Колку дена од пиење антибиотик би требало да ја намали температурата. Има стрептокока на грло. Го пие антибиотикот веќе трети ден, а сеуште има блага температура 37 со нешто. И дали да и давам парацетамол при таква темератуа бидејќи е подолго време…
Кај девојчето не се отечени жлездите, двајца доктори ја гледаа. Главоболки имаше, кашлица, благо покачена температура и зголемени крајници без гној. Утре ќе одиме и на второ мислење во Плодност. Тука во нашиот град во државната многу не испаничија. За малиот ќе почекам со испитувања, доколку има некој симптом ќе паничам. Фала ви
Иста дијагноза само имаме повисока температура и многу кашламе...денес трет ден од антибиотик, 6 ден од прво кревање температура...денес немаше температура ама вчера попладне преку 38 имаше...се откорна од кашлање веќе 5 дена...утре го носам на матичен да го види, ако не, нека ни менува антибиотик...се изнамачи детево
Ќе потрае особено ако е пнеумоние. Кај мојот само таа бактерија се одрази со 40 темп 2 дена и после тоа пополека спушташе добри 2 недели имаше 37 темп само трицеф го спаси. Ако ептен ти е кенкаво детето дај блок макс да му ги олабави мускулите. И ако му помага блок макс или било која фирма на ибупрофен сируп давај прво тоа па после тоа парацетамол. И да можно е подолг период да кашла али не е страшно.
Телото се бори со бактерија нормално е, ќе спадне за некој ден. Доколку и со испиен антибиотик сеуште има темп носи на лекар да проверите.
Мајки, малава сабајле дури бев на работа имала дијареа, па дури сега, температура од сабајлево има, најмногу до 37.8. Вака свежо делува, си игра, ама од вчера послабо јаде, а денеска послабо и пие течности. Да дадам електролит?
И тоа и тоа или едно од нив? И дали Хидротон Нео одговара за 2 години возраст? За малава сум немала потреба до сега да користам електролити, колку време може да се употребува откако ќе се раствори?
И двете да ги дадеш. Пробиотикот за да се регулира столицата,електролитите да не дехидрира од дијареа. Јас на мојот му давам орс од алвоген електролити. Растворени да стојат во фрижидер може 24часа.
До вчера, син ми имаше 3 дена температура до 39.5 максимум, со затнат нос, без други симптоми. Денес ми се исипа цел на телото, секаде освен лице, дланки и стапала со ситни црвени точки-претоставувам од температурата е. Дали го третирате некако осипот со оглед на тоа дека не чеша, не му смета никако? Колку дена ќе го држи и кога ги пуштате во градинка после ваков осип? Никако не можиме да тргнеме.
Odete na vtoro mislenje i napravete pak testovi. Glaven simptom se poteceni zlezdi na vratot. I da ima ne e strasno lesno pominuva.
Мајка што симптоми имаат малите, како откривте дека е бронхит? Ви дадоа ли нешто терапија според наодот на ренген?
Здраво, да прашам малото 3г синоќа имаше потечна, лигава столица со парчиња, и еве утрово пак. Не е класично пролив да ептен течно да го упива пелената ама не е ни нормално, а претходниот пат кога имаше проблеми со мешето исто вака почна па продолжи со 15 столици на ден. Што можам да дадам вака на почеток да му се смири стомачето?