Мајки вр молам за помош се извадив малку од памет Синми имат 2 години и 6 месеци денеска цел ден бил со повраќање свекрвами го однесе на доктор матичниот им рекол вирус е електолити да пиет и плус то им дал сирупче еглонил 2 пати по 2,5мл и таа му дала сега го читам упаството пишит дека се дават за деца со аутизам и сега ср извадив од памет зошто му е препишан тој сируп
Еглонил е за желудник, јас сум пиела таблети, не се секирај. Тоа што деца со аутизам го пијат може е за некоја состојба која ја имаат децата што се во спектарот.
Тој го даваат и за смирување на желудник , но најдобро прашај го директно матичниот од кои причини е препишан.
Дали има некој вирус? Малиов 2 и 11м е со тт до 40 оди до вчера и повраќаше се жалеше и на мешето Денес крвна слика океј малку подкачени леукоцити,ехо на меше уредно, урина чиста. Др вика дека е некој вирус ама дете изгоре од тт на секој 3-4ч качува и брзо се качува тт.. Од парацетамол не се спушта воопшто од блокмакс само се спушта,што да правам незнам веќе
Има сешто, многу болни деца познавам. Од утре веќе би требало да биде подобро, провери дали даваш добри дози од сирупите.
Здраво мајки, ве молам препорачајте ми добар приватен пулмолог за детево да го однесам на преглед, каде што не се чека многу за термин. Не ми се носи козле, дека има многу болни дечиња моментално, а нашево не е нешто акутно со темп туку веќе хронична кашлица што сакам да ја испитам. Фала!
Син ми пројде, ваљда беше вирус, повраќање страшно, главоболка и тт ама ниска беше. Исто леукоцити покачени, се жалеше на болка во меше исто. И црп имаше качено он. Нас лошо не исплашија, ама очигледно е ете вирус.
Ние сме 2 и 6м исто така изгоревме од темп до 40,4 одеше, еднаш само повративме, кс беше ок. Се траеше еден ден од следниот како ништо да не било.
Фала за препораката. Баш пребарував овде на темава и многу пишале за докторкава Искра. Јас се јавив веќе во Систина и закажав кај Обочки ама гледам овде поделени мислења, па можеби ќе презакажам кај Искра
Јас често го носам на дежурен во Систина зашто стално е болен за викенд или празник ама искрено ич не сум задоволна од услугата, а прескапо е. Со Обочки немам искуство, секогаш Искра ми е прв избор, многу внимание посветува.
Ili Obocki ili Iskra,i dvete se dobri, i so dvete imam super iskustvo, konkretno za sostojba na bronhit (sme imale dva pati dosega) od Obocki sum prezadovolna.
Да апдејтирам. Брисевите од нос и грло се негативни исто и асо тестот. Вирусна инфекција која заврши со ситен осип на телото кој не ја чешаше. За афтите ставав нистатин, прополис, проафтол, метиленско плаво 1% и поголема доза на Б комплекс. Денес веќе е добра, јаде, пие. Инаку многу тешко помина со афтите, посебно ноќе со многу плачење. Повеќе не крена тт, а и на зглобовите не се пожали. Од врчерва синот е со 38.6 тт и болки по телото и зглобовите. Вирусов безмилосен е.
Од петокот до 39, вчера до 38 од нокеска нема, ќе видиме денот што ќе донесе. Исто само температура мислам и грло дека го болеше беше зацрвенето му беше, ама нешто посебно не се пожали
Па исто грлото му го видов, црвено е, од време на време се жали... ајде да пројдр вака со 3 дена само..
Еве го денес јаде весел е , дајбоже да остане така. И дај боже кај вас да помине исто вака лесно, течности многу, витамини јас и виранто дадов уште во петокот.
Ќерката 2 недели е со блага темература ( околу 37,2-3) Утре секако ќе ја носам кај докторката. Имаше бактерија во носот пред две ндели и локално ја третиравме, изгледа не е излечена. Прашањето ми е дали од жешко може да качуват темература?