Аман со овие разболувањава аман...искуство за стрептокока во грло? нзн точно која, сега ќе одам кај матична да видам што ќе ми препише и да ја видам која е... Пред 3 недели изгоре 3 дена од температура друго ништо освен мрсули немаше, правевме брз тест за стрептокакока негативен беше, ама на крај почна да се тегни чудно за ушиња и испадна инфекција на уше...прилично лесно помина, само што почна антибиотик температурата ја снема..после тоа допивање на антибиотик го држев дома уште една недела па тргна во градинка пак 4 ебани дена...4 и пак температура...матична вика вирус ама инсистирав на брисеви (буквално ја натерав упут да ми даде ) зошто од првиот пат тој кога се разболи и јас се разболев и не можев никако да оздравам...и реков мора да правиме и двајцата брисеви зошто еден да има бактерија цело време ќе се подаваме..и ете интуицијата ми била во право...аман веќе извинете јас си се испукав ама веќе стварно нзн што да правам...ќе фрлам и сирупи за имунитет и се..ништо не помага
Тој вирус што го спомнувате со осип, каков е осипот ако може некоја да ми каже? Дали е нешто вакво како на сликата, на допир е мазно или сепак е алергија? Вчера му дадов жолчка ама му давав и претходната недела и немаше ништо. Инаку, само на десниот образ има и под увото, сликата е малку лоша. Спојлер
Што кружи периодов? Вчера заспа,се разбуди после 2 часа со хистерично плачење и се пожали на болка на челцето. Меревме тт немаше,му дадовме пола доза далерон и заспа до 5. Повторно се разбуди со плачење,се жалеше на болка во стомак,се закашла и поврати малку шлаем. Утрото пак се жалеше на болка на чело и во стомак, качи тт ,незначителна 37.1/2. Го носев на преглед, нема ништо на гради,очи,уста,грло,плуќа уредно се. Освен стомачето малку подуено,неиспразнето. Докторката се чудеше вика стварно нема ништо за да ви дадам било каква терапија. Препорача инхалации со физиолошки, електролити, б6 таблета и по потреба далерон/блокмакс. Ако до утре потрае исцрпеноста да направиме и кс со брисеви и црп. Детево омалаксано како воз да го прегазил
Isto skroz eve ja sega ne odi vo gradinka i super e, a trgne 3 dena i bolna, sekogas gnojna angina, po nea i jas fakam. Ni sirupi ni nisto ne pomaga, neznam sto da se pravi...
Колку време оди в градинка твоето? Не знам петок сме на контрола ќе каже ама прв пат вака 5дена антиб 57црп
николку ели, од март навака...пред три месеци почна, досега вкупно 1 месец не му се собрало одење...во последниве три месеци има пиено префикс, зинат и сега оспен..се отрувме
Моево од септември до нова година не знам ни сама што се пропи детево, од нова година навака ко да се стиша, за 6месеци ова му е трет антиб што за нас е премија така да не се разочарувај биди упорна белки ќе се средат дечињава и ќе фатат еден континуитет
Ваков е осипот, мазен. Спојлер Висока температура, цели исфрлани по тело. Други симптоми не. Правевме и брисеви, уринокултура, кс со црп, се чисто, си покажува кс дека е вирус. Кога заврши тт, омалаксани беа уште 2 дена и почна да се повлекува осипот. Нека помине побрзо.
Мајки, се работи за внука ми. Имате искуство со зголемено AST и ALT кај 5 ипол годишно дете? Дали е можно да се покачени ензимите при употреба на Nogrippin сируп?
Ова нешто како кафетин е? Ако има парацетамол може да се покачат од него, најчесто и од тоа се покачени. Сега на син ми му испитуваа аст после многу разболувања и лекови.
Личи на ова ама ме чуди дека е само на едно место и помина за два саати Што знам. Инаку исто висока температура ама плус носето почна да тече, да кашла… ај да не го носам одма денеска си реков утре најдобро, уф аман веќе. Амоксиклавот скоро го заврши, не ни бега панцеф или сумамед ако е недолечено