегло нешто многу поразлично. Не се замараат веќе ни доктори ни никој. Ако имаш можност оди во приватна клиника за преглед и совет.
Сеуште ли повраќа? Како да прочитав у друга тема дека се смирило повраќањето. Ако не е смирено да видиш до инфективна клиника да го прегледаат, таму може се постручни за тие болести и стомачни и менингит
Не го боли уво него, не е тоа изворот. Реагира на болка во уши ама не го боли уво. Се смири. На клиника велат не е менингитис сигурно, денес не повраќа, подобар е. Абе јас знам колку е сериозна, тоа е работата.
@AngelOfArh не е менингитис. Менингитис е страшно, имам видено.. Меѓутоа штом не знаете што е точно, консултација со матичниот, нека каже кај да отидете. Какво време дојде.. сами докторки ќе стануваме.. Барај си второ трето мислење.. јас немам доверба веќе во ниеден доктор. Освен матичниот. Али и неговото знаење има граници, не е специјалист.
Тоа е, на среќа дијагнозата која ни го превртев светот не е точна, но не ни кажаа но што точно е. Не можам да речам само абе ништо страшно, онака поврати... Еве го денес уште не е ок, му се спие и му смета светлото уште.
Istite simptomi, vrtoglavica, povrakjane, smetanje svetlina, smetanje odreden zvuk itn imav jas, bese srednoto uvo. Mozes da proveris na klinika so upat ili privatno kaj dr. Meri, toplo ja preporacuvam.