Јас мислам да го однесеш на итна чим се појавуваат нови, да не го мислиш вечерва па во ниедно време да се малтретирате.
Lici na alergija, nosi go na lekar ne cekaj. Ke ve bocnat so urbazon ili antihistamin ke vi dadat. I preispitaj se nesto novo dali ima jadeno i slicno.
Фала ви на сите. Го донесовме на лекар, чекаме да го проверат. Освен во градинка ако јадел нешто ново, дома само што си дојдовме почнаа да излегуваат, ништо не јадеше. Ќе прашам утре. Упорно и упорно изглегуваат нови, старите се повлекуваат, ама новите се поголеми и поголеми се.
Еве читајќи ве ,заклучив дека аптекарката па го растворила со повеке вода,така да проверувајте и од аптека.уште ми вика може вие сте додале вода
Мајки молам за одговор доколку имате слично искудтво. детево има тт веќе 10 дена, симнува со блокмакс па пак си качува, првите неколку дена поретко качуваше , с сега по често и тоа до 40.. носено на др. 3 пати уредни брисеви од нос и грло, уредна крвна слика, седимент 82… ништо не му дадија, не кашла, нема пролив, не повраќа притоа јаде пие и игра.. но, веќе е загрижувачко
Ќерка ми (6 години има) качи температура 38.3, но се пожали и на стомак. Дали е од температурата тоа или?
Здраво мајки, дали некоја има искуство со пролив кај дете и осетлив стомак после антибиотик? На амоксиклав беше 10 дена, 2 дена од прекинување почна со пролив, по 1-2 пати на ден. Се консултирав со матичната и со уште една др двете ми го рекоа истото - последица од ант и вирусот што го поминала. Да напоменам дека пробиотик и давам редовно. Некој искуство со ова и колку време трае? Еднавс др ми вика диета 2 недели само компир, ориз, леб , матичнава ми вика нека ди јаде како што јадела до сега. Е сега не знам што да правам, 3 дена е на леб и ориз. Еве денес цел ден немаше ништо, прашав дали може јајце , ми рече др може, и напрсвив да јаде и откако изеде ми вика меше ме боли..
Моето имаше стомачен вирус, со не многу честа дијареа 3-4 пати во текот на денот. Десетина дена беа потребни да се регулира столицата при исхрана со диета за стомачен. Се подобри после 4-5 пролајф ампули,му дадов вкупно 7. Да не ви е слаб пробиотикот?
Здраво. Тогаш беше најдолго со температура болен, цела недела го држеше. Помина без антибиотик дека според докторите беше инфлуенца б, тој бран кружеше. Го лекував симптоматски со бруфен, пиеше една недела дури и кога немаше темп му давав за болки зашто жално беше за гледање, дете не можеше да оди. Се надевам дека поминало во меѓувреме и кај вас!
Сменив и пробиотик, дуобиотик ми рече матичната по една капсула дневно (ја растварам во вода) , од вчера го давам тој...
Ти благодарам многу. Поминало... За жал кај нас не помина. Со тт сеуште е. Парацетамол и бруфен комбинирано. Исто заради ноџињата давам и кога нема тт. Друго не прима ништо бидејќи вчера кс и беше Супер. Плус од утрово се жали на болки во грлото и цела уста и се нафрли со афти. Го чекаме резултатот од брисот од нос и уста за терапија. Знам дека од вчера е готов, ама не е пуштен сеуште. Се јавив во микробиологија замолив, ми спиштија слушалка.
Проверете и АСО вредности преку крв. Ако има афти и грлото и е лом, стреп А има најверојатно. Се пие оспен или панцеф и ќе помине
Провете уринокултура и одете пак на доктор. Детето има некое жариште чим има таква температура и висока седиментација.
Ти благодарам од срце. Утре ќе ја носам за асо крв да испитаме. Вечерва ептен се исфрла со афти, ништо не може да касне. Душа ме боли. И на грлото се жали. Еве ја во раце ќемка.
@Presrekna големиот често фаќаше афти. Најчесто беше поради што ставаше во уста нечисти раце. Користевме спреј со прополис и витамин б комплекс.
Па ги дехидрира температурата. Знам син ми кога последно беше вака со тт. Се држеше за стомак и се слушаше како грчеви. Два пати ептен течна воденеста столица испушти и му помина. Амоксиклав х2 ако било може. Тој има клавуланска киселина. Секогаш кога пиел син ми имал пролив неколку дена.
На малата и излегуваат четворки заби, 2 дена е со тт до 38,5,цело време е со прстиња во уста, други симптоми никакви нема. Од денеска има ситно исипано околу вратчето и на грб и меше горен дел. Дали исипаното може да е последица од тт, гледав слики на нет, не личи дека е розеола, ептен ситно исипана е и не толку многу? Да ја носам само за тоа на лекар или не, тт веќе нема?